Да, но не е намалена болката тоа е проблемот. Овој заб што го извадив требаше да биде носач но ми кажаа дека е многу кревок и дека ако го сочувам и да ставам мост нема долго да држи поради мала коска односно од извадени заби растојанието се стеснало и коската станала мала (така разбрав,може и грешно сум разбрала). За долната вилица поточно и ми предложија за импланти,но јас сум плашливка па сакав само вилица.
Терај со антибиотикот до крај, па веројатно ќе помине, ако не, пак да те видат. А за вилица - нема проблем ако имаш други заби.
На блиска пријателка вчера и' беше изваден живецот од забот, но веќе денес има огромна, отчукувачка болка на тој заб, осеќа како да се мрда, како нешто да го притиска и има непријатен мирис во устата... на моја сугестија (бидејќи знам дека ова се симптомите на гној на заб, затоа што пред неколку недели минував низ истото) и' се јавила на матичната заболекарка и таа и' рекла дека не може да има гној затоа што живецот е веќе изваден. Би сакале да слушнеме уште некое стручно мислење, дали има шанси да е гној или е нормална болката? @Annath @Spidy @Fluffy^-^ Thank you in advance
Има инфекција, мора да се дренира. Ако отече, антибиотик, во спротивно само дрен е доволен, и да биде отворен забот. Ќе се смири со тек на време, само да пази да не се полни со храна. Кога ќе се смират симптомите, да се исчисти убаво и дезинфицира и наполни со лек. Ако уште има мирис и секрет од забот, може ќе треба антибиотик, ама тоа ќе процени стоматологот. Јас не сум давала терапија во секој ваков случај, немало потреба, се смирува за два-три дена.
Дали забот е отворен или е затворен со лекче? Јас верувам во стручноста на докторката. Не знам каков бил случајот. Штом вели дека е отстранет живецот и дека нема што да боли, значи не е проширена инфекцијата натаму (во пародонтот). Исто така, вакви симптоми на некој притисок на полнет заб можи да се јават ако пациентката била наведната подолго време или некоја друга физичка активност. Следете ситуација, доколку отечи или болката ако е неподнослива, да си оди да и го отворат за да се дренира. Пожелно е да се напие нешто против болка. Вентор, кетонал, доколку нема контраиндикации за овие лекови.
Затворен. Имаше лекче до вчера мислам, за умртвување, па вчера и' го затвори. Вели дека исто чуствувала непријатна миризба додека и' го работела забот вчера. Нема такви физички активности иначе пациентката, а докторката по професија е всушност ортодонт, иако работи и заби вака. И' рекла да зема антибиотик сега. Фала ти и на тебе
Кај матичен стоматолог каде што одите ме интересира што носат од опрема за време на вирусот откако почна? Јас кај мојата што одам од начинот на работа сум задоволна како работи, ама кога треба да ми става анестезија постојано се натегаме и воопшто не сака да става, и кога стави се е со префрлување и некогаш ми доага да ја сменам ама од мал град па немам баш и некој избор. Сега откако почна вирусот некако како медицинско лице и не верува баш дека постои, ама она што не ми се допаѓа, ниту мери температура, ниту пак носи нешто за заштита, освен маска. Дали и вие таму каде што одите е така сега за време на вирусот, само со маски се ?
Униформа, скафандер, капа, 2 маски, визир, ракавици. По протокол од министерство за здравство вака треба, јас со помалку од ова не сум влегла во ординација од март.
Претпоставувам дека е така, затоа и се зачудив, сега уште толку страв имам да одам кај неа... Веќе неколку дена во устата, непцата ги чувствувам некако и јас не знам убаво да објаснам, ме подзаболуваат на некои места ама како тапа болка, како да имам афти, а немам. На горната страна непцето како здрвено го чувствувам, па после некое време се јавува таква болка на друго место. Да напоменам немам расипани заби, тоа што имам веднаш поправам, а сега поради вирусот не ми се оди баш за ова кај матичната. Може ли некој совет како да си помогнам да не ја чувствувам ова тапо пулсирање во устата, на непцата. Со што би можела да ја жабуркам устата да ми се намали ова што го чувствувам
Малце каснам, но доколку забот е умртвен, не треба воопшто да чувствува болка. Тогаш умртвувањето не е извршено како што треба. Некои ординации немаат соодветна апаратура, умртвуваат од ѓутуре, што воопшто не го оправдувам. Постојат ендомотори со кои целата постапка е упростена и точна. Јас умртвував два заба, до ден денес ми се сочувани, без промена на боја и цврстина, како воопшто да не ми биле умртвени. Многу е важен самиот стоматолог, апаратурата која се користи. Исто така, ни б од болка не чувствував. Нека направи снимка од забите, одма ќе се види дали проблемот е до лошата интервенција или е сепак нешто друго во прашање. Ама едно знам, денот кога ми ги умртвија, се спасив од болка, која беше неопислива.
Во ред е сега, болката поминала после еден ден, иако матичната и' препиша антибиотик, со објаснување: "мора да боли зашто ти го чепкав"
@Ahoy јас не сум стручна, но имам лично искуство со умртвување на нервот. Не би требало да се чувствува болка т. е. првиот ден ми рекоа дека може да има мала болка поради самата интервенција. Поминаа неколку години оттогаш ама памтам дека ми ставија лек, и по неколку дена или една недела бев на процедура за полнење на каналите.
Сигурно имаше гној другаркава, симптомите типични, плус после анитибиотикот веднаш се смирило А како оди полнењето на каналите? Треба за недела дена да ми ги наполнат, после 6- 7 недели лекување на загноен заб
Ништо страшно не е. Немав апсолутно никаква болка, без анестезија беше процедурата. Три пати бев на интервал од недела-две. Една процедура траеше 15-20 минути.
Здраво . Вчера вечерта ме заболи заб кои веќе беше умртвен подолго време , ми падна лекот и денес само ми го исчисти и ми го изваде нервот ама рече дека изгледа забот веќе има некој процес почнато и да го снимам во понеделник , цело место ми е здрвено и ме боли од коренот .. ми даде антибиотик да пијам ама вечерва кренав температура ... се исплашив скроз ...имам над 37 со 5 ... па сакав да ве прашам дали може да се крене температура од заб во ваква ситуација.. Ве молам кажете .. сета сум во паники а имам и анксиозност.. Фала
Не знам дали можи овде, ама ќе си прашам. Ми се направија црвени точки на јазикот. Ме пецкаат и страшно ме иритира тоа. Опасно е? Причини и терапија? @Annath или било кој друг ако знае за проблемот. Тенкс. Не знам дали има врска со крвна слика, вчера баш проверував, супер е.