Здраво, дали некој го имал истиов проблем. Пред 5-6 медеци почна да ми "крцка" вилицата на јадење. Беше еднаш или два пати и го зАнемарив тоа. Пред два месеци почна почесто, како вид изместување да чувствувам и болка кога ќе џвакам, отварам уста... Бев на стоматолог ми кажа дека мора протеза затоа што горната вилица ми била многу напред. Последнава недела е почеста болката. Дали носењето фиксна протеза ќе го реши проблемот? Дали некој имал слично искуство. Фала
Имам едно прашање, на пастата лакалут го пишува датумот кога е произведена или до кога треба да биде искористена?
Види убаво на декларацијата.На некои производи го пишува датумот на производство и пишува рок на траење две години од датумот на производство, а на некои пишува рокот на траење е виснат на амбалажата. Сигурно го пишува едно од овие две.
Насабајле кога ќе станам осеќам крв во устата и непријатен вкус, ми расте умник веќе два три месеци и уште не е скроз излезен, можно ли е тоа да е причината?
Што е следен чекор после веројатно неуспешна апикотомија? Ме боли после две години од апикотомија, има начин да се среди или ваѓање?
На допир минимално ме боли таму ама повеќе од пола ми е израснат, а инаку не ми крварат, освен кај тој што расте ако стиснам посилно зошто имам електрична четка
Леле вади го одма, мене цела вилица ми ја искриви, животна грешка ми е што чекав 100 години да ги извадам умниците и ај што ми ја искриви цела вилица туку почна да меболи за време на доење па на цела мака морав без антибиотици таа болка да ја трпам.
Дали минималните естетски стругања на забите се штетни? Сакам тројките да ги израмнам малку за да не ми се како на аватаров, па ако некој има искуство да сподели супер би било
Од која паста за заби сте задоволни, битно ми е да дава доста свежина и по можност да е за осетливи непца, некогаш знаат да ми крварат..
Крварењето може да биде поради воспалено забало. Најдобро посети стоматолог. Можеби треба да се исчисти.
Бев, се е во ред само повремено дека користам електрична четка па знае кај некој заб да ми прокрвари ама не е страшно
Здраво на сите дали некој тука од вас знае дали може да се извадат поставените нанокомпозитни фасети а имало мало стругање ?
Имал ли некој искуство од разлилни пасти за заби да имаат ист/сличен вкус, со што и сок од боровница, корнфлејкс бес шекер,итн. При конзумирање ми имаат ист вкус..