Гингивалот и листеринот не се користат постојано без прекин, туку ако имаш проблем. Ако ти се препорачани од стоматолог, во ред, но да знаеш, Листерин не е пожелно да се користи долг период без прекини. Ако имаш воспаление на непцата, може да се користи до десетина дена. После не мора. Значи само кога имаш потреба. Ако дома редовно миеш заби и користиш конец/интердентална четкичка, Листеринот не ти е потребен секојдневно. Исто и Гингивал гелот.
Искрено кога бев да вадам каменец, и да правам заб, мојот стоматолог не ми кажа ништо од ова да користам, ни листерин, ни гингивал. Не знам зашто дали можда немам потреба од тоа не разбирам. Само знам дека ми кажа имам уште неколку заби за правење тоа беше све. Него јас читајки ве вас на своја рака си реков да си купам, па затоа. Е сега околу конец или четкичките исто не кажа ништо, ама се нервирам што храната некад останува помегу забите, како можам тој проблем да го средам барем?
Конец или интердентална четка. Тие се користат секојдневно, пожелно после секој оброк, ама ако не е изводливо, навечер задолжително, пред миењето заби. А Листерин ќе користиш во периодите кога ќе осеќаш непријатен мирис, крварење од непца, ако има мало воспаление, а тоа нема да биде постојано, особено ако користиш конец или четка, ќе се случува многу поретко.
Уште нешто да те прашам, јас никогаш не сум ги чистела со конец, пошто и никогаш не ми рекол мојот стоматолог, не знам зашто. Види јас се плашам многу да ги чистам со конец, дали од тоа може да се расклати забот, или да падне? Мене тоа ме плаши многу искрено
Нема шанси. Од користење конец или интердентална четка не се расклатуваат забите, напротив. Со конецот треба да се внимава да не се оди предлабоко меѓу забите, само тоа треба да пазиш. Ако ти е страв од конецот, интерденталните четки се подобра варијанта, јас користам комбинирано. Ваков конец И вакви четки Овие четки се најтенки, има и подебели, зависи колку е голем просторот меѓу забите. Величината ја пишува на горниот десен агол (0,1,2,3...), 0 или овие розеви се најтенки. И четкиве и конецот ги има во ДМ.
Тогаш само четки, конец не. Инаку може да заглави ако имаш пломби меѓу забите и се поголеми од самиот заб, односно контактот оди преку цел ѕид, а не само во една точка.
Првите ми се гледаат некако многу полесни како да се за чистење. Сакам да ги купам стварно многу, пошто највеке што се нервирам во животот ми се забите. Благодарам уште еднаш од срце за све
Веќе два дена ме боли непцето околу умникот. Полуизлезен е пред две години но еве сега пак ме боли, дали се мести или доизлегува не знам. Излезен е право што не мислам дека ги турка останатите заби. Дали би можеле да ми дадете совет со што да ги ублажам болките?
Moram hitno da vadam zabi(korenja) preporacajte dobar doktor kade ke sednam bez strav deka ke umram golema straslivka sum i stvarno mi e mnogu bitno kade ke otidam...
Дечки два три месеци веќе мака мачам со краевите на устата.. Многу ми испука еден период па се смири со лабело некако, после пак исто. Краевите ми беа лом па во аптека ми рекоа Канестен да мачкам за габична инфекција. Ајде се смири до некој степен после пак малце црвенко ми беше па мачкав павловичева и помина, остана мало црвенило само. Денес гледам пак проширено.. Немам печење, чешање само црвено ми е. Помагајте веќе ме нервира. Дали може да е од сув воздух во соба ради парното, а плус навечер многу се лигавам дека спијам со отворена уста. што да мачкам да се спасам од ова, се пробав и алверде и еуцерин џабее
Јас вадев 2 пати. Првиот пат супер пројдов. Вториот пат малце подолго траеше затоа што врз дел од корените имаше непце па имав и 2 конци. Ама не се осеќа ништо имаш анестезија. Не се плаши ќе биде добро. Болка првиот пат немав, вториот ме болеше еден ден, но со аналгин се среди. Оток немав. И стоматологот дополнително и антибиотик ми даде вториот пат.
Да прашам денеска бев во аптека и купив лакалут забен конец, пошто немаше colgate во ниедна аптека. Колку пати треба да се чистат со конец? Дали е доволно еднаш? Барем само навечер? И дали после секое чистење измегу забите, станува полесно за чистење?
Доколку имаш воспалени непца, никако не користи листерин, или било која од тие водички, дополнително доведуваат до воспаление на непцата, единствено нешто што треба да користиш е интрадентална четкичка и тоа само навечер. Нареден пат земи интрадентални четкички.