Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.970
    Допаѓања:
    203.428
    Пол:
    Женски
    На клиника во Скопје има пародонтолози, баш специјалисти за таа проблематика. Со упат од матичен стоматолог може да одиш за консултација, да ти укажат на што повеќе да внимаваш. Сепак, општите стоматолози препорачуваат општи насоки за хигиена и одржување и вообичаено треба да има подобрување, ама ако нема, потребно е да се консултира специјалист и ако смета тој, да се направат и други испитувања. Некогаш проблемот со непцата не е само до устата, може да се работи за некој системски проблем, на пример, слабо железо, хормони, одредена терапија што се прима за некои хронични состојби и слично.
     
    На ***delfina*** му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Isodra dan kan

    Isodra dan kan Нов член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво. Би сакала да прашам дали некој имал лошо искуство со стоматолошката ординација АПОЛОНИЈА што се наоѓа во близина на фискултурно школо? Ставав коронки во цела уста на сите заби . После скоро два месеци јас цело време чувстувам болки и пијам ефридол за смирување на болките мислам дека си го отрув и истоштив телово . Дали е ова нормален процес зошто почнувам нервно да попуштам . Живеам со болка скоро два месеци . Докторите ме убедуваат дека е нормален процес но би сакала да ве замолам за совет ако некој имал слично искуство . Ве молам пишете ми за совет .
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.970
    Допаѓања:
    203.428
    Пол:
    Женски
    Да направиш панорама и да си го смениш стоматологот. Дали се снимаше пред да ги направиш коронките или само така ти ги направија? Болки не треба да имаш, особено не после два месеци.
     
  4. Isodra dan kan

    Isodra dan kan Нов член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Не се снимав пред да ги ставам коронките . Стоматологот ме прегледа , јас во принцип постојано ги поправав забите ама имам проблем со ронливи заби . Ми рекоа дека поради тоа што се многу ронливи треба да се заштитат со тоа што ќе им се стави коронка .Но сега во моментов се чувсвувам како само проблем да си направив. Предходно немав болки во уста сега во денот минимум по два ефридола пијам одкако ми ги ставија.
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.970
    Допаѓања:
    203.428
    Пол:
    Женски
    Ќе направиш панорама и ќе видиш што е проблемот, болките не се без причина. Најди добар стоматолог, евентуално оди на клиника да ти помогнат, мора да има решение, не е во ред да се клукаш со аналгетици постојано.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Atmosphericdisor

    Atmosphericdisor Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Идев во Карпош 4 кај Тони,ама ди имам по озбилни проблеми а чивекот има мн пациенти и неможам да чекам.се префрлив кај жената што ми ставаше филери воедно е и стоматологот.Diamond dental & aesthetic карши олимпико,бивша систина тафталиџе.
     
    На ***delfina*** му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае која паста е за заби кои лесно пукаат, се ронат и кршат?

    Имам супер заби ама ете си го имам овој проблем и не знам дали има некој вакво искуство?

    Хипстер, сега го видов твоето мислење, дали можеби пронајде решение? :)
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.970
    Допаѓања:
    203.428
    Пол:
    Женски
    Да пробаш со Sensodyne Total Repair?
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Добри се нивните пасти? Мислиш дека го третира мојот проблем? :)

    Јас имам користено Колгејт, Лакалут актив и вајтенинг, доктор хаушка природна некоја ама не ми помогнаа нешто особено... Се мислев за курапрокс можеби ама отворена сум за секоја опција.

    Sensodyne ја купувам уште денес. Веројатно ми е потребно нешто што ја штити и зацврстува глеќта и има поголемо количество на калциум....

    Ти благодарам од срце! :)
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.970
    Допаѓања:
    203.428
    Пол:
    Женски
    Пасти за избелување немој да користиш. Сензодин се медицински пасти, имам искуство баш со таа што ја препорачав, а Курапрокс не се лоши, од нив можеби Enzycal 1450 би била решение за твојот проблем. Ти треба витамин Д, флуор, витамин Ц, не само калциум.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.846
    Пол:
    Женски
    Да прашам знам дека за правење заб мора да се стави анестезија, а дали се плака исто анестезијата или не? И која цена е?
     
  12. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се доплаќа за анестезија, не знам колку ама мене за правење заб никогаш не ми ставиле анестесија, само за вадење
     
  13. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.846
    Пол:
    Женски
    Па јас знам дека ставаат и за правење не знам, мене докторката ми рече дека морало со анестезија. А исто знам дека и за вадење става, пошто мене ме боли кога вади заб многу. Само ме интересираше цената која е.
     
  14. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    29.212
    Пол:
    Женски
    Мене последниот пат 300 денари ми наплатија.
    Ама мислам дека секаде различно земаат.
     
  15. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.846
    Пол:
    Женски
    Анестезијата 300 така? Значи види јас прашав која цена е, пошто бев да правам два заба денеска, е сега знам има пломби од различни цени, овде кај што идам јас има од 400 и 600 денари пломби. Лани кога бев исто да правам ме праша од која сакам се одлучив за таа од 400 денари. А денеска кога бев она не ме праша од која цена сакам пломби, ми дојде чудно, обично прашуваат, ми зема све на све 1400 денари. Значи дека анестезијата сигурно е поскапа чим толку земала, затоа прашав, пошто тука не знам која е цената, а и не знаев дека и анестезијата се плака искрено. А сакав да прашам, само ми беше некако глупо, не знам.
     
  16. Ivonce3bonbonce

    Ivonce3bonbonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    600 пломба 200 анестезија кај мојот стоматолог
     
  17. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.846
    Пол:
    Женски
    Аа искрено ти баш евтино си поминала. Мене баш ме средија убаво со 1400 чудно. Што размислував баш сега сигурно овде е поскапа анестезијата.
     
  18. Ivonce3bonbonce

    Ivonce3bonbonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Па ако сте правеле 2 заба 2х600=1200 плус 200 анестезија 1400. Исто се фаќа
     
    На Crna Dama и Ivanna23. им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.970
    Допаѓања:
    203.428
    Пол:
    Женски
    Ти ставиле од поскапите пломби, плус анестезијата, некој ја наплаќа анестезијата, некој не. Цената зависи од ординацијата.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Andrejaaaaaa

    Andrejaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    8.454
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам, ако знае некој да ми каже, дали е ок да се користат овие стапчиња за чистење на џебови, ми ги препорача другарка. Јас ги користам веќе некое време, еднаш на две недели да речам, и чувствувам олеснување одкога ќе ги исчистам со овие. Имам длабоки џебови посебно кај крајните заби и бајаги и ми крварат од таму и како грутки крв искача. Сега сум и бремена плус
    , па да прашам дали е ок да ги користам, и за општа состојба а и сега во бременоста.
     

    Прикачени фајлови: