Мислам дека само со операција да се извади,а да се излечи тешко. Ова е мое мислење а ако има некој постручен за ова нека каже.
Зависи од забот. Најчесто не се лекува зошто е многу тешко, но може да се проба. Сепак во оваа моментална состојба, нема шанси тоа да ти го направат во дежурните служби.
Оф леле ексик од страв за 1 заб да извадам ми требаја 2 месеци за да одам а па за операција на умник и што се не прочитав за нив е у пм..
Леле ќути ја требаше два здрави заби да си вадам,се изнакркав стресови така убаво..... А за умници сепак со анестезија ќе биде нема толку да осетиш како што мислиш.
Те успиваат за операција на умник или ти ставаат локална како за другите заби Ех да ме израдва утре докторката да ми речи дека ќе можи да се лечи..
Немам болка кога мие устата отворена дс не се допираат забите но кога јадам и ја затворам устата и допира умникот со горен заб осеќам болка..ќе видам утре што ќе ме израдва докторката..сепак тханкју на 2те што ми пишавте за одговор
Кога ќе ја затворам устата и кога ќе го допрам забот имам како некоја напнатост во забот , поинаку го чуствувам од другите заби. Се плашам да не е расипан . Што може да е причината
Не можам да најдам соодветна тема за ова, ако не ми е на место прашањето, за каде сум кажувајте Ми треба препорака за добри интердентални четкички. Забарката ми рече обавезно да ги користам зашто тоа ми е најголем проблем у принцип, ми се заглавува храна во долниот дел измеѓу забите и ми прави проблем. И сето тоа е супер, ама јас еве две години не можам да си најдам соодветни четкички. Работата е што мене забите ми се доста споени и сите четкички прво едвај ми влегуваат, второ одма ми се искривуваат, ни два заба не можам да поминам. Имам пробано два различни типа од ДМ,со жичка и влакненца, имам пробано и некои како пластични со пластични како влакненца, ништо. У принцип морам да земам од најтенките зашто иначе нема да влезат ама не се доволно цврси. Пробав прво со забен конец ко да подотворам па после со четкичка ништо. Ако има некој искуство/совет искрено би ве замолила, пс. сега сфаќам колку е сексуален постов, не беше тоа намерата
Во случај каде и најмалата четкичка не влегува, треба да користиш забен конец. Ако форсираш со четкичката, може и полошо да направиш.
Дали е тоа доволно? Мислам прашувам зашто забарката баш инсистираше да биде четкичка зашто нели со конец било по ограничено чистењето, со четкичка поголема површина се опфаќа? Може малку да ми е глупаво прашањето, ама доста луѓе ми имаат кажано демек конецот не е толку ефикасен како четкичката, затоа упорно барам четкички кои би биле функционални.
Ако имаш џеб, со четката подобро се чисти. Ако наслагите се 1-2 мм под непцето, со правилна техника многу добро може да се исчисти со забен конец. Ако не можеш да ја ставиш најмалата четка меѓу забите, претпоставувам дека немаш џеб и затоа би требало и со конец да завршиш работа, секако ако правилно го користиш.
Конкретно овие ги имаш пробано? Мене конец не ми влегува меѓу забите, ама овие да. Добро, со конецот не форсирам многу, оти се плашам да не навлезе подлабоко ако пресилно го стиснам.
И овие, и вакви како на сликава долу, каде што четкичката е пластична. И на Cureprox ги имам пробано, ми рекоа демек биле поквалитетни исто. Помеѓу предните заби може и да поминат некако ама помеѓу задните (каде што и повеќе е потребно да обрнам внимание никако). Дури и да влезе некако меѓу два заба потоа е извиткана и измачена, нема шанси да може да се искористи пак. Забарка ми рече дека во принцип можам да користам една четкичка додека не се извитка, секако со плакнење со топла вода измеѓу секое користење меѓу два заба, ама јас ни еднаш не можам да ги поминам.
Тие што ги ставив јас и треба да се виткаат. Нема да се скршат или оштетат. Јас намерно ги виткам под агол од 90 степени за бочните заби. Ако воопшто не влегуваат, тогаш конец ти е опција. Има и уште една фирма со солидни четки, ТеПе се вика, скандинавска е.
Куртулив денес..Едноставно џабе сум кренал паника во Четвртокот после секакви видеа и форуми што гледав и си кладов Стрес...Не било до Умникот туку сум имал Оток колку еден Лешник од Корења до Умникот од претходно распаднат Заб уште пред 10 години..Од долу не сум Видел ништо под Непцето...Не сум ги извадол претходно затоа што сум немал мака па ете му дојде и нив времето после толку време се активирале, направиле процес, оток гној под корења и умник околу местото да боли да корни..5 дена Антибиотици за да се намали отокот, Па денес За 30мин завршена работа се среди, болката ќе помини и Тое то.
Имам проблеми со непцата на забите ,прво ми се воспалија и ми крвареа при миење или некоја потврда храна ,по препорака на стоматолог земав вит.Ц 1гр. ,вигантол капки и правев гаргара со камилица .Меѓутоа сега веќе непцата на некој места на горните 3-4заби ми се ко разјадени поради состојбава не сум во можност да појдам на стоматолог на своја рака ја земав пастата пародонтох со флуор и течност за плакнење за непца што крварат ,искрено почна да ме фаќа паника има ли некој совет или слично искуство да сподели ,заборавив да напомнам бремена сум 8 месец.
Флуорот е отров, подобро не користи ништо што содржи флуор, наместо камилица земи жалфија, јас користам природна паста кога и да ми крварат непцата ставам и така цела ноќ утре немам ништо.