Пред 2 дена ја поправав горната 8ка и ми ставија лек. Забот не ме боли ама образот ми е отечен и ме боли баш на местото каде што се допира со забот. Местото е црвено а во средина имам нешто бело. Дали е можеби од анестезијата или е иритација? Инаку пијам Клиндамицин и држам ладни облоги ама отокот не се симнува.
Доцна гледам, но јас имам искуство, два заби излечив така минатата година. Првиот го лечев 10 недели, вториот 8- 9 недели некаде. Напорно е, но не е болно. Зависи од случај до случај всушност. Со лесно.
Ве молам некој стоматолог или некој што се разбира да ми пише.. ми излезе некакво парче под јазикот, ако може да се консултирам да знам отприлика за што станува збор и што да правам.. Ве молам
На матичен стоматолог на преглед, ако има потреба ќе те препрати на специјалист. На форум не може за ваков проблем никој ништо конкретно да ти каже.
Некој искуства со нано порцелански подлоги? Не ми се допаѓа изгледот на забите воопшто, а штета било да се стружат бидејќи здрави ми биле, па ми предложија нано порцелански подлоги.
Дали е нормално да чувствувам пулсирачка болка во забот и околното непце неколку дена по ставањето лек?
@Annath молам за совет Имам процес на петка горе лево. Претходно пломбиран ( нервот умртвен, а искрено не се сеќавам) почна да ме боли. Стоматологот го отвори и пиев 10 дена Доксициклин, забот 1 недела отворен, ми стави лек, после 1 недела почна да ме боли, го извади лекот, сега веке трет ден ми е пак отворен и наредна недела ќе ми става друг лек. Кога е отворен не ме боли воопшто, освен кога ќе притиснам на образ ( ваљда коренот каде што е) чувствувам болка. Не сакам да го вадам забот, има ли надеж? Јас имам проблематични непца и заби, редовна сум на забар и правам се да ги одржам забите. Пишете кој имал ваков проблем
Има надеж, само упорност треба. Убаво да се обработи и исчисти, и клучното - дезинфекција и убаво полнење.
Јас моментално имам процес на заб. Шест дена бев со лек, на седмиот почна да ме боли. Забарот ми кажа дека ако боли не трпи да е затворен. Пак го отвори, наредна недела ќе пробаме пак со лек... Сепак, консултирај се со твојот стоматолог
@Annath Молам за мислење Дали има надеж да се спречи парадентоза и нели она губење на забите? Не знам дали имам сигурно ама по симптомите натаму терам. Имам проблем со непцата ми крварат при четкање сега ретко, во споредба со порано . По препорака на матичната користам парадонтакс (ultra clean ми е најубава), ги чистам со конец за заби и користам листерин моментално розевото. Претходно имав друг матичен стоматолог долга приказна. Кога дојдов кај сегашнава можеби беше пред околу 8 години ми рече дека непцата не ми лежат на забите. Редовно одржувам орална хигиена и на 6 месеци чистам забен камен. Предните долни заби ми се многу збиени дури и искривени и колку и да ги четкам брзо ми фаќаат камен. Но последно кога бев кај забарката ми рече дека непцата и забите ми изгледаат многу подобро и поздраво во однос на првиот пат кога дојдов. Многу се плашам од тоа паѓање на здрави заби...
Редовни посети на стоматолог, одржување орална хигиена со соодветна мека четка и паста, користење конец или четки, антисептици за уста повремено. Тоа е основата, а ако има потреба, може ласерска хирургија, вградување коска... И да, ако имате искривени и збиени заби, не е лошо да вклучите ортодонтски третман за исправање на забите, со тоа може да се спречи честото воспаление на непцето и крварењето.
Ти благодарам, немам искривени заби прави ми се, меѓутоа имам проблем ми тече крв од жлебијната и слично.
Секоја мека четка може да ти заврши работа. Курапрокс се секако најдобри, ама еве, од лично искуство, добри се на Донтодент од ДМ, 59 денари е една. Јас секако на месец-два ги менувам, па ми вршат работа. Битна е техниката на миење.
@Annath твое мислење за ласерски третмани на непца? конкретно мојов забар нема ласер и освен основните методи за одржување хигиена на забите друго не предлага. Би отишла во друга ординација доколку имам препорака за ласерски третмани, колку се ефикасни итн.
И јас ги користам од Dm, curaprox се добри меѓутоа скапи, лакалут не чинат ни четките, а и пастата последниве години не е со добар квалитет како порано