Долу е, десно. Само едниот крај од забот е само малку излезен, едвај се гледа, не цел крај. Кога ти ги вадат конците боли? Јас општо немам страв од заболекар, од мала секогаш сама и редовно одам. Ама дека не е излезен, ќе треба непце да се сечи, па од внатре да се вади ми е стравот.
Не боли воопшто. Не ни осеќаш. Моите не беа ни малку израснати. Буквално најлесен дел ми беше таму операцијата, вака само ти делува језиво. После ќе ти биде мака заради отокот, и ограничување на храна, инаку немав некои болки ниту проблеми. Ама јас премногу отеков, таква сум, склона на оток и модрици. Тебе може и нема да ти отече толку многу.
@Annath денеска вадев заб 5ка горе, докторот ми рече ако ме боли да се напијам кафетин, но немам дали можи вентор да се напијам.
После колку денови од пиење на антибиотик ви се смирувал заб? Пијам 2 дена, ама мислам дека нема некое подобрување и ми е страв...Воспален е и некој лимфен јазол под вилицата, боли при голтање... П.С. Забот боли само доколку го чукнам и на притисок, онака не. Ме нервира болката под вилицата кога голтам..
За чистење забен камен оди цена од еден заб или како? Мене треба да ми чистат 2 заба ама не знам колку пари да си понесам.
Прв пат слушам за ова цена од еден заб. Валда кога ќе земе да ги чисти ќе ги провери сите останати заби. Оддамна беше не се сеќавам за цена, се си мислам околу 500 дека ме кошташе, ама не сум сигурна бидејќи и заби поправав во сметката. Еднаш од еден заб ми исчисти камен без пари, бидејќи ми поправаше и заб. Кога како ќе им текне..
Мислам дека е иста цената, дали два заба или сите не им е битно. Освен ако не ти е пријател стоматологот па така да те части бесплатно, новогодишно.
Чистење забен камен е 200 денари од квадрант што значи 800 денари за цела уста. Ако инсистираш и ако тие два заби се еден до друг (во ист квадрант) можиш да поминиш со 200 денари, но со самото чистење се опфаќа и делот од вратот на забот што е под гингива, што значи можеби имаш наслаги под гингивата а не ги гледаш (субгингивални конкременти), така да, најпаметно ти е сите заби да ти ги поминат.
Пред 1 недела матичниот заболекар ми кажа дека имам гнојна ќеса на 1 и морам на операција.Отидов на ренген го сликаа забот и со сликата отидов кај Др.Маролов (Штип) тој ја виде сликата и забот и ми рече да пробаме да го средеме со 3/4 лекови и после пломба.Си дојдов дома и сега почна по малце да ме боли... Некој со слично искуство и како е можно гнојна ќеса туку така без операција да се среде ???
@cobra666 сум немала такво искуство, но имам две познанички што имале таков проблем. Гнојот задолжително се вади. Никакви лекови ниту пломби. Тоа може понатака да доведе кон други компликации.
Може и без операција да се среди, само солидно и темелно да се обработи и дезинфицира каналот. Има многу успешни стории каде што вакви ситуации се решавани со конзервативна терапија, значи без да се прави било каков оперативен зафат. Што ти правеше денес и колку е силна болката што ја чувствуваш?
Зема со една игла и бидејќи имав дупка во забот направено само направи поголема и иглата имаше одвратен мирис , го исчисти забот и ми стави лек и ми кажа на 2 дена со матичниот ќе го менете лекот , а болката е ептен минимална
А што подразбираш под обработување на каналот , јас се извинувам , но стварно не знам што значи тоа па ако може мало појаснување.. И фала ти на одговорите до сега
Да се прошири, исчисти и дезинфицира. Па да се полни со лек, ама веројатно проценил дека сега е доволно само да се отвори за дренажа. Кога се обработува каналот, се полни со лек на одредено време за да го лекува процесот или гнојната ќеса како што ја викаш, после се затвора дефинитивно, со пломба.