И јас имав сличен проблем. Непцата ми се повлекуваа нагоре само кај мене беше без крварење. Најпрво пробав да им правам масажа на непцата со гел што ми го препорача стоматолог ама немаше некои резултати од ова. Исто така и јас користев пасти за осетливи непца, а и четки со меки влакна. Од пастата немав никакво подобрување само џабе фрлени пари, а четка со меки влакна сѐ уште користам, бидејќи таква четка помалку ги разранува непцата. Друго што ми го направија кога бев на контрола беше темелно чистење на забите и тоа го правев барем еднаш месечно бидејќи присуството на камен или кариес само ја влошува состојбата. Е сега и после сето ова направено состојбата беше подобра, но непцата продолжија да се креваат нагоре па затоа направив и неколку третмани со ласер и тоа навистина ми помогна. Еве во последно време немам забележано дека непцата уште повеќе се повлекле нагоре. Значи, накратко користи си четка со најмеки влакна што може, после состојбава оди на стоматолог на чистење на забите и потоа тој ќе ти каже што и како понатаму. И треба да знаеш дека штом еднаш се повлекло непцето тешко дека некогаш ќе се врати во првобитната состојба.
Флуорот е многу битен за здравјето на забите, а како и се друго е токсично ако се внесува во преголеми количини. Во пастите за заби е мала количината и нема потреба од грижа. Ама дека не треба да се внесува воопшто не е точно.
Флуодот е многу отровен како за забите така и за мозокот , не би да набројувам уште какви штети прави, ама таков отров да се става во уста е страшна помисла и за непца се користи четка со тврди запци, секој кој посетил квалитетен забар ќе се согласи со истото, поздрав.
Очигледно факултетот по стоматологија што го посетував не се води по книгите што си ги читала. Само сакав да не се паничат луѓето непотребно. Иначе имаме флуор во водата во Македонија, па еве гледам сите се отрувме.
Јави се кај матичниот стоматолог за совет или на стоматолошка клиника за интервенција. Има дежурни хирурзи.
Јас ги користам овие 2 гела: Првиот е претежно на база на екстракт од камилица и дава чувство на олеснување откако ќе се нанесе, но помага повеќе доколку конзистентно се користи повеќе денови во комбинација со други работи. Вториот во него има анестезија и тоа е вистинскиот бенефит кој јас го сакам во врска со овој гел, претпоставувам помага и со конзистентно користење повеќе денови. Во меѓувреме, обавезно гаргара со чај од жалфија, неколку пати на ден, на пример после јадење. Прво секако измиј ги забите пред користење на било што. Исто така, доколку до сега не практикуваш, користи Curaprox 5460 четка за заби и Parodontax паста.
Голем проблем имав со воспалени непца, и никаков грл не ми помогна. Сосем малку имав ефект од геловите, кај мене беше проблем што техниката на четкање ми беше погрешна. Четкање колку можеш повеќе во денот, ама провери си ја техниката. И дренажа на забар
Исто и јас што не пробав. Баш се жалев тука. Ама ја сменив четката и начинот на кој се четкам, малку накосено. Ми објасни убаво забар и веќе немам мака.
Јас сега планирам да си ставам коронки. Забите ми се истругани и за три дена ќе одам да си ги ставам коронките. Меѓутоа како што пишав погоре непцата ми се воспалени( малку подуени). Дали тоа ќе биде пречка во процесот на ставање коронки? @Annath @Spidy ?
Не би требало, ама најправилно е да носиш привремени коронки додека да се смири непцето. Во случај да има некаков проблем со тоа како лежат трајните коронки, тоа може да не се приметува сега, а откако ќе ги цементираат не може да се корегира. Сепак зависи од секој индивидуален случај, можеби не е толку лошо, па би можело и сега да се цементираат трајните. Нормално е да се јави воспаление и од самото стругање.
Ти благодарам ама јас не носам привремени. Секако ќе почекам како ќе се одвива ситуацијата и кога ќе отидам повторно на стоматолког ќе ја праша ако треба ќе издржам подолго пред да ми ги стават. Инаку уште едно прашање кога го допирам еднио заб малку ме боли а другите не. Така не ме боли. Дали е можно да не е во ред или е до стругањето.
Дали на место на изгубен заб, имплантот често боли па треба да се одстрани? Забарот ме предупреди дека можно е да не 'се вклопи' убаво, да боли, а не ми се даваат 600 евра за после да треба да го вадам...прашањето ми е колку често се случува тоа, дали можам да направам нешто, мост не сакам никако
Можно е, има некој процент на неуспех како и сите други интервенции. Затоа е битно добро да се процени дали има услови за имплант. Ако коската е здрава, пациентот има добра хигиена и нема други здравствени проблеми, шансата за да не се прифати имплантот е минимална. Ама секогаш има шанса. На маж ми не му се остеинтегрираше имплантот (не се врза за коската) и едноставно мораше да се извади. Никој не може да гарантира успех 100%, ама вреди да се проба.
Луѓе погоре пишував за воспалени непца. Мајка ми даде предлог да ставам кокосово масло додека да одам да земам некој гел. Таа прочитала некаде дека е корисно. Ставив вчера два пати и денес три пати. Непцата повеќе не ми се воспалени. Го пишувам ова со надеж дека ќе му помогне и на некој друг.