Ти ставиле од поскапите пломби, плус анестезијата, некој ја наплаќа анестезијата, некој не. Цената зависи од ординацијата.
Сакам да прашам, ако знае некој да ми каже, дали е ок да се користат овие стапчиња за чистење на џебови, ми ги препорача другарка. Јас ги користам веќе некое време, еднаш на две недели да речам, и чувствувам олеснување одкога ќе ги исчистам со овие. Имам длабоки џебови посебно кај крајните заби и бајаги и ми крварат од таму и како грутки крв искача. Сега сум и бремена плус , па да прашам дали е ок да ги користам, и за општа состојба а и сега во бременоста.
На еден од предните заби непцето од предната страна ми е отечено и како да е одвоено од забот. При четкање ми тече крв. Што може да биде? Поради ситуацијава страв ми е да одам на стоматолог.
Во право си, значи анестезијата е 200 денари а она ставила од 600 денари изгледа пломби. Чим ме фатило толку. Фала ти Да сигурно се поскапите, чим толку наплатила, мада не знаев дека тука се наплака, пошто знам дека порано, само од 400 денари ке ставеше пломба и толку беше, правеше без анестезија. Затоа ми падна чудно овој пат зашто толку скапо ми наплатила.
@Annath нели лек на заб треба бар месец дена да стои пред да се затвараат каналите и да се пломбира? Јас забов го лечам 5 недели, мегутоа последниов лек го имам 10 дена, забаров ми вика наредна недела да полнеме канали и пломба. Претходно ме болеше пробуваше со лек, ама не трпеше да е затворен. Сега не ме боли, освен горе кај коренот кога ќе притиснам осеќам слаба болка која има тенденција на намалување. Мислам дека е рано да се пломбира. Те молам за совет
Зависи и од лекот и од забот. Не мора да стои месец дена иако повеќето преферираат да го остават. Некогаш тоа може да биде меч со две острици. Ако немаш болка, нема зошто да се чека. До следниот термин можеби сосема ќе исчезне болката што ја чувствуваш сега.
Кога непцето се одвојува од забот претставува голем проблем, се работи за парадентоза. Ти имаш само на еден заб, може да ти е воспалено непцето од многу четкање, пробај со лакалут пастите, доколку немаш ефект отиди обавезно на стоматолог. Не гледам плус причина за страв, на такви места хигената е на прво место.
Здраво, еве да ја кажам и јас мојата мака па ако некој имал исто искуство или знае да каже. Долните умници при излегување ми ги разместија предните 4 заба напред и назад. Ме интересира дали ако ги извадам сега умниците, после пак ќе ми се вратат предните заби во првобитната нормална положба?
Да, поради тоа што забот се мести доколку имаш празен простор во устата, просто кажано, си шетаат низ празните простори. (без разлика на возраста)
Не, само ќе се разлабави просторот меѓу забите. Кога веќе им е сменета положбата, забите ретко се враќаат назад. Секако во текот на животот забите имаат тенденција да одат према напред, така што сега вадењето на умниците нема да смени нешто. Ако си ги извадела пред да пораснат, најверојатно и немало да ти ги разместат предните заби.
Ќе ти пишував дали знаеш колку се движи цената од заб за мостови. И дали мора баш сите здрави заби да легнат под мост или пак не? Исто ме интересира за вилица дали може само од една страна да се стави а од друга страна мост или не?
Зависи од изработката. Метал керамика оди од 50-70 евра по заб, безметална керамика од 120-150 евра како почетна цена, па нагоре, по заб. Мостовите се за пополнување на празни простори ограничени со заби, така што два здрави заби сигурно ќе одат под мост како носачи, зависи и колку заби се надополнуваат. Не можам да замислам ситуација со вилица од една страна, мост од друга, ама мора да се земе во предвид целокупната слика и состојбата на постоечките заби во устата. Па после може да се каже што би било најдобро решение.
Правев панорама зашто планирам протези да ставам малку да ги потсредам забите. Не ми се смејте како ќе го објаснам ова ама искочи дека долната вилица ми е поместена, како зглобот да е излезен од место и малку асиметрична ми доаѓа. Ми даде докторката вежби да правам и да одам на контрола за 2 недели. Сакам да прашам дали некоја имала ваков проблем, како го решила и за колку време? Друга работа, ми кажа дека имам тесна вилица (го знам тоа и како мала ми извадија заби за да има место за сите), непцето горе ми било многу високо и требало малку да се развлече вилицата и да добијам широка насмевка, а сега забите ми одат навнатре. Јас немам криви заби освен малку што ми се еден преку друг на долната вилица ама воопшто не ми свиѓа насмевката и затоа отидов, да видам што можам да направам. А исто ми рече и ластици ќе треба да носам. Дали се ова можам да го средам со дејмон за пократко време од обични протези? Докторката ми се допадна, таму ќе ја ставам протезата одлучна сум, но би сакала да видам други искуства да не избрзам.
Веке 3 дена кога ќе дојде ноќно време осеќам мала болка во жлебијната исто и во забите, незнам ни конкретно како да го опишам ова што го чуствувам. Некој со вакво слично искуство?
Ти благодарам многу, уште нешто а гингивалот за што и како? Не се разбирам баш, пошто никогаш не ми рекле на стоматолог, па затоа сакам да знам што како све тоа.
Gingival gel e za zastita od gingivitis(krvarenje na nepca) paradontopatija. Posle sekoj obrok posle mienje zabi se nanesuva, 30 minuti po nanesuvanjeto ne treba da se konzumira hrana, 1 mesec treba da se koristi.