Имам прашање до @Annath Имам расипан заб скроз на крај кој утре ќе го вадам,но многу ме боли што болката ми го зафаќа и левото уво. Па сакам да прашам дали се можни компликации после вадењето? Инаку болката е внатрешна,како да пулсира што значи гнои внатре.
Не би требало да има компликации, ама зависи и какво ќе биде самото вадење. За инфекцијата ќе си пиеш антибиотик, за оток серапептазе и ладни облоги.
Здраво. Ме интерсира искуство со апликација на фасети од нанокомпозитни пломби. И искуство со ординацијата Dentissimo Aesthetic dr. Sanja Dimova.
Имам огромни болки, не се издржуваат и таблетките за болки не ми помагаат. Сега ќе одам да ме видат зошто имам оток ама сакав да те прашам каков антибиотик да земам бидејќи сум во странство,и тоа сераптазе како да го барам на англиски?
Clindamycin побарај, можеби поинаку да се вика, ама генериката да биде таа, и серапептазе исто се вика. За болката не знам што пиеше, нешто од типот на кетонал, кетопрофен ако најдеш. Види што ќе те советуваат таму, иначе ако пиеш антибиотик Клиндамицин, зависно од дозата се пие, ако е од 300мг капсулата, се пие на 8 часа по една, ако е од 500мг, на 12 часа. Серапептазе кај нас обично го даваат едно дневно пола час пред јадење, ама може и две дневно, наутро и навечер пола саат пред јадење по едно апче. Ладни облоги обавезно, течна и ладна храна.
Нурофен (ибупрофен) по две на секои четири часа ама не повеќе од шест таблети дневно. Една таблетка е 200мг, ми помагаа вчера ама денес ништо. Ќе побарам фала ти.
Правев апикотомија пред повеќе од 10 дена. Првите неколку дена немав некоја голема болка ама сега ме боли забот и околу него се. Дали е возможно да не е успешна? Да не е изведена добро или евентуално му нема спас на забот?
@Annath Покрај антибиотиците пијам и апчиња за болки (неиздржливи се),но веќе испив многу затоа што е препорачливо три дена да се пијат таблетките,а јас ги пијам веќе 4 дена и ми е страв да не си наштетам. Инаку,ми кажаа дека имам инфекција и ми дадоа амоксилин и едни други плус (заборавив како се викаа). Ме боли непцето од целата лева страна,дури и непцето под мостовите горе. Сум вадела и друг пат но никогаш вака не било. При вадењето осетив болка,па ме боцна по втор пат и додека ми го вадеше осетив трпелива болка. На вториот преглед на снимките немаше ништо. Не знам веќе..
Од антибиотикот ќе помине инфекцијата. Забот веќе бил инфициран пред да се извади, па сега активно работи инфекцијата поради самата интервенција. Ќе помине. Ништо чудно што те болат и други заби и непцето, болката знае да се шири. Кај нас обично даваат антибиотик пред самата интервенција, за да се спречи ваква болка, ама не е секогаш успешно. Химорал форте се прилично ефикасни при вакви продолжени болки, ова од искуство го зборам. Таму не знам дали ги има, исти се со серапептазе.
@Annath , си пишала дека за изработка на мост се потребни 2-6 месеци. Ме замисли искрено, зошто имам на едно место мовче: Еден заб со коронка + на него има уште еден 'фиктивен' (или како да го наречам, местото каде што имаше изваден заб). Ми го направија за недела-две. Дали избрзале забарите, или има некакво објаснување за брзината со која е направен мостот?
Да,кај нас така. Овде ми рече немало потреба ќе помине само од себе,кога ме виде друг доктор рече имам инфекција. Само не можам веќе пијам против болки нурофен.
Пишав, идеално време за изработка на мостова конструкција. Не е грешка и тебе што ти го направиле толку брзо, веројатно ти биле ок забите, си немала рана која треба да се затвори, ниту пак проблеми со непцата. Освен тоа, кај тебе се работело за надоместување на еден заб, тоа обично се прави за три дена сега. Кај нас цели мостови конструкции во двете вилици се прават за две до три недели, што останува за мало крилно мосте како твоето. Јас повеќе мислев на оние кои надокнадуваат повеќе изгубени заби, на пример од 6 до 6 во една вилица, а некогаш и во двете вилици, некогаш и поголеми конструкции. Во такви ситуации, треба да се направи добар план за реконструкција на забалото, пошто не е само забите да се стават - потребно е да се обезбеди добра стабилност, функционалност и добар загриз. Не се ставаат заби туку така. Особено ако се ставаат и импланти, што во последно време зема замав. Прво се прави добра снимка на која ќе се види целокупната состојба на забите и коската, а со преглед се утврдува и состојбата на гингивата. Ако има коскени дефекти, корени за екстракција, се средува прво тоа. После се средуваат непцата, се чистат, ако има потреба да се продолжи клиничка коронка на носачите, се прави и тоа. Ако има потреба, заби носачи се лекуваат, односно, се чисти нервот, се дезинфицираат, се полнат, ако има потреба од појачување, се ставаат и колчиња. За сето ова треба време. 2-3 месеци сигурно. Ако ништо друго, барем коскените дефекти на местото на извадените заби треба да се пополнат, а за коската сама да го стори тоа е потребен некој просек од 6 месеци. Овие процедури се ако не се ставаат импланти. Се стругаат забите, се зема мерка, се одредува висина на загриз ако е потребно (ако е изгубена поради губитокот на забите, особено кога правиме конструкции во двете вилици), се изработува мостот и се пробува, па и привремено се цементира, ако е се во ред, се цементира трајно. Ако се користат импланти, процедурата е повторно со снимка, и тоа cbct да се види дали има основа за ставање импланти. Пошто не може секогаш и секаде да се ставаат, големи проблеми се јавуваат ако се занемари тоа. Ама сепак и со импланти процесот е подолг, бидејќи откако ќе се стават, се чека одредено време да се види дали ќе се интегрира во коската, после тоа се пристапува кон останатите процедури, а може во меѓувреме да се среди сето она што го пишав погоре. И недостатокот на коска за импланти денес се надминува со автографтирање - земање од место каде што има премногу коска, и пресадување на местото каде што има дефицит. Доброто е што донор си е пациентот сам на себе. Сакам да кажам, за да има долгорочни позитивни резултати, треба прво да се решат некои ситуации за да се избегнат проблеми кои може да се јават после цементирањето на мостот. Многу често имаме воспаление на непца, пребојување, болки во заби поради лошо планирана конструкција, кршење на мостови поради лошо одреден загриз, паѓање на мостот поради неквалитетно лепење, создавање на празен простор меѓу мостот и непцето каде што не се чекало доволно да зарасне убаво раната после вадење.... Консултирај се со тој кај што ја правеше апикотомијата. Ако има потреба, снимка да направиш. Додека имаш болки пиј, ама ако е од 200мг колку помага не знам.. дневно дозволена максимална доза е до 1800мг, ако ти пиеш на 8 часа по една таблета од 200, во денот внесуваш само третина. Пробај со две таблети наеднаш.
Фала ти на исцрпниот одговор, пошто имам слична нова ситуација, каде ќе има потреба од такво мовче, па сакав да си знам.
Нема одредени саати. Пишува по две таблети на 4 саати не повеќе од 6 дневно и не повеќе од три дена. 200мг е една таблетка,јас пијам две.
Ако е за мало мосте, нема потреба од сите овие процедури, освен ако имало вадење на заб. Доволно е една снимка да се исконтролираат носачите и да се чека да зарасне раната ако имало вадење.
4 саати е најмалото можно растојание, инаку се пијат на 8 часа. Штом си пиела по две таблети, ок, иначе има и од 600 мг, за екстремно јаки болки. Ако си почнала со антибиотик пред три дена, досега требало да биде намалена болката. Како мислиш мала коска? Ако има голема ресорпција (трошење на коската народски) на гребенот, особено во долна вилица, може да биде проблем кога се става обична пластична вилица, ама ако се ставаат импланти како носачи, има чаре, може да се среди. Само треба добар хирург да се најде.