Супер нареден пат ќе земам од овие ако има од големината што ми одговара, јас земам од тие по 5 што се внатре ама вака поевтино излегува.
Десната горна страна ме боли премногу, имам расипан заб а на одмор сум. Што да правам како да ги ублажам болките решена сум да одам и на заболекар тука ако треба...
На забар посекако мораш да одиш, но, во меѓувреме напиј се нешто појако за болка, кетонал или вентор. Ако е забот отворен, исчепкувај го да не заостанува храна.
Ако најдеш Листерин од појаките зелениот , ноќниот плакни со него , незнам зошто ама му делува како анестезија на забот , мене ми помогнал до сега многу пати
Ефридол ми рече матичниот да земам... Моментално сум во Охрид , тука да отидам на забар кузнае колку ќе ми земат на приватно.... Имам константна болка, два аналгина од вчера се напив ама никако да ми помине, само малце ми ја ублажува болката и за некој саат повторно боли многу...
Здраво Денес приметив дека имам една црвена точка во устата од левата страна во внатрешноста немам болка дали некој го имал овој проблем?
@Annath, @Spidy, дали можеби знаете каде во Мк прават ортогнатска хирургија (максилофацијална) и дали можеби знаете како се движат цените? Благодарам! *Претпочитам приватни клиники.
Да сум на твое место, без размислување би избрала максилофацијална на државна. Има преспремни доктори.
Не знам. Немам никаква информација засега. Дали знаеш за цена и било каква информација е добредојдена.
Освен на максилофацијална, не знам друга клиника што оперира вилици, мислам конкретно на ортодонтски аномалии, а и на таму мислам дека оперираат само за 3та класа (само долна вилица). Сите останати пациенти до сега се оперирале во странство, претежно Турција.
Да, конкретно прашувам за малоклузија 3-та класа. Имав консултација во Дубаи, ми понудија бимаксиларна, не само на долна вилица, не знам зошто. 30000$ само операција, што не ми се допаѓа. Не ми е проблем во Турција... Во Систина видов оперираат, пробав да ги контактирам неколку пати, но не добив одговор...
Zdravo dali otecen krajnik i bolka vo uvoto mozat da se pojavat kako rezultat na rastenje na umnikot?Pola umnik mi e izlezen veke no polovina seuste ne e izlezen od nepceto, na dopir so jazikot me boli custvuvam bolka i vo uvoto i limfniot jazol mi e malce natecen, toj e na stranata kade stoi rasti umnikot.Bev na rutinska kontrola na stomatolog i mi rece deka e vo proces na rastenje Da ne panicam za bez potreba sakav i vase mislenje, pozdrav i sekoe dobro
Многу често потребно е да се оперираат двете вилици кај трета класа. Прогенија вера (најтешката форма на аномалијата) се карактеризира со зголемен раст на долната и намален раст на горната вилица, и затоа треба да се оперираат и двете. Ако не е толку изразена аномалијата, може да се оперира само долу. Што е најдобро одлучуваат ортодонт и максилофацијален хирург. За цени стварно не знам да ти кажам колку треба да е, ама ако земеш во предвид дека по таа операција вилиците се шинирани 6 недели, и голем дел од тоа време се поминува со болнички престој, реално е скапа операција.
Го прашав матичниот стоматолог, рече во приватна болница во Скопје (не ми кажа која) му кажале 5000-6000 евра, што и не е така лошо.
Ај вака. Пошто во мојот град нема ортодонт, принудена сум да одам во друг град за контрола ме интересира дали откако ќе ги извадам протезите има можност да ми се вратат назад доколку ставам навлаки? Кога ја прашав ортодонтката за да носам мобилна протеза или нешто слично за да не ми се вратат ми рече дека нема потреба доколку носам навлаки а сите што ги знам носеле ретејнер или како го викате или мобилна протеза.