Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.400
    Масно ткиво во образот. Има објаснување на видеото. Не е патолошки. Го извадоа ради естетски причини. Топчесто лице, со извадено ткиво ке изгледа послабо во долен дел.
     
    На Плавуша123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Плавуша123

    Плавуша123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам.
     
  3. Режисерот

    Режисерот Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    20200606_012620.jpg Здраво феминки, пред некое време забележав дека формата на јазикот ми е како на сликава. Дали некој се ссочил со истото и дали знаете од што би можело да биде? Премногу испаничив..
     
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.400
    Ако мислиш на страничните делови, отпечатоци се од внатрешната страна на забите. Ништо страшно.
     
  5. Режисерот

    Режисерот Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Да на страничните делови е вовлечен на некои места баш како отпечатоци од заби а во средината е бел. Анксиозна сум и многу испаничив да не е некој рак или знак за болест затоа што велат дека промените на јазикот укажуваат на некоја болест.
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.028
    Допаѓања:
    14.861
    Пол:
    Женски
    Тоа важи за промени на јазикот. Ако бил поинаков, па станал побел, и ако таа промена трае подолго од неколку недели, би требало да се консултираш со стоматолог, поточно специјалист за болести на уста. А ако таков ти е јазикот од секогаш, што може да биде зошто сите како што немаме ист тен, немаме и иста боја и форма на јазик, нема зошто да се грижиш.
     
  7. Режисерот

    Режисерот Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Не ми е бил отсекогаш ваков, ми се менува по неколку пати на ден, некогаш вдлабнатините се многу изразени а некогаш воопшто не се познаваат. Моментално немам можност да отидам на лекар затоа што сум во друга држава, видов дека на форумот има стоматолог па затоа побарав мислење, и исто така ако некој имал слично искуство па знае од што би можело да биде.
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.028
    Допаѓања:
    14.861
    Пол:
    Женски
    Јас сум стоматолог. Вдлабнатините, како што ти пишаа погоре, се отпечатоци од забите, сосема се нормални и нема зошто да се грижиш за тоа. За бојата, би требало да одиш на контрола. Најверојатно не е ништо повеќе од наслага, посериозните работи најчесто се јавуваат на помали површини, не на целиот јазик. Би ти рекла да не се грижиш, најверојатно не е ништо страшно, ама општо правило за се во устата е дека ако имаш нешто ново што трае повеќе од неколку недели, треба да се провери.
     
    На Режисерот му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.400
    Бели наслаги може од дехидрираност , потоа кандида, макар што таму и печење ке има а некогаш црвени делови.
    Генерално е ништо страшно ако е како побел одгоре. Пробај со скрепер за јазик да отстраниш. Ако не се смени оди посети стоматолог.
    И јас сум стомстолог, да нема забуни за советите:D
     
    На Spidy и Режисерот им се допаѓа ова.
  10. Режисерот

    Режисерот Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам многу!! Повеќе испаничив за вдлабнатините, а за белите наслаги мислам дека се поради мало количество внес на течности и пушењето на цигари. Сепак ме успокоивте. Ви благодарам уште еднаш❤
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Поздрав дечки. Во петокот вадев 7ца(долу,лево) и точно 1 час траеше вадењето со претходно ставање анестезија,оти имав циста во тој заб,и пиев Амоксиклав 4 дена пред да го вадам.Тој ден откако се вратив дома,пиев Аналгин против болка само еднаш и немаше повеќе потреба.Ама од утредента осеќам тапа болка од целата страна кај што е ваден,плус раната веднаш некако ми закрепна,почна да се затвора,ама осеќам дека здивот ми мириса,и со јазик ако чепкам веднаш има миризба непријатна.Досега не сум имала ваков проблем,затоа и се мислев дали да одам,оти местото кај што е ваден забот е скоро насобрано,ко затворено,а вака коа јадам нешто тоа храната влегува.Се плашам да одам,оти ме боли на допир.Дали е нормално ова,или треба да се чисти специјално со нешто друго раната? Се плашам да не фатам некаква инфекција
     
  12. Mart3

    Mart3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2019
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Zdravo, sakam da prasam pred skoro 6 meseci imav problem so mnogu neprijaten zdiv mi bese vospaleno nepceto i mi go iscistija i denes pak osekjam deka najmnogu samo od kaj eden od zabite idi cela neprijatna mirizba a zabot e zdrav, zosto toa se slucuva? I dali postoi nekoe drugo resenie za toa kako da go otsranam neprijatniot zdiv?
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.403
    Пол:
    Женски
    @Spidy @Annath
    Не знам колку се гледа на сликава али непцево ми е потечено и мислам дека има гној.Има мала бела точка.
    005EDE38-447A-4E37-A573-6D67C3FE4E6E.jpeg
    Ме боли кога ќе се допрам со јазикот, ме боли кога џвакам и кога мијам заби.
    Не знам од што може да ми е.
    Да кажете некое чаре дома како да се суредам?
    Не би идела сеа на забар, комшија ми е човекот додуша ама неќам да му дишам во фаца.
    Постар е страв ми е.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.412
    Пол:
    Женски
    Ќе стануваш умна. :)
    Кога ми растеа 8ци, уште на 15 почнаа да ми растат, вака ми беше и година-две повремено местото ми беше подуено и болно. Една па ми порасна скроз безболно и неприметно. :)
    Сеа скроз ми се пораснати сите 4 али се испомачив вака ко ти дур пораснат.
    Избегнував тој период да јадам кикирики, ореви, зошто таму ми навлегуваа и местото се иритираше...
    Глеј таму на тој дел многу тврда храна не јади, ќе се повлече.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.028
    Допаѓања:
    14.861
    Пол:
    Женски
    Или ти расте 8ца или имаш џеб позади последниот заб. Во секој случај, најдобро е да одиш на стоматолог да го исчистат тој дел убаво чим веќе и гној собира.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Измеѓу 4ка и 5ка ми се набабри непцето. Го исчистив со конец, ужасен мирис имаше, го исплакнав и со Листерин, ама уште е подуено. Можно е да е расипан некој заб измеѓу?
     
  17. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Прашање за Стоматологија, дали работат за чистење забен камен, не сум била 9 мес, и дали се чека за термин? Со маски, скафандери или како. Да си закажам со време. Фала
     
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.028
    Допаѓања:
    14.861
    Пол:
    Женски
    Можно е, ама поверојатно е дека се воспалило само непцето, или имаш џеб помеѓу забите. Оди на стоматолог убаво да го исчистат и би требало да помине. Најдобро е и мала снимка да направат на забите за секој случај.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mala panda

    Mala panda Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2020
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво.Сакам да споделам нешто во врска со моите заби,имам и некои прашања па ако може да ми дадете одговор.На двата кеца изваден ми е нервот и тие потемнаа едниот се белеше внатрешно и немаше добри резултати од белеењето напротив стана некако потемен и пожолт од другиот кец .Разговарав ја со мојата докторка ми кажа да ставиме бели пломби одозгора на забите и кратко време беа океј само што пак имаше разлика еден потемен од другиот а другиот баш беше бел дури побел и од другите,но сеа пак некако им се смени бојата имам голем комплекс ради тоа. Ако може некој да ми каже дали има некој начин да се избелат забите да бидат еднакви со другите ? Ве молам за одговор млада сум и не сакам да останам вака .Фала ви однапред❤
     
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.028
    Допаѓања:
    14.861
    Пол:
    Женски
    Веќе си ги пробала полесните и помалку инвазивни опции. Ти останува само ламинати (ако има услови за тоа) или коронки.
     
    На Mala panda му/ѝ се допаѓа ова.