Не би требало да биде температурата од забот, од антибиотикот секако ќе помине штом веќе ти го дале. Ако кренеш повисока температура, 38, 39, и трае подолго време, не е од забот. Ако си јадела чипс, семки или нешто слично така посолено, од тоа може да е. Исто ако имаш афти, од нечисто, од некаква иритација. Ќе помине, само избегнувај да го иритираш дополнително.
Здраво Од вчера чуствувам болка од левата страна кај вилицата кога ја отворам устата и кога јадам, расипани заби немам, можно ли е дека цело време јадам само на таа страна?
Здраво. Фала за одговорот . Ми спадна температурата фала богу ... сабајлево ми се појави гнојна кеса .. утре ќе го снимам.
Ако е при отворање на устата, зглобот е најверојатно, може си го преоптоварила, си ја отворила премногу устата при јадење, при проѕевање и слично. Ќе помине.
@Annath дали си ти стоматолог по професија ? Сега читав дека ако имаш гнојна кеса ама и не сум сигурна дали е гнојна кеса и ако имаш качено температура (сега немам температура) може да дојде до сепса? Или големата анксиозност и премногу читањето на нет си го прават своето? Сега ми текна дека едно дете пред неколку години умре од тоа ...
Батали гугл, слушај си го стоматологот. Ако пиеш антибиотик ќе се среди. Утре ќе одиш пак на забар, ќе го дочисти.
И јас имам скоро сличен проблем само од десната страна на вилицата. Пијам B-complex апчиња и сега фала богу подобро ми е, инаку со месеци ме болеше. Кај мене беше зглобот, чувствував како ми крцка додека јадев. Доколу сеуште те боли, можеш да пробаш со нив, не се воопшто штетни, башка тоа е витамин.
Препорачајте ми добар стоматолог во Карпош , кој работи со Фонд , сакам да изберам матичен стоматолог ?? И колку се движи цената на пломбирање заб на приватно , а колку преку Фонд ? Благодарам
Здраво. Долу околу тројката како да ми е непцето воспалено, подуено и подизлезено надвор од забот. Чаре?
Lugje sabajle se razbudiv so poduvana zlebina kaj 8cata samo sto uste ne mi e iskocena.. malce samo shto da pijam cela vilica me bolii goree
Што е муабетов ? Пробувам да закажам термин за пломбирање, во повеќе ординации во Скопје и ми кажуваат термини 6,10, Ноември ? Па дали ова е нормално ? Треба да се шетам со пола пломба останата во забов пола месец ? Страшно !!
Дечки, дали работат стоматолошки ординации за неитни ствари (поправки, пломби) со оглед на ситуацијава со вирусов? 12 години не сум била на заболекар (знам срамота ) и немам некоја мака, ама сакам да сменам метални пломби и да ги средам забиве еднаш засекогаш.
Вака сега. Ми растат двете 8ци горе,лево и десно. Прашањето ми е Дали ако не се извадат ќе ми ги искриви предните заби? Мора да се вадат?
Зависи колку ти се збиени забите. Може, но и не мора. Најдобро да се консултираш со ортодонт. Мене не ми направија проблем, ама имав место.
Се допирав сега, видов дека има простор измеѓу 7ца и 8ца. Ама уште се мали, кога ќе нараснат можно е да го фатат тој простор и све да ми избуткаат?