Ve mola za pomos ova me Maci mnogu Dali Ima nekoj volkua pateno ili vakvo. Iskustvo Problemi so nepcata vospaleni nepca pa veke duri cel mesec I poveke da nema çare za vakvo vospaleni. Sekoj den kaj maticnijot zabolekar Koristi sve sto e naj dobro Pasta LAKALUT Cetkan MEKA LAKALUT konec za cistenje Cajevi za zaburkanje Gingival gelovi Nikakov antibiotik ne ja smiruva bolkata Osven inekciji ketonal,trondon,deksazon Pa veke ne moze da podnese tolkava bolka Pomos sovet nesto
Не знам од каде си, ама ако си од Скопје можеш да појдеш на клиника, одд болести на уста, доста стручни се и мислам дека ќе ти помогнат да го решиш проблемот со воспалени непца.
Здраво, Ве молам за мислење, сакам да правам коронки на предните горни заби, бев на неколку консултации и се мислам за др.Ане Котев. Би била многу благодарна ако има некој искуство да го сподели за овој доктор, сакам забите да ми бидат совршени колку е тоа можно, дали има некој искуство за протетика со овој доктор ?
@Annath имам дупка на пломбата на долна 6ка и изгледа и дупче на горна 5 ка и двете ме болат, ми е страв да одам на лекар ради ситуацијава, што да пијам? Пијам аналгин и се смирува друго нешто што можам? Инаку дупката на пломбата на долната 6ка ми е стара ама уште доев тогаш па не отидов дека без анестестезија не можам, па фати короната....
Бруфен можеш. Ама мора да одиш на стоматолог, да се санираат забите, оти ситуацијата може да се влоши и да се искршат. Што побрзо, тоа подобро, генерално стоматолозите следат протоколи, не се плаши.
Денес приметив дека ми е поткршено многу мало делче од 6ка доле. Пред најмалце 10 год изваден е живецот, а на последниот преглед кај нов заболекар, на снимката виде дека некој канал не бил убаво очистен, но почна короната и тоа не се среди. Оттогаш сум немала особени проблеми со забот, освен дека сосем малце ме поднаболуваше периодов на благо, но не сум сигурна дали болката доаѓаше токму од него. Доколку има заболекар тука, колку е итно да се оди, или може да почека? Заради пандемијата се плашам да закажам на заболекар. Уште едно прашање до заболекари или оние кои биле какви протоколи има и колку се почитуваат истите? Колкав е ризикот?
@ginger Кај мојот стоматолог добро се следеше протоколот.Мерат температура,сите носат маски и ординацијата се дезинфицира пред и по секој пациент. Не се плаши,почитувај мерки. А,за твојот проблем,ќе ја тагнам @Annath .
Се почитува протоколот, слободно закажи на забар, да не се мислиш од каде е болката. Една нова снимка ќе направиш, и ќе го средиш забот. Ако е мртов одамна, после средувањето стави навлака да го заштитиш од кршење.
Каде сте ставале коронки и која цена се? Јас треба да ставам доле на 6ката но објаснија дека мостот се поврзува со 5ка и 7мица со тоа што се стругаат па затоа 150еу ми побараа кај матичниот стоматолог. Затоа ми треба искуство. Фала ви
150e мост со 3 члена е ефтино. Коронка се става кога имаш свој заб, мост се става кога ти фали заб и мора забите до празниот простор да се стругаат за да се стави во средина заб.
Здраво девојки. Мислам дека најмногу одговара тука да прашам за мојот проблем. Ми излегува умник од левата страна, болки сега за сега немам големи, од време на време, но уште се немам напиено апче против болки, што значи се издржува. Е сега грлото ми е воспалено, ми се собира секрет цело време и на спротивната страна, на десната, имам кај крајникот топче бело. Од понеделникот почнав со антибиотик, грлото како малку да ми се смири, но уште ме боли, но оваа топчето уште си стои и страшно ме нервира. Крајникот не ми отечен, за да мислам дека ми е загноен, а и секако до сега од антибиотикот требаше да се повлече. Ве молам за искуства, дали е можно да е од умникот, се другото е ок, но ова топчето ми го вади паметот.
Знам дека во темава се прашува често за препорака на добар стоматолог/протетичар и кога има одговор, кога нема. Сега ми требаа сериозни препораки, бидејќи морам да ставам добри 6-8 навлаки/коронки и цела година штедам исклучиво за ова. Од тие причини страв ми е дека нема да го направам правилниот избор. Така да, ги замолувам сите со одлични искуства да ми предложат каде да се обратам. Може и совет на што да обрнам внимание правејќи го изборот, навистина не знам како да се ослонам на конкретен протетичар со оглед на обемната работа која треба да ми ја изработи. Секој совет е добродојден!
Да баш така објаснија. Штом мислиш дека е евтино супер да не се надевам на уште поевтино Битно да сум задоволна од коронките.
Јас кај што работам 80е е една металкерамичка коронка, така да 50е по заб е одлична цена. Би ти препорачала да побараш слики од докторот да ти покаже пациенти кои ги сработил за са знаеш што да очекуваш.