Па ја знам дека тука негде се цените со матичен, до 600, 700 ден повеке и не се. Јас прашав пак пошто мислев да не се покачени во случка. А кажи ми исто може ли да дојде до тоа да падне забот од каменецот?
Не знам дали е соодветна тема, но пред неколку минути почуствував како треперење на нерв на лицето, чудно чувство кое прв пат ми се јавува, како затегнување и отпуштање и при тоа се забележува поместување на на тој дел од образот. Што би можело да биде? Сега се потсмири, ама језиво некако ми дојде...
Заби паѓаат од болест парадентоза. Една од ризик факторите на болеста е склоноста кон забен камен. Ако имаш здрави непца препорачливо е еднаш годишно чистење забен камен, ако имаш непца што крварат 2-3 пати годишно. Сепак, консултирај се со стоматолог
Луѓе мајка ми ставаше порцелански заби, на нејзините, 11 вкупно сите наеднаш и ги истругаа и и ги наместија, ама ете веќе 3 недели поминаа она уште трпи многу болки, не може да јаде, не може да збори убаво, нормално ли е?
Да ама мене не ми е јасно само едно, каменецот ке одиш и ке го очистиш, е како после неколку месеци, или една година небитно, искача пак?
Зависи колку си склона кон правење забен камен, за секого е индивидуално. Препорачано е на шест месеца, но може и на три месеца да се чисти, ако имаш поголема склоност. Постојано се создава, да ти одговорам на прашањето, конкретно.
Не сум знаела дека треба баш на шест месеци искрено да се оди. Затоа што само што се очисти едниот каменец, после не знам колку време искочи друг. Затоа и ми беше чудно. Ипак фала ти сега знам
Вака сега, горе двете 3ки ми се искривени дали е во ред да отидам на забар да ми ги извадат и да ми стават вештачки?
Не е нормално. Премногу време е. Јас кога ги ставив моите (13 горна вилица), првиот час осеќав притисок и тапа болка, а неколку дена ми требаа да се привикнам со говор и џваќање храна. Нека оди кај лекарот.
Зошто да ти ги извадат и да ти стават вештачки сега на млади години? Рано е, сега најдобро со протези дали фиксни или мобилни ќе одлучи заболекарот. Ако ставаш фиксни знам дека после носење фиксни треба и мобилни за да не се вратат пак забите, односно повторно да не се искриват.
Најди си паста Парадонтакс со флуор, ја има по аптеките. Малку е неубав вкусот, ама нема подобра паста!
Бев на забар мила и забарот ми рече да одам во понеделник да направам панорама. Сабота и недела со страшни болки за на крај да се издујам цела и под забот на непцето дури како засирена крв изби. Се отрув од апчиња, заклучок, недај Боже да те заболе заб во сабота спрема недела, ќе си умреш
Лакалут Актив! Но, крварењето ти е најмногу поради тоа што не користиш конец за чистење заби. И јас мислев долго време дека е САМО до пастата, но сум се лажел. Со конецот непцата ќе ти се многу поздрави и нема да ти крварат. Дополнително, ти препорачувам и течност за заби. За твојата тековна состојба, да, секако оди на забар, овој мој совет е подолгорочна стратегија.
Здраво, имав проблем со еден заб, по грешка на докторката ми го затворила забот кога крварел, ми се појави нешто како црна флека после некое време, кога отидов кај друг забар ми ја кажа причината, ми го поправи забот и сега сум ок, еве со месеци немам проб, но некако ич не сум сигурна во докториве (чест на исклучоците) прашањето ми е, дали сега би се нафатил некој да ми го снима забот (поради корона) и да ја однесам снимката кај забар, ќе се види дали има некој проблем? Ви благодарам.