Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Нема логика да трпиш и да се измачуваш, отиди да ти ги поправат забот или забите колку и да се. Здрави заби се пола здравје!
     
  2. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Any help for me? :$
     
  3. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    (За карање сум)
    Нешто повеќе од две години немам посетено стоматолог и не сум имала потреба, се до пред еден месец...На 5ката или 6ката горе чувствувам шуплина (на еден од нив два е, незнам на кој точно) и страшно ме нервира кога нешто ќе ми заглави во неа! Не се сеќавам дали сум имала таму пломба, а и да сум имала, не сум почувствувала дека ми паднала.. Понекогаш имам болки, не толку страшни, но ми доаѓа да го откорнам забот. Малку ме боли ако задржам на тоа место ладна вода или ако ми влези студен воздух. Имам приметено и дека бојата на тој заб се разликува од другите заби (има некоја посветла боја од другите).
    Цело лето се нечкав-не денес, утре, не утре, задутре и не отидов. Мислам дека станува збор за кариес, но ми е страв да не е дојдено и до нешто полошо :^) Што би можело да ми биде?? (сигурно има некоја феминка која е стоматолог или барем која студира стоматологија)..
    И дали може да ми препорачате добар стоматолог во Скопје, кој работи со сини картони?? И колку пари би ме фатила поправката на забот со сино картонче?
     
  4. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126

    И јас го имам истиот проблем
    Заболекарката ми рече дека тоа ми е од крајниците и единствен лек за тоа е... да се извадат :sweat:
    Јас здравје планирам наскоро да ги вадам, само никако да соберам храброст. А дотогаш... ке морам да ги трпам :@
     
  5. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Сакам пак да прашам нешто за 8миците.. Значи горните две ми останаа, доле ги извадив. Колку може да ги искриват забите, премногу или..? Најмногу поради тоа би ги вадела, горните не ми се ептен приметливо криви, би сакала така и да остане, ама па ако не можат да направат драстична промена би почекала. И осеќам дека со едното врвче едната веќе е излезена, отприлика за колку време би пораснала доволно да може да се извади со клешти, без операции?
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Некаде пишав претходно за мојот заб, ама ќе ја прашам Анат пак, доколку не и' е тешко да ми одговори. :)

    Значи вака, мојата предна 2ка е пломбирана. Кога пломбата паѓа, не снемува само ситно делче, туку повеќе од 1/4 од забот. Изгледа буквално како скршен.
    Претпоследната пломба траеше можеби две години, а оваа ко да ми се рони полека, а поминаа околу 6 месеци од последното пломбирање.
    Тогаш заболекарот ми рече дека тој дотичен заб е малку модар, и нема изгледа живец, зашто не реагираше на струја. Го сликнавме и требаше да се пречуеме за да видиме дали ќе може да се лечи некако.
    Ама јас среќната, си имам пломбиран заб, замаскиран, исполиран, баталив и не отидов повторно за лечење на забот.
    Го решив краткотрајно проблемот, битно ми беше само однадвор да изгледа супер.

    Сега, што е најпаметно да се направи на подолгорочен план?
    Да се стави навлака?
    Или целосно нов заб? Или да му дадеме шанса за да се лечи истиов и да се пломбира буквално на година дена?
    :(
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.210
    Допаѓања:
    156.929
    Ко лаик,или жртвувај 400 евреи и стај му ламинат,тенок ко нокт,откако ќе ти го излечат и стават нова пломба или кога веќе е отиден 1/4,стави му навлака и трајно ќе го решиш проблемот,ама гледај во посолидна ординација да одиш и да платиш поскапо,битно е убаво да изгледа и плус се работи само за еден заб.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.218
    Допаѓања:
    56.891
    Пол:
    Женски
    Баш пред некое време стоматолог на мајка ми и’ рече никогаш локално да не става апче (за истиот метод со аналгин стануваше збор). Таа отсекогаш си ставала толчено апче, па ако има Анат време ја молам да ни разјасни дали е ова правилно или не (второ мислење да слушнеме :$ ).
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.210
    Допаѓања:
    156.929
    Има една течност,dr.reckeweg r27 renocalcin,ја употребував кога ми растеа умници,имав неподносливи болки,а потоа братучетка ми ја употребуваше против забоболка на седмица...е сега Ана нека каже дали може или не.Јас во аптека си прашав и тоа ми препорачаа и си купив,не се сеќавам на цената.
    Со стапче за уши или памук се нанесува и се држи неколку минути.
     
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Место аналгинов што го толчите, знам мајка ми и брат ми пијат: аналгин ампула.
    Мислам дека заболекарката на брат ми му имаше препорачано, кога му извадија заб.
    Работата со него е што, побрзо делува.
    Но не сум баш некој познавач.
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Се сеќавам и јас дека ми давале ампула аналгин. Јас сега кога ме боли заб ставам крема на забот, од аптека, најверојатно е нешто слично на тоа Лилит што го опиша, имаат анестетик во нив и го отрпнат местото. Единствен проблем и е што ми отрпне и јазик и уста заедно со забот, па се лигавам некое време додека не помине дејството.
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Да прашам едно глупаво прашање, знам не е логично ама дали постои можност расипан заб(или заб што си мислел дека ти е расипан што те болел при допир со ладно и уште те боли) да се поправи сам, т.е да не биде расипан сам од себе да се поправи и повеќе да не чувствуваш болка без стоматолошка интервенција?
    Според мене не е можно, ама сакам стручно и лаичко гледање на оваа работа по можност и одговор без смеење. :^)
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ова не е стручно мислење, ама заб кога боли од допир со ладно не значи дека мора да е расипан. Може е едноставно сенситивен. Мене ми се деси тоа кога немам одено на заболекар повеќе време за да исчисти убаво таму кај што мојата четка не допира. Некогаш само со промена на пастата за заби или подобро чистење околу непцата од забот, сенситивен заб може да се врати во нормала за неколку дена.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.552
    Допаѓања:
    201.686
    Пол:
    Женски
    Простете ми што доцнам со одговориве, ама конечно еве ме (знам, за карање сум, ама се надевам ќе ми простите :wasntme: )
    Одиме со ред :)

    Дефинитивно ти е од крајниците. Ако навистина ти прават голем проблем, и ако барем двајца доктори ти препорачаат, тогаш е најдобро да ги извадиш. Или пробај со тоа што ти го советуваше Дузи во друга тема, можеби ќе ти помогне.

    Само да одиш на стоматолог. Со средствата против болки не го решаваш проблемот, само го маскираш - и болката пак ќе се јави, само поголема, и најчесто е тогаш доцна да се среди забот.

    Најверојатно е кариес штом ти реагира на ладно, и најубаво ќе биде да одиш што поскоро пред да напредува повеќе. Постои можност да има и реакција од непцето, т.е да има џеб, штом не можеш точно да дефинираш за кој заб се работи. Но поголема е можноста дека е сепак кариес.
    За препорака за добар стоматолог што работи со плави картони во Скопје може некоја друга феминка да ти даде, јас знам неколкумина што работат исклучиво приватно, без картони.

    Па би требало брзо да изникне, штом веќе го чувствуваш врвчето, иако и вака може и со клешти да се извади, само да се сецне непцето. За да се избегне оперативно, најважно е коронката на забот сосем да биде излезена од коската (што најубаво се гледа на РТГ снимка ако забот е покриен со непце).



    Искрено, мислам дека е време за заб на колче со навлака или пак само навлака на тој заб, а кое решение е подобро, ќе зависи од самиот заб, колку е здрав коренот и дали има добар канал. Ако е можно, се прави метално колче кое се става во коренот од забот и се прекрива со навлака, а другиот случај е да се иструга забот и да се прекрие со навлака. А ако нема чаре за забот, односно ако е веќе дојден до фаза на вадење, може со покласичното решение - мост, или пак помодерното, поисплатливо решение - имплант.
    Мој совет ти е имплант, мислам дека тоа во твојот случај е најдобра опција. Ама треба да го направиш кај добар имплантолог, и малку повеќе парички да дадеш, а другите може да ги направи кој било стоматолог.
    Гледам дека Лилит ти препорачала ламинат, ама за тоа е малку покомплицирано, со оглед на тоа дека забот не ти е цел, ламинатите понекогаш бараат посебни услови за изработка.


    Ставањето толчено апче во забот кое доста често се практикува кај нас, не е препорачливо, нема да му помогне на забот, само малку ќе ја смири болката, а може да предизвика надразнување и оштетувања и на забот и на мекото ткиво. Со смирувањето на болката само се одложува решението на проблемот, штом забот боли неиздржливо, значи има некоја причина, а најдобро тоа ќе се види ако се посети стоматолог. Е сега, индивидуално е кој колку може да издржи болка, ама штом веќе има отворен заб, значи треба да се лекува.
    Што се однесува до ренокалцинот, тој не е конкретно за заби, но помага исто моментално. А домашен лек за забоболка е каранфилчето - масло од каранфилче (oleum cariofilorum) е составен дел од лекот кој вообичаено се става на забот.
    Има секако и други средства (водички и кремови) кои можат да се купат во аптека, ама со нив само се маскира проблемот, како што кажав и претходно.

    Не постои можност расипан заб сам од себе да се поправи, поверојатно е дека се работи за осетлив заб кај кој се јавува болка поради одредени силни дразби (ладно, топло, кисело - лично мене на кисело ептен ми реагираат забите и ме болат), па после одреден период таа болка поминува. Едноставно, кај тие заби глеѓта е тенка на инцизалниот (гризниот) раб или на џвакалната површина, па тие заби поинтензивно реагираат на такви дразби. Има специјални пасти за такви заби, Lacalut или Sensodyne за осетливи заби.
     
    На Lux, Jojoba, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. dlikedevil

    dlikedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    55
    Анатх и јас сакам да те прашам нешто т.е си имам проблем. Пред неколку години кога правев рендген снимка покажа дека долните 2 осмици ми ратстат криво (накај 7миците) и тогаш заболекарката ми рече дека ќе дојде ден кога ќе мора д ами ги оперираат (да ми ги вадат од коска). Едната осмица фала Богу сама по себе ми се исправи и излезе (иако со мн болки), но оваа осмица од десната страна не излегува а 7мицата ми е сосема малце излезена пошто тогаш докторката ми рече дека 8мицата не и дава на 7мицата да излезе бидејќи ја бутка странично. (Сега не знам колку ме разбираш, и јас можда не знам да објаснам како што треба). Кои се симптомите ако морам веднаша да одам на операција пошто овие неколку дена имам болки во грлото, крајникот не знам ни јас како да не можам да проголтам, осеќам како да ми стои нешто во грлото (бев на уво, грло, нос ми рекоа дека е само малце црвено но дека немам ништо во грлото) а и кога зевам ме боли па се прашувам да не ми дошол денот а операција, а вака болки кај забот немам? Благодарам однапред и поздрав
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.552
    Допаѓања:
    201.686
    Пол:
    Женски
    Мој совет ти е да одиш на преглед, најверојатно ќе треба да се вади осмицата, штом ти притиска на 7, и ти причинува болка во грлото. За да не ти прави проблем со седмицата, т.е да не останеш без неа (понекогаш осмиците можат да предизвикаат ресорпција на коренот на седмицата, па забот да се разлабави малку), извади ја осмицата поскоро. А симптомите може да бидат различни, но главна е болката во вилицата која може да се шири и во грлото, и притоа да има пречки при џвакањето и голтањето. Некогаш може да се јават главоболки без да боли самиот заб. Како и да е, изгледа дошло времето за вадење.
     
  17. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Утрово вадев умник и сега ми се плаче од болка ;( ! Пред неколку месеци се ,,ослободив,, од еден умник и поминав лесно, ептен лесно го извадија и немав скоро никакви болки! Се надевав дека и денес ќе поминам полесно но напротив, ми ставија двапати анестезија и плус стоматологот многу време се мачеше додека да го извади! Теглеше, влечеше чиниш устат ќе ми ја распарчи :tmi: и на крај ми стави некаков лек на местото оти длабока била раната! Сега поминува анастезијата и јас чувствувам се посилна болка и во забите (цела вилица) и во увото а најмнегу ме боли слепочницата! Поточно цела страна од лицето ме боли страшно многу! Ме плаши тоа што сеуште не ми е поминала целосно анастезијата а јас веќе осеќам болки кои не можам да ги трпам, што ли ќе биде после саат време кога целосно ќе исчезне дејството на анестезијатаа!?!
    Annath што да правам, нормално ли е да осеќам силна болка во пределот околу окото (аркадате де) и што да земам против болки! Стварно многу ме боли дури се мислам пак да појдам до стмакологот оти ова ми се чини дека не ќе можам да го издржам!
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.552
    Допаѓања:
    201.686
    Пол:
    Женски
    Болката е очекувана со оглед на тоа дека доста се изнамачил стоматологот при вадењето на забот. Може да те боли неколку дена, но со помал интензитет. Ако наредните денови се зголемува болката, веднаш да одиш кај стоматологот да ја провери раната. Инаку, денес не зборувај многу, јади поладна и течна храна, ако се јави оток ставај лед однадвор, пиј аналгин или кафетин за болка, што и да ти помага. Вентор не ти препорачувам во никој случај, поштетни се од другите аналгетици. Не прави гаргара, немој ни да ја плакнеш устата денеска за да се направи добар коагулум и побрзо да зарасне раната.


    Едит: и нормално е дека ќе те боли и главата малку, особено ако си вадела горен умник.
     
    На mina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.218
    Допаѓања:
    56.891
    Пол:
    Женски
    Мина да ти кажам што мене ми помогна, ист случај имав: земи две поголеми парчиња стерилна газа, наводени ги, стави ги во најлонски кеси и стави во замрзнувач. Па наизменично ставај ги на местото, кога ќе се стопли едната ја ставаш во замрзнувач ја земаш другата.
    Кога ќе го изладев убаво местото не ја осеќав претерано болката. И пиев бруфен.
     
    На mina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.552
    Допаѓања:
    201.686
    Пол:
    Женски
    Само да дополнам, ако пиеш бруфен или нешто слично, немој на гладно, оти прави проблеми со желудникот.