Ми се расипаа забите во бремноста десна горна и долна страна од 5 натаму им нема спас мора вадење Но што потоа кога ке немам заби дали може некако да се среди
Која е најдобра опција за предните четири горни заби? Лево горе имам две коронки на 3 и 4ка, додека десната горна страна од 3ка натаму ми е мост и ме чинеше по 50е по заб со металот од внатре. Е сега дали и предните треба така да ги правам или може нешто подобро бидејќи не сакам многу вештачки да изгледаат и дебели забите, а веќе се уморив од поправање и менување пломби. Совет
Безметални коронки или порцелански винири. Што ќе биде, зависи од состојбата на забите. Помалку болна и побрза опција се винирите, ама не ги прават баш сите стоматолози, немам инфо кој го работи тоа кај нас.
Колку пари е од прилика оперативен зафат на орална во државна? Конкретно, за циста се работи. Грубо вака, од околу?
Здраво... Пред една недела ми ставија протези на долната вилица, но забите ми се катастрофа така да плочки имам на 3ките и поврзани се само со жица, што значи 2ките и 1ците немаат ништо. Жицата ми направи рана како засек со нож и не помага ни восок ни течност за испирање кој ми го препиша доктор. Ве молам за совет доколку некој имал ваков проблем....
Може ми да даде некој предлог за стоматолози во Скопје од кај што сте презадоволни? Пари не се битни, најбитна е услугата.
Сакам да прашам за другарка има заби што се склони на кариес, редовно оди да и го чистат, и редовно мие заби но пак и се појавува. Прашува колку е опасен кариесот, и дали може да се случи да се расклатат забите или да паднат од самиот кариес? Ако некој знае нека ми каже фала многу
И јас сум исти случај, барем кај мене во мојот случај јас престанав да јадам благо, мислам дека од тоа највеќе се создава кариес, сменив пасти од продавница со природна паста за заби и еве ок сум неколку години, сепак секој човек е различен.
Фала ти многу мене ме интересираше само за кариесот дали може да дојде до тоа да паднат забите, или да ги изгубиш така кажано. Само тоа сакав да знам највише.
Па да се скрши заб од кариес може, ама да паднат тоа од воспалени непца е повеќе, барем јас колку што знам.
Од кариес не можи да ти паднат забите. Кариесот се поправа. Таква и е генетиката. Некој колку и да ги четка забите, да оддржува хигиена пак му се расипуваат Можат да паднат од перидонтитис т.е воспаление на непцата. Другарка ти редовно ќе си посетува стоматолог.
Дали во бременост има посебни витамини за забите. Првата бременост ок ми останаа, се плашам сите околу мене ептен се жалат за забите во бременост, се плашам без заби да не останам, доколку има да си преземам на време
Тоа да точно се расипуваат колку и да се одржува хигиена. Ипак фала ти многу од срце баш ми помогна. Ке и пренесам.
Здраво е вака сега да ве прашам бидејќи многу сум исплашена имам израсток во внатрешниот дел од устата (на непцето). Тоа ми се појави кога почнав да носам мобилни протези откако ги извадив фиксните и веќе го имам повеќе од два месеци. На почеток беше мало, бело и мислев афта и си го третирав ко афта, потоа си фатив корона се фокусирав на тоа и помина доста време и сега некако мн лошо ми изгчеда ко топче надувано, не е повеќе бело туку ко бојата нс непцето (розо). Ми е страв дан е нешто лошо, рак или нешто др. Знам дека моја кривица е што ме сум посетила стоматолог до сега.. Утре ќе одам веднаш али мн сум исплашена и ми се вртат лоши мисли.
Здраво. Имам заб за вадење, седумка горе. Пред неколку години му се извадени живците, но се скрши и мора да го вадам. Прашањето ми е следно: дали полесно ќе поминам за вадење, со оглед на тоа што живците му се извадени или тоа нема врска?