Забна гангрена претставува процес на изумирање на забната пулпа поради инфекција, траума или болест. Инфекцијата, траумата или болеста ја нарушува васкуларизацијата на пулпата и спроведувањето на кислород до живите клетки со што доаѓа до изумирање на истите. Притоа забот може надворешно да нема промени, освен бојата. Секако дека штом ќе се распадне пулпата (народски кажано нервот), забот е мртов, потемнува и станува покрт (лесно кршлив). Во принцип, ова се лекува со класична ендодонтска терапија, отворање на забот, чистење на каналите, лекување и конечно полнење и на каналите и на кавитетот во забот. Колку е успешно лекувањето, зависи од тоа кога ќе биде откриена гангрената. Секако дека колку порано се открие, толку е поголем успехот на терапијата. А забот секако ќе ја промени бојата, без разлика дали е лекуван или не. А што се однесува до инфекцијата, можно е да се прошири на соседните заби, но многу зависи од самиот организам.
Анатх сакам да те прашам за протеза. Моите заби се сите ок, убави ми се, но само 3ката малку ми е навлечена вовнатре, и сега сакам да ја исправам, но не сакам фиксна протеза. Со апаратче пробав, неможев, самата се зафркнав, па да ми кажеш каква протеза би било најдобро да ставам, инаку другите заби сите ми се ок, сега малку разлабавени зашо тројката не си е на место.
Па нема друго чаре освен мобилно апаратче. Ама треба да бидеш упорна. Но во принцип, ако воопшто не ти пречи, не мора ни да носиш.
сакам да ве прашам за совет деојки..имам еден заб отецен на левата страна и нз што да се напијам за да ми се сплане...од ден на ден се повеке ми отекува..помошшш...фала однапред.
Ана, во вторникот извадив петка, која претходно ми се скрши. Наредниот ден се разбудив со оток сабајлето, а истото се случи и четвртокот. Вчера и денеска немам оток, но местото ми е како здрвено. Инаку од кога го извадив забот, па до денеска, болката само се зголемува. Читав на интернет за dry socket -поради немање на ткиво (истото се деградирало) коската останала гола во внатрешноста и почнала да се суши, ама кај мене забележувам дека има, ама пак затоа ги имам другите симптоми: здивот мириса на гној, болката е се поголема - не можам да спијам. Читав и дека со clove oil, тоа се лекувало, ама не знам дали го има тука по аптеките, а и не сакам да ризикувам да ставам од тоа, во случај друг да е проблемот. Совет? Лек?
Пред два дена почна да ме боли заб кој скоро пред 3-4 месеци ми е пломбиран.Тоа не ми е ни чудно, зошто кај што одев на стоматолог тој сите заби ми ги уништи, значи буквално откако ќе ми го “направеше“ пак беше исто и после некое време продолжуваа да болат.Го сменив стоматологот и ми правеше заб и сум задоволна, па договоривме и за кои други треба да одам и да ми ги направи и тие, арно ама овој заб што мислам дека почна да ме боли тој ми рече дека е добар. Е сега јас поточно ни не знам баш дали тој заб ме боли зошто од горната страна ме боли поголем дел од жлебините и долу пределот околу 2-3 заба.Исто ми се случуваше и од другата страна ама откако ми го направија забот веќе не ме боли.Дали може некој од овде пошто мислам дека има стоматолози да ми каже дали е до забот или е можно жлебините да ми се воспалени, внатрешно, затоа што не можам да определам точно да речам еве тој заб ме боли исто јас мислам дека е можно да ме болат од умници пошто почнаа да ми излегуваат, мислам ги чувствувам, таму местата , разранети, тврди и испапчени. Ќе одам на заболекар ама не сум во можност до четврток, а до тогаш не знам што да пијам...се напив апче ама не ми помогна.Исто така да напоменам дека не ме боли цело време туку престанува, и пак заболува и така постојано овие денови.Некое привремено чаре?
Не кажа отприлика кој заб те боли, и каква е болката. Инаку, можно е да се работи за џебови, да не е забот во прашање, туку околу него. А на ова топло време се активираат џебовите и поради тоа што велиш дека ја чувствуваш болката околу 2-3 заба, најверојатно се работи за тоа. Ако се работи за катниците, тогаш можно е да е болката од никнењето на умниците, па се пренесува на другите заби. Ако е џеб, стоматологот ќе го расчепка малку, ќе прокрвари, па ќе ти олесни, може и дрен да ти стави. А ти самата не можеш нешто кој знае што да направиш, можеш да земеш забен конец, да плакнеш со 3% хидроген, малку ќе се смири.
Мислам дека е шестка, значи катник, а ја чувствувам болката околу неа, петката и седмицата, исто и кај долната петка што ми е здрава дури и од таа страна ја чувствувам болката кај предните заби.Не е болка што се јавува пример од ладно или од топло туку остра болка и чувствувам како да ми отрпнуваат забите и некој вид на пецкање(ама објаснив )Инаку вака ништо видливо немам на жлебините.Кој знае што е, одсекогаш сум била осетлива на забите.Ќе одам на заболекар а до тогаш ќе пробам со нешто да ја смирувам болката.Фала за советите.
Тогаш најверојатно се џебовите, од топлово ти е. Не мора да има видливи промени на непцето, освен малку црвенило. И притисокот и трпнењето се резултат на активираните џебови.
Ана на јазикот имам некои бели наслаги, особено на крајот од јазикот, кога ке ги фанам со прстот, како лигави се, знаеш како плунка некоја да ми стои Како би можела да го исчистам тоа и од што би можело да е ?
Земи капки Нистатин и ставај на јазикот, може да ти е кандидијаза. Не пишуваш дали имаш други симптоми, и дали лесно се отстрануваат со четкање. Ако не помине од Нистатинот, и не се симнуваат лесно со четка, ќе мора да направиш преглед (брис, биопсија).
Веке пола година имам лош здив. Не е до забите сите ми се направени, исто и хигиена одржувам, кога сум дома по секое јадење ги мијам, кога сум надвор секогаш имам мастика. При миењето на забите го мијам и јазикот, и ги чистам со конец пред легнување. Мислам дека проблемот е во тие шуплините позади крајниците што се, таму сигурно се задржува храната и осекам како имам некои грутки на патот на плунката и има денови кога ептен ми смета се обидувам да ја голтнам ама неможе. Некогаш некое парче од таа храна ми дојде напред во устата и го плукам, има ств лоша миризба. Те молам некој совет како да се ослободам од тие остатоци.
ШТО ПРАВИТЕ КОГА КЕ ВЕ БОЛИ ЗАБ ? Користам капки заболекс и доста ми помагаат и пијам или аналгин или вентор. Едит: Еднаш во студентски немав ниту апчиња нити капки а ме заболе во 4 саат сабалје, па дечко ми зема испуши цигара ама онака „сочно“ до крај до филтерот, ја извади хартијата и остана само памукчево ми го даде го ставив на забот. Е сега чувството е ептен особено за некој антипушач како мене ама немав друг избор и верувај болката ми се намали и после тоа заспав. Тоа ти го кажувам само во краен случај ако немаш друг избор оти многуууууууууууу е грдо
Има. Скрши аналгин или кафетин и делот што ќе го скршиш стави го на тој заб што те боли и стискај да не избега. Ова е колку моментално да го смириш, инаку, мораш на заболекар, ако продолжи да те боли редовно. И јас несакам да одам, ама кога се мора - се мора. Трпев цел месец се малтретирав со еден заб, ама сега раат сум. Вредеше болката што ја истрпив. За другиот расипан што ми е, сеуште психички се подготвувам кога да отидам, собирам сила