А што подразбираш под обработување на каналот , јас се извинувам , но стварно не знам што значи тоа па ако може мало појаснување.. И фала ти на одговорите до сега
Да се прошири, исчисти и дезинфицира. Па да се полни со лек, ама веројатно проценил дека сега е доволно само да се отвори за дренажа. Кога се обработува каналот, се полни со лек на одредено време за да го лекува процесот или гнојната ќеса како што ја викаш, после се затвора дефинитивно, со пломба.
Фала ти многу на брзите одговори сега ме охрабри и се надевам дека се ќе биде во ред и нема да има потреба од операција
Preporacajte mi dobar doktor/ka na klinika za vadenje korenja pokrieni so nepce znaci mi treba navistina dobar doktor bidejki imam premnogu strav i zatoa si dojdov sega na 34 god da stavam zabi od toj pusti strav sto go imam
На клиника сите ти се добри, кај кој и да си нема да згрешиш. Башка во различен ден, различни доктори ти се на прием, кој ќе те прими, со него ќе си се договориш.
Јас успешно излечив два заби со доста гној во нив обата. Двојка и шестка. Е сега двата заби ги лечев по два месеци секој, (шестката остана уште да се наполнат каналите и да се стави пломба), процесот е доста напорен и досаден да речам, ама не е болно, секоја недела на стоматолог, некогаш и по два пати неделно, но најбитно е што не стигнав до операција, за среќа.
Колку е безбедно да се оди сега на забар? Мака мачам со еден заб не можам веќе да го трпам, а се плашам премногу да одам
Девојки, ми трева совет/искуство. Забот почна да ме боли пред 20 дена. Почна да боли на голтање, ми кажа стоматологот лимфните јазли се. Пиев Амоксиклав, болката се повлече. Но еве, од вчера повторно на притисок само, нема шанси да џвакам на тој заб. Немам болка при голтање или под вилицата како првиот пат. Има кариес, дупка пд задната страна, ја чепкам храната и изгледа премногу чепкам во забот. Дали и тоа чепкање може да доведе до болка? Ќе го сликам па ќе видам што ќе правам, веќе не се поднеаува. И дали е можно 10 дена по прекин на антибиотик да се врати веднаш инфекција?
Има дежурни стоматолози. Антибиотик да ти препишат, да ти го отворат забот, да стават дрен и да пиеш со антибиотикот и серапептазе, ако имаш болки, нешто за болка. Рецепт мора да ти дадат, инаку не можеш да земеш антибиотик.
Sensodyne паста можам да најдам по маркети или само во аптека ја има? Sensodyne pro namel или complete protection поточно.
А дали е озводливо на останати корени од заб (коронката е скршена) да се надгради некако скршениот дел? Или мора да се вадат корените?
Зависи во каква состојба се корените. Ако се убаво наполнети, без процес околу нив, ако не се кариозни под ниво на коската, тогаш можи да се надоградат, во спротивно, треба да се извадат. @Ahoy Мислам дека имам видено во маркети таква паста.
Операција на циста на заб односно во вилица немам таму заб изваден е многу одамна, не ме боли случајно откриена на панорамска снимка. конкретно на горна вилица кај некогашна шестка искуства ве молам. Болка при третман, времетраење, нелагодност дали од анестезија или од апаратурата, пост оперативно искуство болки оток и тоа. Се ме интересира се оперирам во понеделник