Забот не ми е помодрен. Два пати ми е чистен а докторката инсистира да се извади . Колкав период е потребен од прилика да се излечи? Во паника сум. ( инаку при чистење на забот немам болка) И дали ако не го извадам и не го поправам ќе се јави проблем?
Побарај второ мислење. Баш тројките се лесни за работа и за лекување. Нема да има проблем ако не го извадиш. Да се исчисти, дезинфицира и наполни убаво, може да функционира уште најмалку 10 години.
Па и да има процес, ако се исчисти и дезинфицира забот и убаво се наполни, процесот ќе го снема. Коската ќе се обнови. Испиј го вибрамицинот кога веќе си го почнала, иначе за вакви процеси најдобар е клиндамицин. Ама не менувај антибиотик, терај со овој. Еве ти пример за излекуван процес на преден заб И кај тебе може да се среди, само треба добар третман.
Дечки, може е смешно прашањево но ме мачи. Дали е иста болката при растење на умник и кога забот е расипан? Значи горе умникот, т.е 8ката ми е само мааалку излезена, само врвовите што се вика( се гледа апла бела боја) а 7ката е прилепена до него и чувствувам болка, денски не толку ама ноќе не можам да спијам. На 7ката нема кариес вака однадвор. На стоматолог ќе одам нормално, само вака чисто мислење барам.
Не е иста болката, ама треба да одиш да провериш дали ти смета осмицата, ако расте накриво. Може ќе треба да ја извадиш, а може и само те боли заради тоа што расте забот.
Непцето ми е подуено, мачкам гингивал од вчера но никако да се повлече отокот. Не чувствувам болка, само оток има и незгодно е. Некое друго чаре?
Можеш и да одиш да ти го искиретираат ако не ти поминува, можеби се има храна заглавено. Мене така веднаш ми поминува.
Дали умникот (8 горе) може да се извади на класичен начин со клешти само ако малку е подизлезен, само врвовите од неколку мм се гледаат во устата, или треба хируршки во операциона сала со рез? Стоматолози и некои поискусни пишете ако знаете
Ако е излезен, без препреки од коска, може. Ама со неколку мм не знам колку е возможно, со оглед на тоа што мора да биде барем пола цм излезен за да може да се фати со клешта. Многу фактори тука влијаат, не е само колку и дали е излезен забот.
Јас ја користам на oral B sensitive, јануарито беше на попуст за 900 денари ја земав од зегин. Си има тајмер на 2 минути, а измеѓу дава сигнали на секои 30 секунди за да смениш страна (долу однадвор, долу одвнатре, горе однадвор и горе одвнатре). Се полни во струја. Мене ми е доста практична ми ја препорача стоматолог зошто многу ми се воспалуваа непцата па вака успевам убаво да исчеткам од сите страни.
Дали е болен процесот на екстракција на умник? Никогаш до сега немам вадено заб. Се плашам дека класичната анестезија која се става за поправка на заб нема да ми помогне затоа што чувствувам болка секој пат при поправањето на забите. Благодарам.
Па обично за умниците се става спроводна анестезија, горе тубер, долу мандибуларна. Во принцип не е болно, ама зависи дали анестезијата е аплицирана правилно. Генерално е безболно. Различна е болката при поправање и вадење заб.