Перикорнитис оток во умникот кога голтам ме боли осекам потечено Кажете ми прирпден лек ако знаете ве молам Бремена сум 8ми месец
Можно ли е непце толку да боли? Знам како боли заб, а освен тоа ова ми е правен заб, и ме боли баш непцето од лева страна долу. Од сон ме разбуди, пред спиење малку ме болеше. Редовно два пати на ден испирам со средство за уста, сега и со камилица пробав, ама морав Налгезин да пијам за болка, не се трпи. Што можам друго да пијам за болка, имам и ефридол ама мислев дека тој прашок е многу јак па не смеев. Каков гел за непце сабајле да купам за да ми се намали болката?
Јас би сакала да те прашам ако не е тајна на колку заби правеше мостови,и колку пари те фати сето тоа.Јас сакам да ставам импланти на 2 заби.
По пет заби горе и доле, 30.600 денари вкупно, горе долу толку беше. Тука во таа цена спаѓа инекции, поправање доколку има потреба,стругање и чистење забен каменец. Импланти немам ставено и не знам баш ништо за нив.
Аха,јас мислев дека е поскапо до кај 50.000.Цената била добра,имплантите се инаку исто како заби,ама вештачки што се поставуваат на празното место каде нема заб,и цена на еден имплант е околу 12.000.
Така е, ама овие се порцелан со метал, има и поскап материјал 9000 од заб ама не се препорачуваат за млади лица. Консултирај се со докторот,мене така ми кажаа. Инаку за имплантите ми рекоа можам после 10 години ако сакам, но јас се плашам и мислам дека нема да ставам процедура е и дали пак ќе ми го прифати имплантот телово ко страно тело.
Имплант 12.000? Нема шанси, околу 30.000 до 40.000 се движат цените за тоа, освен ако ставаш кинески па 12.000 иначе, мост е сто пати подобар избор ако веќе мораш да бираш, за разлика од штрафови во уста
Па јас веќе носам мост скоро пет години, море кое скоро пет точно. Траат едно 10,15 години највеќе,а и немам проблем се ѐ навика. Додуша ако зборуваш за поназад да ставиш имплант тогаш јас не би ставала,ако е напред и немаш друг избор тогаш да. Процедура е,сепак и операција, долг процес и не е едноставно. Докторот ми кажа импланти за млади не се препорачуваат,може после 10 години речимо… Сега и зависи од стручноста на еден доктор така да…
Во 2 месеци 2 пати ме болеше непцето...бев кај мојот доктор, ми рече од пад на имунитет. Купив од кај него chlorhexil течност(грчка е) и плакнев по 2 пати во ден, за ден два како ништо да не било пробај да ја најдеш течноста, можеби за понатака ќе ти помогне плус се користи и за грло, гаргара да правиш ако пече, чеша, боли итн
Маж ми има совршени заби, и мораше еден заб да вади, но не смееше да се остави без заб зошто можеше проблем да направи на другите заби(мало поместување, така рече докторот) и стави имплант 800 евра Straumann. Брзо му го прифати организмот, немаше никакви проблеми, се разбира редовно одеше и на контрола. Нашиот стоматолог соработува со хирург така да тој ја изведе целата операција. Маж ми нема гајле, како свој заб го чувствува, така да убаво консултирај се со стоматолог, па одлучи си
Здраво на сите. Мислам дека проблемов е соодветен за тука, па сакам да прашам дали некој има проблем со бели наслаги на јазикот и како се справува со нив. Имам и доктор посетено и ми кажаа дека имам некаква кандида и редовно да го чистам јазикот со сода. Ова пред 2 години и до ден денес со сода го мијам јазикот секојпат кога се мијам и заби, а претходно ја стружам наслагата со кујнска лажица (колку што мооже да се истружи, не целосно) бидејќи никаде не можам да најдам чистач за јазик. Со содата ср чисти јазикот, не е веќе бел, но секое утро истата приказна. Штом ќе преспијам повторно е бел со наслаги.
Ако е кандида, има капки нистатин и од нив мине, а да ги стугаш наслагите само полошо ќе направиш. Требало да те пратат да направиш брис, а не само имаш кандида.
Поевтино ќе те фати да си ставиш мост -безметална цирконија но консултирај се ако може да се избегне стружење на забите... сега гледам на интернет прават мост и може да си ги вадеш кога сакаш а естетски изгледа прекрасно...Но најпрво консултирај се кој е најдобар стоматолог...Јас пред 4 години ставив безметален мост..за 6 заби ми фати скоро 1000€... Убаво изгледаат, не се примеќа дека не се мои, не ми потемнува непцето за разлика од 2 колешки кои ставија мост со метал си имаа голем проблем. Ем им отекуваше непцето, ем им помодре а и гингивата им се повлече..Но јас од мака и од брзање ја одбрав ординацијата најблиску шо ми беше и "најдобриот" стоматолог. Ништо не ми објасни си правеше како шо и одговара и ми направи мост додека требаше да ми лекува еден заб врз кој требаше да биде мостот...додека го лечеше ми го лепеше мостот привремено и вади-извади 2-3 пати и ми ги искрши забите ми останаа само 2...и ми стави колчиња и повторно ми го залепи привремено...сега ми излегува мостот ко ќе јадам немам време да одам на заболекар и ко ќе ги извадам 2 колчиња(желевца-метални нз како да ви ги опишам како штрафчиња се) се залепени за мостот а едно колче си стое залепено на коренот од забот. Да можев само да го вратам времето и да не избрзувам...ама ај бидна. Ум за друг пат.
@Annath лечам заб веќе 3 месеци. Последниов лек ми стои веќе 2 месеци. Забот не ме боли, меѓутоа цело време на допир горе во коренот на образ имам болка која не поминува. Пиев 3 недели Серапептазе болката се намали, но кога престанав да ги пијам пак се појав. Стоматологот ми рече да не ги пијам, не биле за таа намена, јас ова на своја рака. Ми треба совет, стоматологов вика ќе чекаме, а мене веќе 2 месеци состојбата не ми се менува, болката во коренот си постои. Дали можеби би требало нов лек, или нешто да пијам што би помогнало?