Девојки, ај да прашам нешто. Кога ќе го допрам левиот образ долу на крајот на вилицата, осеќам мала болка. Како да ме удрил некој на тоа место пред некое време (а не е така). Немам 8ци, кога ја сликав вилицата горе лево, на снимката се гледа дека нема да ми расте 8ца таму. Ама мене сега ме боли долу лево, однадвор. Од внатре нема ништо, освен што подолго време ми е како потечено местото после 7цата. Дали ова значи дека ќе ми расте 8ца?
ОФлелее ми расте еден умник и ненормално ме боли, другите два ми пораснаа ништо посебно не ме болеше ама воа е веќе неиздржливо Никогаш во живот не ме болело волку Веќе се напив еден аспирин, и пола ставив дирекно на местото ама ништо. Кажујте лек
истото прашање го поставувам и јас..дечко ми веќе една недела маки трпи..инаку он е голем плашливец,замислете има 19 години а никогаш досега не бил на забар ..но секако,немал никакви проблеми досега..ама ,еве сега по 3 аналгина на ден,и сепак ништо..и глава го боли,и се од тоа му е ! дај ANNATH кажи нешто за ова
Не верувам дека ти расте умник, нешто друго е причината. Обично и од внатрешната страна боли кога расте умник, а надворешно, на допир, скоро никогаш. Испипај се убаво, може да имаш некоја отечена жлезда, па од тоа да те боли. Штом имате јаки болки, ќе одите на забар и ќе ви кажат дали умникот е за вадење или не. Вака џабе само се труете со апчиња, а да не зборувам за тоа што ставате апчиња внатре во устата или пак на забите, само поголема белја ќе си направите. Најдобро да се оди на преглед и да се види зошто се јавува толкава болка, и ако има потреба да се олесни излегувањето на умникот или пак да се извади, оти можеби е неправилно поставен. Читам дека се плашите од стоматолог - дури и цела тема има за тој страв - па не касаме бре
Касате море, како не... само кога ќе ја слушнам таа бушилицата Денес бев на забар, и ме пратија на снимање, таму видоа дека хоризонтално е поставена осмицата и ме пратија на орална хирургија Од таму докторот ме виде и ми рече да ода матичната да ми ја оотвори седмицата, да не доаѓа болката од неа, го направив и тоа па ми ја избушија т.е извадија пломбата од седмицата, па не е и од тоа.. па ме пратија на ушен доктор да не имам некоја инфекција, не е ни од тоа. Сега заклучоков офлеле мамооооо
Девојки дали некоја од вас правела операција на заб или како го викаат апикотомија? Ај ако има некој нека сподели искуство ве молам
Закажав за утре за вадење на осмицата, пишував погоре дека не ми е убаво поставена, и уште неизраснат мора да ми го вадат Ептен ми прпа Ај кажете ми дека нема причина за страв
Нормално дека немаш причина за страв. Се работи за рутински зафат кој во принцип не одзема многу време, ама пак тоа ќе зависи од ситуацијата со забот, но и од стручноста на тој што го вади умникот. Најпрепорачливо е орален хирург да го вади
Имам заб два пати пломбиран, зашто првиот пат не бил целосно исчистен веројатно, па ми направи процес.Сега истиот ме боли, под пломбата, отприлика, при нагли движења на главата и само тогаш.Кога јадам или пијам нешто не. Од забот е или нешто друго?
Почнаа да ми растат умници, е сега слушнав дека мора да се извадат со операција уште пред да израснат целосно. Ова точно е ?
Не мора да значи. Зависи како растат, дали има место во вилиците зад другите заби и дали прават проблеми. Ако се правилно поставени, ако имаат доволно место, и ако не прават проблеми при никнењето во смисла на туркање и изместување на останатите заби, тогаш нема потреба да се вадат.
Апикотомија е вадење на корен најчесто заради некоја инфекција, па се вади коренот за да се отстрани инфекцијата. Но пред ваков зафат треба да се лечи забот прво, е ако тоа не успее тогаш се прави апикотомија. Се зависи за каква инфекција се работи, има разни случаи затоа нека не те плашат како е што е, и јас со операцијата на умникот не очекував дека ќе имам вакви проблеми изгледаше навидум лесно а испадна крајно сложено. Тебе ќе ти прават ваков зафат? Не се плаши, коренче е не е ништо страшно, ај со арно нека е како што вика Хајрие. Еве ти убаво објаснето што е апикотомија.
Пред неколку дена ми се направија 2-3 афти на јазикот и сеуште не поминале. Кога бев еднаш во аптека да побарам да ми дадат нешто за афти, аптекарката ми рече нема потреба само стави алкохол со чепкалка за чистење уши. И тоа секогаш делуваше. Само што ќе ставев како да ја гореше секундарно алкохол афтата, но не и сега. Не знам зошто толку долго и уште ја има. И уште нешто. Кога ми се направи афтата, бидејќи е од страната, длабоко, речиси кај коренот на јазикот, за да му ставам алкохол морав да го исплазам јазикот и приметив дека кај коренот е мн по бел и што има едни како точки ги имам од мала не знам како да ги објаснам ( кога бев мала мислев дека се минијатурни петлици што ми го држат јазикот ) сега се многу поголеми како потечени. И многу се загрижив само на тоа мислам. Не знаете какви се мисли ми се вртат во главата. Одма помислив на најлошо. А можеби не е ништо, но мене ми е многу чудно. Ако некој знае што би можело да ми се случува во устата нека ми помогне.
Јас точно незнам да ти кажам,ама најдобро консултирај се со доктор нека ти каже,за да не се грижиш.И мене често ми се појавуваат афти од недостаток на витамини,а и од нечистотија.Јас немам користено алкохол,не сум знаела,само знам дека недај боже да ја поткачам многу боли. Јас имам друг проблем.Ми растат умници.Горе ми пораснаа без да ги почуствувам,ама доле....Веќе неколку месеци имам проблеми и невидени болки.2 месеци ми мируваат,посе 1 месец ме боли.Прво едната после другата.Бев на стоматлог ми кажа дека мора малце да боли и да пијам аналгин ако ме боли,ама неможам постојано да бидам на апчиња.Има денови,како денес кога ме боли неописливо многу.Правам и гаргара со камилица ама не помага
Го имав истиот проблем. Горните не ги ни осетив се чудев кога ми кажа забарот дека ги имам. Арно ама со долните Господ го видов од болки. Не можев да зборувам, ни да јадам, дури ни да плачам поштено ко човек, цимолев ко куче и само солзи ми течеа. И така ќе биде дури не ти пораснат скроз освен ако бидиш МНОГУ ПОПАМЕТНА од мене и одлучиш да одиш да ти извадат уште непораснати. Односно кога ќе подразмислам сега не знам дали можиш Оти и јас кога имав големи болки со трчање отидов и му реков да ми ги вади, ама рече сега не можам ништо да сторам. И така.
Најефикасно средство за лекување на афти е Афтазол - ама тој се користи само кај афти кои често се појавуваат и тешко поминуваат, а кај нас често го користат за лекување на ранички на непцето од мобилни протези (кај постари лица). Ти можеш со алкохол да ги чистиш, ама во секој случај, би требало брзо да поминат, а тие точки, како петлици, тие се papillae circumvallatae - густативни папили кои секој од нас ги има, еве слика а на јазикот изгледаат вака (гледаш како се обележани). Не значи дека мора да боли, таман работа. Штом боли, може да имаат пречка во растењето, или да ти прават џебови. Да си побараш и второ мислење не ќе е лошо.
Ана забите на долната вилица сите ме болат, посебно 5ките 6ките 7ките..на моменти во денот страшно ме стегат и ме болат, често знаат наеднаш да ме стегнат, и не ми се расипани, освен 6ките што требе малку да одам да ми ги стругнат, али ништо страшно. А некогаш па горните 7ки и 8ки ме стегаат.. Дали е знак дека ми растат умници можеби или.. ?
Не мора да значи дека ќе ти растат умници, но може да е и од тоа. Ниту пак е знак дека ти се расипани. Повеќе си мислам да не е од ладново време, понекогаш може да се случи здрави заби да реагираат така на ладно.
Проблем со забот...а сега и оток Вчера ме болеше заб мајками ми даде некое апче ... го испив и по извесно време забот престана да ме боли...но како се стемнуваше.. така образот ми отекуваше.... и сега образот ми е отечен на долниот дел кај устата... кажете некој лек.. ставам ладни облоги и помага но многу малку.... отокот сепак не се симнува...дај кажете некој лек... инаку слушнав дека Аnnath е стоматолог...таа може најмногу да ми помогне на форумов за ова прашање... но и од другите одговорот ке биде корисен... Ве молам