Додека не се цементираат нешто може да се корегира, ама зависи колкава промена сакаш да се прави, не може скроз поинакви заби да бидат. Откако ќе се стават во уста веќе ништо не може.
Цел загриз ми е погрешен. Не можам да јадам. Многу ми се напред. А за изглед малку корекција треба затоа што личам на магаре.Освен ако нешто не се како што треба поставени сега.
Толкава промена нема шанси. Ова јас што кажувам е минимално. Можно е да немало услови за подобро во однос на истуреноста на забите напред, загризот да ти е поинаков па да треба да се навикнеш само, ама може и да не се направени добро. Ништо не можам да трвдам. Ако не си задоволна мораш да разговараш со стоматологот што ги правел. Ако одиш на друго место, ќе мора да почнеш од почеток. И пак можеби нема услови за подобро, не знам како е состојбата конкретно кај тебе. Од премногу работи зависи крајниот резултат.
Јас имам имплант на двојка десно ( Го извадив ко мала ми гноел внатре) носев привремен долго време додека не собрав пари за имплант. Операцијата беше успешна, меѓутоа за неколку дена се лизна. Докторот ми рече сега нека заздрави местото за три месеци пак ке го ставиме и така беше. Еве веќе 6 год успешно си го носам, и не боли,не го ни осеќам, се вклопил феноменално. Арно ама после две години успешна соработка (5месец од бременоста) испадна коронката , мислев дека е имлантот пак, меѓутоа на ренген снимката покажува дека е тука, што значи овој пат се лизнала коронката, абе триста математики, еве ја чувам, треба да тркнам до Ск каде што го правев.. Матичниот ми велеше да направиме мост ама единица не стружам сите заби ги имам само двојка не, зошто да стружам кога имплант фино лепо завршува работа.
Mi izvadija sestka raspadnata da ne recam, se skrsi na tri dela i go vadea del po del, megutoa zdivot mi mirisa na loso, i ponekogas se javuvaat bolki. Od sto moze da e taka? Kako da postapam? Ve molam za sovet
Има ли некоја информација од кога почнуваат да работат забарите? Имам ужасна болка , изгледа некој заб ми се расипал , не знам што да правам
Сеуште не смеат да се отворени, заради некои што на своја рака отвориле, другите страдаме зошто и нашите пациенти ќе речат зошто не работите. Моментално освен дежурните пунктови не смее да работи никој друг, особено не ортодонти каде контролата воопшто не е итно да се направи.
Имаше најава дека наскоро ќе почнеме, ама уште ништо не се знае сигурно. Ако имаш болка, ќе те примат кај дежурните, јави се кај матичен да ти закаже.
Спиди, и јас бев пред некој ден. На мое прашање на ортодонтката од кога работат дали од тој ден кога отидов и она се насмеа, не ми одговори, веќе јасно ми беше дека некое време работат. Ми закажа контрола повторно за една недела.
Ортодонтите имаат најмал ризик при работата од сите специјалности, и супер за тебе што твојата докторка ти отворила. Ама тоа што е отворена е противзаконски моментално, особено ако не била маскирана од глава до пети (што најверојатно не била), и сега ти ќе кажеш дека си завршила работа, и сега мене (или на било кој друг доктор) ќе ми се јави пациент, јас му викам не смеам да работам, и он се лути зошто некој друг работи и испаѓа дека јас не сакам да му поправам заб. Се надевам ме сфаќаш што сакам да кажам. Не е фер што некои го почитуваат тоа што е наложено, плата не земам 2 месеца, а некои си работат континуирано како ништо да не се дешава. Ништо против тебе, само сум револтирана што почитувањето на законите ќе ми штети долго време и откако ќе почнеме да работиме.
Во Македонија никој не почитува закони, не знам зошто си изненадена. Додуша и јас не очекував дека ќе ме прима, ама велам ајде да си ја пробам среќата. Инаку беше заштитена од маски до визери и слично. Се надевам и вие ќе почнете со работа надкоро па да си дојде се на свое место.
Вака имам заби многу подложни на кариес и расипување, за помалку од година време 4-5 имат процес а од тие дел се веќе и со пломби ама се рони странично забот. Користам цело време лакалут паста де актив де сенситив, четки или лакалут или курапрокс, ги четкам наутро и навечер задолжително. Навечер и конец користам, периодично листерин. Прашањето е што друго да вметнам? Што правам погрешно во негата? И стоматологот го имам прашано одговорот беше таква ти е коската.
Вака на местото каде што неам заби. Надувнато ми е и има бела ѕочка . Болката е мн јака. Нит јадам ниѕ пијам шо да правам
Инфекција. Треба да почнеш со антибиотик и да се направи снимка од каде потекнува инфекцијата за да може да се лекува. Ако само пиеш антибиотик, ќе ти се појави пак за некое време. Мораш на стоматолог.
И јас го имав истиот проблем. Единствен спас беа импланти. Стоматологот ми го даде следниот одговор - Колку и да ги правиш, џабе е. Пак ќе ти се ронат. Ми предложи да ставиме други заби. Ама јас имав проблем само со 4 заби.
Ако под странично ронење подразбираш расипување на забот кај линијата на непцето, тоа е или од претврда четка, многу силно триење или лоша техника на миење заби, при што тој дел не се чисти убаво и е подложен на расипување. Четката треба да е мека, при миење да не триеш многу силно (кај тие што тријат влакната на четката буквално се расцветуваат), и да применуваш правилн техника на миење под агол.
Кога кажав лошо мора и да пофалам нели? Сега се е добро и многу сум задоволна. Загризот си дојде на место а забите ми дтојат прекрасно и природно.
Значи само требало малку да се навикнеш на промената. Баш ми е мило што си задоволна, некогаш стварно треба малку време за адаптација, особено кога се прават голем број на заби наеднаш.
Дали некој има вадено умници во Државна болница на стоматологија и како поминал ако може да сподели искуство.