Дали можете да ми објасните повеќе за коронките и ламинатите? Дали се болни при ставање дали се ставаат на моите заби,колку се трајни,дали со нив ќе се постигне истата боја како што ми се другите заби и колку пари се ?
За двете се стругаат забите, за ламинатите само од напред, а за коронки од сите страни на забот. Тоа се прави со анестезија, ама чим забите се умртвени нема да те боли во секој случај. Може да траат 10+ години ако добро се грижиш за нив, и бојата се бира според твоите здрави заби за да биде скроз иста. Коронките се поефтини од ламинатите, ама цената на двете зависи од материјалите од кои се изработуваат, а и во различни ординации има различна цена. Би ти рекла да одиш на повеќе места за консултација пред да се одлучиш што ќе одбереш и каде ќе ги правиш.
Ти благодарам премногу.Само што наполнив 18 години имам голем комплекс ради забите се надевам ќе ги средам што побрзо но јас мислам дека ламинати не може бидејќи имам големи пломби на двата заба и преостанува ова другото . Уште еднаш фала ти премногу❤ Јас се извинувам но сакам да прашам уште нешто. Дали ако повторно проба да ги белее забите внатрешно т.е едниот заб бидејќи повеќе ми е темен. Дали ќе се промени бојата ако ја повтори постапката.Бидејќи сакам да си ги зачувам колку толку моите заби.
Ако е многу темен, подобро е да се избели, тоа не го оштетува забот толку многу, сепак не е трајно белеењето, а значително го менува крајниот резултат, особено ако си направиш безметални коронки.
8-ца горе предниот дел е скршен и непцето баш од страната кај образот ми отече не е ни многу ама не е ни малку , болка немам само некое непријатно тупкање во забот ,ама не можам да џвакам да ја отоворам многу устата исто ко да е опериран забов, стоматологот ми даде антибиотик и сераптетазе . Е сега прашањето ми е дали на пеколов ќе мора да се вади или ќе се догура од септември натаму ? Лани вадев 8-ца доле на топло време господ во пижами го видов , плус додатна нервоза ми прави и епидемијава. Решение ? @Spidy
Феминки имам болка во забите веќе 4 дена, сакам да идам на забар ама многу ми е шубе поради коронава. Плус кога ќе ми текне дека алатките идат од една во друга уста... Просто речено страв ми е да идам и се тупкам 4 дена. Што да правам, дали некој од вас исто има ваков проблем од идење на забар поради целата ситуација.?
Не чекај септември кога веќе си со оток. Да била само скршена без оток и болка и јас би ти рекла да чекаш поладно време, ама во ситуацијава не. Серапептаза само ќе си пиеш од пред вадењето па и цела недела после тоа, би требало да спречи оток, ама подобро да не чекаш да се искомплицира повеќе. И во нормални услови сите инструменти се стерилизираат после секој пациент. Сега се давиме во дезинфициенси и протоколите за заштита се огромни. Од тоа не се плаши, подобро да си го поправиш забот пред да се влоши состојбата, па да треба да го извадиш.
Ве молам препорачајте ми нешто за потечени, иритирани непца. Горниот дел кај забите ми е партал, не можам ни да јадам ни да пијам.
Прво на стоматолог да ти направат професионално чистење. А од гелови јас би ти препорачала НБФ гел, мене ми се покажал како најефикасен.
Наместото кај што ми го извадија забот е подуено и го осеќам цело време местото како да ме гребе такво некое чувтсво....нормално ли е ова или треба да одам да видатшто е ?
Пред три дена правев операција на умникот.Дента немав никаков проблем(немав болки ниту пак оток).Вчера и денес сум без болки но имам оток,докторот ми даде"Serrapeptase"(против оток),држам мраз цело време,но не спласнува. Некој да сподели свое искуство,или пак да ми даде совет. Благодарам однапред!
Здр ми падна мал дел од пломба, и забот сега има кафена дамка.. Во послесно време приметувам, не знам како да се изразам, извинете ама како да ме чеша, многу језиво чуство имам, немам болка ама ме пече некако, и кога ги мијам забите изгледа блага болка е не знамм..Ве молам помошшшш ми е страв да не се расипе уште толку
Си купив нова четка ама по грешка сум земала тврда имам многу осетливи непца и ја користев една недела мислев ќе се навикнат ама почнаа многу да ме болат ја сменив ама непцата ми се уште црвени , некоја крема нешто или што да правам ?
Ќе поминат и сами од себе, ама ако сакаш да мачкаш нешто за побрзо да се смират, јас би ти препорачала НБФ гел.
Здраво, во последно време приметив дека кога јадам забите ми се чувствителни на ладно и топло, и докторот ми кажа дека имам џебови и храна кај непцата, па ми ги чистеше. Некое слично искуство?
Pchelin melem i za vnatresna upotreba e, bez hemii e organski na prirodna baza, smiruva otoci i vospalenija. Probajte mackajte na nepcata na insta najdete gi
На местото каде што ми расте 8ца, пола е испадната, а другата половина месото е отечено и преболно. Дали така треба или може да има некој проблем?