И јас сум приметила дека на луѓето што имаат порцелански заби , им потемнуваат непцата. Ене примети ја Калиопи или други , одма се познава дека имаат вештачки заби. Веројатно тоа може да се санира , ама мора да одиш на стоматолог, они ќе ти кажат како. Инаку Аннатх ни е стоматолог, ако е уклучена ќе пише, секогаш ни пишува за се во врска со забите
Јас имам некои проблемчиња во последно време со непцата.Како да ми се разранети и подуени,ме болат и одвај јадам,џвакам и голтам.Од што може да го имам овој проблем и како да го решам?
Јас го имам тој проблем со непцата исто, ама немам порцелански заби. За чудо, ниеден заб не ми е за правење. Заболекарката ми рече дека тие знаци, крварење од непцата, подуеност, неприродна (розова би требало да биде) боја и непријатна миризба можат да значат почеток на пародонтоза, што е многу непријатна болест на непцата, а ги зафаќа и забите. Пиев 2 вида на таблети и ми даде гел и спреј Gengigel кои ги ставам во текот на целиот ден:гелот сабајле и навечер, а спрејот во текот на денот. Ми рече да ги мијам забите после секое јадење и тоа со јако четкање и со паста за заби Lacalut. Еве пред некој ден бев на контрола и се е во ред, само гелот и спрејот нема да ги прекинувам. Сепак имаше голем ефект од нив. Јас такво искуство имам и можам само да те посоветувам да одиш на стоматолог и да видиш. Сепак не сме сите исти, тие се стручни и знаат што треба. Се надевам се ќе биде ОК. Позз
Го имав проблемот со парадентоза ама имав почетна фаза на парадентоза и тоа само едната половина од вилицата, ужасно ме болеа непцата не можев ништо да јадам и нон стоп ми крвареа ... бев кај матичниот стоматолог и ми даде да пијам капсули, сега не ми текнува како се викаа, и требаше да се мијам со паста лакалут актив после секое јадење и да ја плакнам устата со камилица ... мене тоа ми се направи од тврдата четка, затоа што нон стоп ги миев забите и мн ги трзав непцата дури не ми прокрвават, ама ете сега памет за др пат ... сепак најдобар совет е право кај стоматолог поздрав
Како прво, извини што доцнам со одговорот. Твојот проблем со непцата е нормална појава кај најголемиот број луѓе кои имаат ставено некаква протетска надградба, било да е тоа акрилат, метал керамика или само порцелан. Самата протетска надградба претставува туѓо тело во устата, а секое туѓо тело предизвикува реакција. Секоја протетска надградба што се прицврстува за забите на било кој начин врши притисок на околните ткива, па така влијае на циркулацијата со тој притисок, со што доведува до промени и потемнување на ткивото. Порано, кога се употребуваа помалку квалитетни материјали (метали) доаѓаше и до обојување на забите носачи, не само на околното ткиво, т.е непцето. Можеш без страв да одиш на стоматолог, нема потреба да се менува ништо, само почесто четкање, со медиум четка и паста со гранули, потоа примена на анти плак течност за дезинфекција и освежување, а исто така можеш од време на време да ставаш Генгигел или Гингивал Ц - помагаат во регенерацијата на ткивото. И уште нешто - забите носачи на протетската надградба се оптоварени поради поголемиот притисок и скоро секогаш кај нив доаѓа до појава на пародонтопатија (народски кажано парадентоза). Тоа е неизбежен процес, кај некого ќе се јави побрзо, кај друг подоцна. Се додека ги чуваш забите, ја одржуваш усната хигиена и одиш на редовни контроли, тоа може да се контролира.
Човек може да ги има сите здрави заби, па пак да се јави пародонтопатија, или парадентоза како што ја викаш ти. Тоа е проблем кој го има кај 98-99% од популацијата, и фактички претставува болест на пародонциумот, поточно забните ткива, а не конкретно само забите. Може да зафати само еден заб, а може и да ја зафати цела вилица, тоа е индивидуално. Наследно е, не се лекува трајно, но се контролира со редовни стоматолошки прегледи и одржување на усна хигиена. По потреба се даваат соодветни лекови, ако има поголем проблем, ама конкретен лек нема.
Да, точно. Затоа сега само на контрола кога треба и користење на се што треба за да биде се ОК. Фала на објаснувањето
вчера бев на забар,ми го правеа забот со анестезија и изгледа повеке ми бил расипан и ми ставија лек за умртвуванје на живецот,за три недели треба да одам пак да ми стават лек и ке ми го вадат зивецот на забот.Првпат ми се случува ова и сакам да знам дали е ова сериозно,дали ке боли?
Нема да боли бидејќи веќе нервот ќе ти биде умртвен, па не би требало ништо да чувствуваш. Ќе ти ги исчистат коренските канали, а тоа боли само ако „на живо“ ти го вадат нервот, без анестезија или без претходно умртвување. Не се грижи, не е ништо страшно
Мене еднаш ми вадеа нерв и да ти кажам ич не ме болеше, појма немав што ми прават додека не видов како ми вадат една долга жичка како спирала од забот, со тоа го чистат каналот. Инаку ич не боли, да не ти биде страв. Само после неколку години ми потемни забот, и сега некако грдо ми личи, добро што е 5ка и е горе па не се гледа.
Нормално дека ќе потемни. Забот добива крв од тој живец, поточно тоа се вика забна пулпа и кога таа ќе се воспали и ќе изумре, потемнува и забот, станува покрт, помалку еластичен и поподложен е на кршење (што не значи дека лесно може да се скрши).
фала ви за брзиот одговор,добро е стом не е страсно..инаку и мојот е петка хаха а како ке потемне?темно како црно или накај жолто...леле ама грдо тоа
мене,на двете вилици непцата кај некои заби ми се воспалени,црвени и здебелени, кога ке се мијам заби често ми крварат, купив паста lacalut, а купив и gengigel,инаку многу е скап. но веке една недела го користам се мачкам по 3 пати на ден и пак исто ми е, никакво подобрување.а аптекарката ми вика сигурно ќе ти поминат од гелот, ама ништо од тоа, веќе незнам што да правам. Дали некој има користено gengigle, и дали им помогнало....
Јас пишував погоре за Gengigel. Веќе неколку месеци го користам и гелот и спрејот. Точно е дека се поскапи, ама мене уште од 3 ден почнаа да ми се гледаат резултати, така да, со задоволство ги препорачувам на сите. Мене многу ми помогнаа, а и пастата Lacalut. Позз
А да одиш на стоматолог да види конкретно каква е ситуацијата? Јас би ти препорачала со Гингивал Ц да пробаш да се мачкаш. Четката за заби нека ти биде со средна тврдост, не тврда, ниту пак мека. Веројатно кај тебе е т.н локализирана пародонтопатија, и можеби има потреба и од чистење на џебовите и локално ставање на соодветно средство кое содржи кортикостероид и антибиотик. Можеш да пробаш и со течности за плакнење на устата Хибидекс, Хибитан, Хексорал - ги има под повеќе имиња, ама важната состојка е иста. Во секој случај, најдобро е прво да одиш кај матичниот стоматолог.
Да мојот потемне темно накај црно, и тоа тројката умртвен ми е нервот, трипати ми го правеа до сега, па ми се скрши и сега имам пола заб не знам што да правам, ќе си ставам златен
Hello, Jas sakam estetski da go podobram izgledot na moite zabi, pa denes bev na stomatolog da se konsultiram. Ke stavam porcelanski zabi, ama za da go dobijam posakuvaniot oblik ke treba da izvadam edna trojka gore. Pa bidejki neli se veli deka tie se ocni zabi me interesira dali moze da ima nekakvi posledici od negovo vadenje, dokolku nekoj znae ili vadel ako moze da mi kaze... Thanks
Ако е точно дека имаш 11 години како што ти пишува на профилот, сеуште немаш потреба од ставање на порцелански заби, твоите заби сеуште се развиваат и не верувам дека било кој стоматолог ќе ти става порцелански заби уште од сега. Ама мислам дека си постара, сигурно имаш барем над 22 години. Малку ме чуди тоа што ќе ти ја вадат тројката, освен ако ептен ти стрчи надвор од забната низа. Во принцип тројките се оставаат, затоа што се столбни заби, доста цврсти и здрави, а се вадат четворки или петки. Ама тоа се применува кога се користат фиксни, или поретко мобилни, апарати за исправање на забите.Зошто не пробаш со исправување на забите прво? Инаку, не би требало да има компликации при вадењето на тројката, ама може тоа да оди малку потешко бидејќи сепак се работи за вадење на здрав заб, со доста долг и цврст корен. Не знам каква е ситуацијата кај тебе, ама не верувам дека ќе има некои компликации. Можеш и друго мислење да побараш, можеби постои поинакво решение за твојот случај.
Annath јас во четврток ќе го вадам катникот, ептен се искомплицира работава. Цел катник е излезен, ама половина од забот се наоѓа надвор а другата половина е во непцето, ама не во долното непце туку во вертикалното непце од вилицата, дека е последен немало место и си израснал баш во месото на крајот од вилицата. Како да објаснам, кога го гледаш забот левата половина е во месо а десната надвор . И поради тоа почнал да се расипува. Сакам да те прашам , тешко ли се вадат катниците и имаат ли голем корен? Знам дека шеските имаат голем корен , што е со катниците ? Мене ми е проблем што мора малку да ми го сецнат месото, знам дека ќе биде со анестезија ама сепак ме фаќа паника.
^^Во принцип, штом е забот излезен, макар и до половина, полесно е да се вади. Многу зависи и од тоа какви се корените. Ако има повеќе корени (обично умниците имаат повеќе) - можат да бидат или залепени еден до друг и повиени на една страна (така многу лесно излегува), или пак раштркани на сите страни (тогаш може малку подолго да трае вадењето, ама не е тешко, штом е забот видлив во устата). Ако е забот целосно во коската, тогаш малку подолго трае оперативниот зафат. Умниците се доста варијабилни во корените, па може да се погоди дури и да имаат само еден корен, како предните заби. Ако не е многу расипан, и ако е добро поставен во низата, може да ти направат само циркумцизија, т.е да ти го отстранат непцето што ја покрива втората половина од забот, па кога ќе зарасне, забот да се пломбира. Ама тоа е можно само ако тој покриен дел не е во коската. Ако е покриен и со коската од вертикалниот дел на вилицата, тогаш веројатно ќе мора да се вади. Во секој случај, нема место за страв и паника, се ќе биде во ред, тоа е веќе рутинска операција во денешно време и брзо заздравува местото после операцијата. Слична ситуација имав и јас, долниот десен умник ми излегуваше накај образот, до половина покриен со непце. Ми правеа циркумцизија, затоа што нонстоп ми отекуваше местото од храната што ми се собираше под непцето на тоа место. Сега, да чукнам во дрво, немам проблеми, а забот се уште си стои на место.