Не би требало да е така, ама често се случува со осмиците. На стоматолог може да го исечат месото за да се отвори цел заб или ако нема место кај да никне ќе треба да се извади. Ако многу те боли оди барем да ти го исчистат зошто може многу да се искомплицира. Во меѓувреме, силно четкање иако боли, треба да се раскрвари за да може да ти олесни, и плакнење со хидроген 3%.
Ако можеш со игла и шприц баш меѓу забот и воспаленото непце е најдобро. Ако не, само жабуркај со хидрогенот. Ама прво треба механички да се исчисти. Грубо со четката колку што можеш да издржиш, или на стоматолог да го исчистат како што треба.
Ќе пробам, ама четкичката е ептен со меки влакна и тешко дека ќе го раскрварам. Сабајле го чекав подолго и ми олесна, колку толку ама пак е подуено. Ќе пробам 2,3 дена ако не ќе отидам да го исчистат. Фала Спиди.
Да, јас. Ништо страшно, само што ќе мораш да одржуваш беспрекорна хигиена, за да не ти се воспалуваат. Ќе четкаш два пати дневно обавезно, навечер пред легнување ќе си ги чистиш со конец за заби или интердентални четкички, убаво покрај сите заби а и пожелно е да користиш некое време водичка за испирање, каква сакаш. Гуд лак! Мислам дека ти е побезбедно само да жабуркаш, тешко дека сама ќе можиш да си испериш, поверојатно е дека ќе се боцниш негде без врска.
Во последно непцето често ми крвари. Не можам добро да се измијам заби, а некогаш и од нигде никаде почнува. Ретко осеќам болка по непцето. Веќе години од мала користам Lacalut Aktiv и примет ако ја сменам на едно миење осеќам болка. Значи месециве и со таа паста ми крвари. Конец за заби не е ни а замислам, а камоли да употребам. Четката е со меки влакненца. Совет што да направам?
Ќе одиш на професионално чистење на стоматолог, па ќе те советуваат. Ако е хроничен проблем мора да бараш решение зошто ќе имаш оштетувања на коската ако постојано ти е воспалено непцето.
Мојот совет е да бараш решение за оваа твоја состојба, јас го имав истиот проблем започна со крварење на напцата но не обрнував внимание, бидејќи бев и помала и не го сметав за проблем, имав појдено на матичен стоматолог и кажав за проблемот ми ги исчисти забите и толку беше, потоа крварењето продолжи. По неколку години матичниот стоматолог ми вели па ти имаш парадонтоза и треба да одиш на специјалист за болести на уста и така мојата состојба која можеше да се спречи од хроничен гингивитис премина во генерализирана парадонтопатија. Сега редовно одам на третмани но само може да се спречи болеста да не прогредира.
Ви благодарам! Ќе гледам да појдам на стоматолог следнава недела. Инаку знам ко мала тој ми ја препорачал пастата за непцето, но не знам точно што бил проблемот.
Јас одам во Клинички центар во Скопје одделот што е за болеси на уста и сум многу задоволна,веќе две или три години редовно одам по два пати во годината да ми ги чистат парадонталните џебови, а крварењето ми го средија одма и сега немам проблем со тоа.
Има интердентални четкички во аптеките, ДМ и Космо јас ги користев тие од curaprox долго време тие ми беа препорачани од стоматологот но не ми одговараа на буџетот со оглед на тоа дека за брзо време треба да се замени и сега ги зимам dontodent слични се како curaprox, а на лакалут ги немам користено ми изгледаат како доста груби. Стоматологот треба да ти каже соодветна големите на интерденталните четкички што треба да ги користиш ,ги има во повеќе големини.
Супер нареден пат ќе земам од овие ако има од големината што ми одговара, јас земам од тие по 5 што се внатре ама вака поевтино излегува.