дали е нормално и после недела дена уште местата каде што вадев 5ка и 6ка да ме болат ? Не ме болат константно, но од време на време знае баш незгодно да заболи, треба ли уште време додека зарасне местото ?
Дали е нормално во саботата бев да попраавам 6ка заб. Ми стави анестезија и оттогаш 6 дена имам болки како темпераура. Се изнапив лекарства против болки. Последниве два дена ми е за нијанса помала болката. Вака слично ме болеше умник кога вадев од истата страна затоа мислам дека е точно дека е од анестезијата. И заболекарот ми рече дека е од тоа. Имам чувство дека никогаш нема да помине! Трпам болка ама веке мн ме нервира така што ми излезе херпес на уснава. Некој слично искуство?
Здраво. Пред две години ставив порцелански мост над три заби. Денес при допир на јазикот сетив дека мостот над средниот заб е рапав, не е мазен по целата површина. Ми личи како да се има изронето. Можно е порцелан да се рони? Изронетиот дел не е во близина на гингивата, туку е малку странично на џвакачката површина. Што може да се направи во ваков случај? Дали порцеланот може да се полира?
Здраво, Ми се појави бело топче на непцето над умникот доле лево на местото каде што се раздели непцето за да излезе умникот. Што може да биде тоа? Умникот ми е излезен. Малку ми смета тоа бело топче која јадам и имам мала болка. Поздрав.
Јас вадев во декември, и презадоволна сум. Операцијата траеше30-40 минути . Од кога ќе ти стават анестезија, целата процедура не е болна, меѓутоа е доста незгодна и непријатна бидејќи цело време чувствуваш и слушаш како некој ти копа во уста. Но се помина добро кај мене. За чудо немав оток. А и немав болки после тоа. Меѓутоа се што ќе ти кажат треба да правиш после операцијата. Да спиеш на две перници неколку дена, и никако на страната кај што ќе вадиш заб. Првиот ден буквално целден да држиш мраз ( со крпа ) на образот, со паузи од 5-10 минути. Ти препорачувам да одиш бидејќи докторите се супер, но не знам дали сега моментално прават такви зафати. И јас треба уште 3 да вадам, оставам за Септември, не е препорачано во лето кога е многу топло.
И мене исто така ме болеше После 2 недели ми се смирија болките Пред скоро време почнав забите да ги чистам со конец Помеѓу двата кеца горе кога ќе поминам со конецот чуствувам непријатен мирис А забите однадвор ми се здрави Знае некој што би можело да биде???
Менував пломба на 6ка пред некоја година и од тогаш од време на време знае да ми се воспали и да ме боли, некогаш и џеб се прави. На почетокот ми кажуваа дека заради растењето на 8миците се случува тоа, едната 8ца што беше импактирана ја извадив и се уште ова ми се случува од време на време. Завчера вечерта почна повторно да ме боли, пиев ефридол и ми се смири. Вчера цел ден ме болеше, веќе ни ефридолите не ми делуваа. Чистев околу неа со забен конец, испирав со 3% хидроген... Вечерва ме разбуди од спиење, пиев аналгин и ми се смири. Утрово се разбудив, забот минимално ме болеше ама имам огроомен оток на непцето, колку зрно грашок. Ми создава ненормална нервоза и мислам дека ќе ми експлодира во секој момент, температура качив од чудово. За јадење да не зборам... Не можам да чекам до утре вака, сега испив еден Цефалексин, друго што да правам?
Најверојатно е џеб. Оди да ти го исчистат на стоматолог, па после е полесно само да го одржуваш чисто. Нажалост тоа не се лекува, засекогаш ќе мора да внимаваш таму, ќе ти објаснат како правилно да го чистиш. Оди да ти го снимаат забот. Можно е да е само џеб во прашање, ама мора да се провери да не има секундарен кариес под пломбата, или да не е зафатен нервот на забот. Секако сама нема да можеш ништо да направиш, на стоматолог ќе видат точно што е проблемот за да ти кажат и како би се лекувало. Општо да знаете дека секоја болка или промена во устата која трае повеќе од 2-3 недели мора да се провери на стоматолог, без разлика и да е нешто што се издржува или поминува со аналгетици.
Мислев за денес што да направам за да си олеснам малку, на стоматолог секако ќе одам и ете ќе форсирам да ми го снимаат затоа што 3 стоматолози досега ме откачија со истиот муабет дека ништо не е. Прашувам овде затоа што завчера вечерта почна да ми прави проблем, а деновиве не работат... Пред малку ми проби од отокот и истече солидно крв, непцето си е уште воспалено ама не е огромно како што беше. Забот не ме боли веќе воопшто. Да продолжам ли со Цефалексинот денес и на колку време да го пијам?
Цефалексинот ќе ти помогне само ако е во прашање гноење на коренот на забот, што би се видело на снимка. Ако е само џеб во прашање, ќе помине со чистење, нема потреба од антибиотик. Би рекла да не го пиеш додека не ти каже стоматолог дека има потреба. За сама да си помогнеш, убаво четкање, со мала интердентална четка помегу забите да поминеш, плакнење со хидроген 3%, дури и со шприц и игла ако можеш дирекно на местото каде што гноело. Не се плаши ако тече крв, така ќе се прочисти малку и ќе ти олеснува. Нормално е да крвари кога е воспалено, и нема да се смири додека не се отстрани причината заради која е воспалено, без разлика дали тоа е храна заглавена во џеб или инфекција на самиот заб. Тоа што ти рекле ништо не е, можеби мислеле на самиот заб, и тоа е супер ако забот си е во ред, ама мора да ти објаснат како да го чистиш тој дел зошто ова може на секои 2 недели да ти се случува ако имаш џеб кој не знаеш како правилно да го одржуваш, и со тек на време тоа се комплицира. Снимка мора зошто тоа е како лична карта, јас снимки правам дури и да сум 99% сигурна дека знам што е проблемот, со неа во повеќето случаи се гледа 100% што треба да се направи, а и за понатаму може да се спореди дали се подобрува или влошува состојбата.
@Annath на мајка ми и се скрши пола заб, а има мртви корени од пред 10+ години и правен и е ама толку му е изгледа. Има и снимка од пред неколку месеци, мислам би и послужила? Би и го извадил ли сега матичниот заболекар, бидејќи има мртви корени веќе или би ја праќале на клиника?
Нова снимка треба, да се види дали може да се искористи коренот да се надгради. За вадење ако мора, хирург ќе го вади најверојатно. Во нормална ситуација матичниот ќе среди се што треба, сега не знам дали би се нафатил на надградба ако е можна.
@Annath извини шо замарам ама стварно ми треба совет, цела недела пробам да добијам термин кај матичната, нема а мака си имам. Значи од десна страна имам болен заб, не можам да јадам на таа страна, па веќе 2м јадам на лева само, на таа страна имам извадена 6ка пред 3 год, немсв проблем со вадењето, ми се извади лесно и брзо зарасна, си јадев таму и порано ама сега дали постојано што јадам осеќам како да ми се истенчи жлебината, осеќам мало испакнато тврдо делче, како да има останато дел од забот и ме убива под жлебината и над него ми се разрани. Дали е можно да има некоја коска останато па дури после волку време да ја осетам? Воедно дали сега има начин да се пополни тоа место со нов заб, дали порцелански, дали мост, не се разбирам баш, на изглед не ми смета толку ама ме нервира што не можам да јадам на таа страна.
Немаш остатоци од заб, ти си ја осеќаш коската. Со тек на време, таа коска, бидејќи нема заб се ресорбира и се истенчува, затоа така ја осеќаш. Ако имаш болки, тоа е од џвакањето на празното место. Празнината секако може да се пополни, дали со мост, дали со имплант, за тоа ќе разговараш со стоматологот.