Ти благодарам И онака ептен сум претпазлив, воопшто не приближувам храна до него, колку што можам, се надевам нема да има проблем.
Процедурата зависи од тоа каква е ситуацијата во устата, дали има заби/корени за вадење, заби за пломбирање/лекување и секако, состојбата на непцата. Идеално време за правење мостови реално не е една до две недели. Реално е 2-6 месеци. Прво, да се извади се' што треба да се вади, и да му се даде време да зарасне (а коскените дефекти се пополнуваат најрано за 4-6 месеци). Второ, ако има заби за лекување, да се средат и тие и да му се даде време на организмот да ја победи инфекцијата ако ја имало. Трето, состојбата на непцата е исто битна, треба да бидат здрави, а не отечени и жар црвени. Затоа би рекла идеално време дека е 2-6 месеци. Ама никој нема толку време, се' сакаат сега и веднаш и се' се прави набрзина, најчесто за две недели, може и за помалку, зависи од тоа колку заби надоместуваш. Не треба да боли, оди на дежурен да го отвори, можеби имаш гној, па да се издренира. @Ahoy веќе ти одговориле, да пазиш да не се полни со храна за да не ти прави проблеми. @Sofi.ja слободно може да поправаш и вадиш заби со анестезија доколку имаш потреба, без оглед на тоа што доиш. Подобро е што побрзо да одиш на забар за седмицата, да не биде потешко понатака.
@Sofi.ja јас поправав заби со анестезија иако дојам. Ми кажа доктор можам. @Annath ќе издржам до понеделник па ќе одам да го снимам. Сигурно ќе се покаже ако има некој процес. Никогаш во животот толку не ме болел зАб. Ужас!
@RAK91 јас имав гној во заб, ужасна болка, забот пулсираше, едвај издржав 1 ден така. Кога го отвори веднаш имав огромно олеснување, еве веќе недела дена воопшто немам болка. @Annath фала ти и на тебе
Немаш гајле. Јас две недели седев со отворен заб и тоа на 6ка. Не е ниту живото загрозувачки, туку непријатно. Гледај само храна да не ти влага и не џвакај на таа страна се додека не се санира. Мене па интересно ми беше, цело време си правев влези излези со јазикот. Ама затоа како ми го среди докторот, ене примети дали е мртов. Пломбата совршено ги имитира туберите и фисурите, а боја како нов. Веќе 4та година терам, мака нема, нема воопшто сменето боја.
Отоκот моρа малκу да е сплавнат.. аκо не тогаш нешто не е во ρед. Неκои κоρени да не имаш заостанато..
Chymoral forte земи од аптека, 3X2 на гладно пиј ги, пола саат пред оброк. Ладни облоги на таа страна обавезно. Оток не значи дека има нешто заостанато, значи дека непцето е иритирано како резултат на вадењето. Може да е и инфекција, ама обично е придружена со јака болка.
Здраво луѓе. Вака јас да прашам може некој имал искуство или знае. Долната вилица ми е понапред од горната дали со протеза тоа може да се реши. Ако некој знае нека пише. Благодарам однапред
Зависи од ситуацијата. Протезата секако помага, е сега дали сосема ќе го подобри изгледот или ќе го ублажи, зависи колку е изразено понапред.
Поради бруксизам ме боли вилицата долу кај последните 2 заби ама испод гингивата во делот каде се спојува со устата. Црвено е и на допир е како тврдо. Претходниот ден се разбудив и тој дел од вилицата го осекав отрпнат како после анестезија кога поминува дејството, така ми беше со часови. Што би можело да биде? Не ми се оди на стоматолог заради ситуацијата.
Зависи каква е прогенијата, ако се само забите во прашање, се решава со протеза, ама ако причината е друга, т.е се работи за преразвиена долна вилица при што целата е понапред од горната, тогаш можеби ќе треба и оперативен зафат. Ова е сепак најтешката варијанта. Исто може да биде долната вилица пред горната, ако горната е недоволно развиена, па тогаш се работи на нејзино ширење... многу фактори играат улога во одлуката за терапија, затоа е најдобро да посетиш ортодонт, да се разгледа целата ситуација, за каков тип на прогенија се работи и да се донесе конечна одлука каков третман ќе се примени. Според ова што го опиша, болката ја чувствуваш во делот каде што рамусот на мандибулата преминува во linea obliqua на предната страна на коската, затоа ти се чини тврдо, а всушност тука нормално и има испакнување. Поради притисокот во текот на ноќта можеби осеќаш дека е отрпнато местото, ама не знам како стоиш со умници... ако не се израснати или извадени, не е лошо да направиш снимка. Оди на забар, ова не би го оставила така поради бруксизмот, ако немаш штитници нека ти изработат, и да видите дали е само тоа причина за болката. Магнезиум и б6 пред спиење обавезно да пиеш, да се опуштат мускулите.
Може да се реши и во една посета. Ако има оток и болка, се чека да спадне отокот, се дренира. Ако нема, темелно се чисти, се обработуваат каналите, се дезинфицираат, и се полнат. Со што, зависи од случајот, може со лек до следна посета, најчесто калциум, или пак се полни дефинитивно. Кај нас после дефинитивно полнење се затвора со пломба, во странство најчесто после тоа прават навлака за заштита на забот. Мртвите заби се порозни и лесно кршливи, па на тој начин да се спречи кршењето и губитокот на забот.
Една недела пиев антибиотик, во понеделникот бев ми стави лек (забот беше со гипс затворен ако не се лажам) до денес, денеска повторно променивме лек и е со памукче оставено до утре, а утре лекарот ми рече дека ќе ми стави гипс (и веројатно пак ќе го промени лекот). По ова што ми го кажуваш веројатно не останува уште многу работа, фала Уште ова да прашам ако не е проблем, забот ми беше пломбиран пред 6- 7 месеци, а сега испадна дека е загноен. До што може да е? Лекарот ми рече дека е префорсиран, на пломбата немало подлога и затоа, ама не ми е баш најјасно.
Кога првично бил пломбиран имало длабок кариес кој ти го решиле тогаш, ама под пломбата не ставиле заштитен слој за да ја спречат некрозата (изумирањето) на нервот. Бидејќи се работи за преден заб, се става композитна пломба, а искуството кај многумина во пракса покажало дека ако нема заштитен слој меѓу пломбата и делот кон нервот, тогаш се јавува некроза на нервот, особено ако слојот што го дели од пломбата е тенок. Со изумирањето на нервот дошло до инфекција на мртвото ткиво и загнојување.