Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Ана овие чеповите на крајниците опасни ли се? Матичниот уште пред 1 година ми кажа дека имам хронично грло, значи нонстоп преку една недела мене ме стега и боли, но не ми е се до крајниците, ждрелото исто така мн често ми е црвено, и многу се пазам, нонстоп пијам чаеви, ладно газирано мразови никако, ни па пушам цигари, но еве сега оваа недела пак ми е црвено, и ми рече дека сум имала чепови но дека не било нишо сериозно, веќе 3 месеци немам пиено никакви антибиотици, го оставаме ждрелото и крајниците сами да се борат, и издржувам, не е како порано, ми се подобрува ситуацијата. Но ме интересира повеќе за чеповите, дали е можно од нив некогаш потешко да подголтнувам и како да ми се стега грлото, некогаш и тешко дишам.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.553
    Допаѓања:
    201.687
    Пол:
    Женски
    Па не се нешто опасни, ама мислам дека може почесто да ти се јавува гнојна ангина поради нив, и почесто да примаш антибиотици, што секако не е добро. Отежнатото голтање ти е најверојатно од честите иритации, не од самите чепови.
     
  3. Boka.A

    Boka.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    10
    Имаш ли проблеми со крајниците?

    Ако сепак имаш можеби и да ти е од тоа!
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Мина, сличен проблем и кај мене. И јас во петок вадев умник и у пм цела операција, мислеа лесно ќе го извадат, тегнеа, влечеа, ме сечеа ми ја стругаа коската. Анестезијата полека ми поминуваше на усните и образот но еве четврти ден јазикот уште како да ми е под анестезија, десната страна на јазикот(што ми беше под анестезија) уште не отпушта дури и нервозно стана ова, стегнато, како болка некоја. Дали тебе првите два дена те болеше грлото додека голташе, како да те боде со игла? Гледам ти други симптоми си имала од анестезијата, те болело кај слепоочница и кај уво, јас имам проблеми со јазиков и не знам до кога ќе трае ова, дали му има спас, дали некој бил во слична ситуација. Кога спомнав на докторот ми рече најверојатно во тек на операцијата е допрен или повреден фацијалниот нерв(мислам дека тој нерв го спомна) и дека би требало да ми помине, ама 4 ден еееј тоа више не е за шала, не можам да спијам од нервоза. Што се не прочитав за повреди на фацијален нерв и за неуропатски болки. И сето тоа поради нестручно ставање на анестезија од една страна или поради фактот дека секој организам е различен и различно реагира на анестезијата, ама овие точно определени болки, слепоочница, уво, грло, јазик асоцираат на повреда на нерв најчесто при ставање анестезија со тоа што стоматологот треба да води сметка за анатомијата на вилицата особено кај оние со мала вилица, дека треба иглата да ја допре коската и дури тогаш да се вбризга анестезијата. Тоа можеби се случува но фактот дека јазиков со десната половина е како парализиран без осет ме плаши, до кога ќе трае и дали е опасно.
    А чудно, забот после поминување на анестезијата не ме болеше којзнае колку, колку што ме бодеше грлото при голтање, од што не можев да голтам само трчав во купатило да плукам. :(
    Како за вадење на прв умник(потполно здрав) ова беше многу трауматско искуство, не сум сигурна дали некогаш пак ќе отидам на забар, иако до сега сум немала потреба, немам ниедна пломба, но немам простор за забите.
     
  5. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Аууу не знам како издржуваш...дури 4 дена :o те жалам ама врска немам што да те посветувам! Сигурно Ана ќе има совет и за тебе, па кај и да е ќе ти одговори таа! Ако не можеш да издржиш земи кафетин за болка, брзо делува и барем малце ќе престане да те боли...
    Инаку јас не чувствував ништо во грлото нити пак јазикот ме болеше како на тебе, но затоа имав силни болки во слепочницата и увото! Силни беа болките само 2 дена, понатаму чувствував послаба болка и можам да кажам дека за една недела ми помина раната и болките целосно исчезнаа!
    Инаку и јас ги вадам умниците од исти причини како и тебе, претесна вилица и нема каде да се ,,наместат,, умниците додека другите заби засега се здрави!
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104

    Може линк од тоа што си читала за фацијалниот нерв на јазикот и неуропатски болку?
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    А Ана што е (освен модератор :) )?
    Ме интересираше дали некој поминал низ истото, јас немам болки кај забот, во таа смисла поминав супер, но пола јазик ми остана згрчен без осет, како не дај боже парализиран, и еве и ова утро никакви подобрувања, више у пм.

    http://www.teethremoval.com/complications.html
    за здравје
     
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.428
    Допаѓања:
    22.831
    Пол:
    Женски
    Ана е стоматолог.
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека е доктор стоматолог, во тој случај уште поубаво, би морала да знае што е тоа што се случува, јас најдов дека тоа е парестезија (вкочанетост на јазикот поради повреда на лингвалниот нерв) и исчезнува после три до шест месеци, но може и да остане трајно (кај редок број пациенти). Можен бил и хируршки зафат :( Но, зар пола година треба да се малтретирам со пола здрвен јазик, би требало да постои некоја терапија за отстранување на последиците или барем ублажување. Кај мораше баш мене да ми се случи ова. Отиди на забар ќе те остават инвалид не дај Боже.
    Па Ана сега оставам на тебе да ме израдуваш со некое решение.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.553
    Допаѓања:
    201.687
    Пол:
    Женски
    Abeja, долен умник вадеше? Тогаш може да ти е парестезија на n.lingualis, од самата анестезија, или пак може да ти е повреден нервот при вадењето на забот, затоа што поминува многу близу до корените на долните катници, па понекогаш многу лесно може да биде изложен. Парестезијата обично поминува сама од себе после некое време, а ако е повреден нервот, може да биде потребно подолго време за да се обнови, може и трајно да биде, иако е ретко. Земи магнезиум и Б-комплекс, пиј ги некое време, консултирај се со тој што ти го вадеше забот, види што ќе ти каже.
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    :( Долен катник беше, парестезија е - да, не знам дали мг и б комплекс би делувало, тоа обично се зема за опуштање на мускули, ама тука нервот е проблем, мислев да не има некоја терапија со посебни лекови за враќање на функцијата на нервот, јас пет дена ќе се мрднам а камоли 3-6 месеци, голем паничар сум кога се работи за туѓа грешка врз мое здравје, ако отидам таму се ќе дигнам во воздух, никаква терапија не ми даде за тоа. Ако ми потрае уште ќе се консултирам за да видам дали имам право да барам судски да се реши ова.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.553
    Допаѓања:
    201.687
    Пол:
    Женски
    Обично парестезијата брзо поминува, за недела-две, и да, може да ти помогне Б-комплекс и Мг - секогаш ги препорачуваат кај проблеми со периферните нерви од било каков тип ;) Ако е повреда, тогаш навистина треба да се консултираш со тој што ти го вадеше забот.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Конечно ми даде надеж, значи има шанса и за недела до две да помине :* :* :* ај да почекам да видам, за тоа време да не лелекам више тука него кај докторот.
     
  14. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    Сакам да прашам...?

    Драги феминки.... имам еден проблем па сакам да ве прашам за совет. :) Пред 4 дена ги извадив конците од устата, (значи бев шиена само на левата половина од устата) имав 2 конца на устата и 2 под неа, и сега од кога ги извадив левата страна ми е многу тврда и малку ми е подуена, а устата малку и ми гнои (се извинувам вака што пишувам гадни работи). може некој да ми каже зошто ми е тврда и од што ми е така.... се надевам дека ке ми помине со тек на време. ве молам за некој совет, што да правам да отидам ли на лекар? :)
     
  15. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Ако ти е подуена стави ладна подлога би требало да делува а за гној стварно нз од што може да е. Ама сепак би требало да побараш помош од лекар. Позз
     
  16. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    ставав и ладни облоги и сега устата ми е поодуена за разлика од порано, но сепак не ми е одуена целосно и тоа подуеното ми е тврдо, нз зошто така..... Ајде девојки дајте совет, страв ми е да не ми остане така засекогаш :(
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.553
    Допаѓања:
    201.687
    Пол:
    Женски
    А каков точно зафат имаше, што ти правеа? Понекогаш може да има оток после оперативниот зафат, ама не би требало да гнои. Ако се сомневаш дека нешто не е во ред, најдобро е да одиш кај стоматологот/хирургот што те оперираше.
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ќе ти помине, имало интервенција на местото шиено е, тоа е рана, нормално е местото да биде тврдо на почетокот а тоа за гноењето веднаш купи си чај од жалфија по можност најди некој што си берел сам, се берат само листовите од жалфијата и испирај ја устатата со свежо направен чај, покрај жалфија користи и камилица, жалфијата анти микробно, камилицата анти воспалително. И имај верба во чаевите, сериозна сум, после вадење на умников и мене ми рекоа да плакнам со овие чаеви.
     
  19. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    забите ги мијам 3 пати на ден 5-8 минути, но последниве два дена почна крв да ми тече од непцата, од што може да биде?? прв пат ми се случува ова :(
     
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.785
    Допаѓања:
    25.244
    Пол:
    Женски
    Едноставно, може да ти е стара четката за заби, или па пресилно четкаш?
    Може и ако си настината, па ти е ослабен имунитетот...
     
    На glamour-lady му/ѝ се допаѓа ова.