Од пломбата е направен, со редовно чистење нема да има болка, а за 100% санирање, малку потешко. Се додека има иритација, т.е работ од пломбата е тука, како место за собирање храна и создавање наслаги, непцето ќе се воспалува. Џебот ќе си стои, само чисти го редовно, не би требало да имаш проблеми.
Сакам да правам ласерско белеење, но на преден заб имам коронка. Кој е најдобар начин за да се добие истата боја на сите заби? Прво да ги избелам, а потоа промена на коронка? Дали би било ок и на соседен заб да ставам фасетка за да бидам двата предни заби исти? Ве молам за мислење @Annath
Избели ги забите до нијансата на коронката, за да не ја менуваш, ама ако сакаш да ја смениш, прво избели ги, после смени ја.
Коронката моментално ми е скоро иста како останатите заби. Ама сакам побели. Е сега зашто се работи за 1 горе, што мислиш дали би било добро на другиот 1 да ставам фасетка? За ако дојде до промена на боја, тие два заби да се исти?
Види, природните заби со тек на време менуваат боја. После белеењето, за некое време пак ќе потемнат. Стави фасетка ако сакаш, ќе ти се изедначат двата напред, ама другите може да двојат. Ако сега не ти двои многу бојата на коронката од природните заби, после белеењето секако ќе мора да ја смениш оти ќе ти бидат посветли.
Ти благодарам за одговорот. Уште едно прашање, на кој начин се вади коронката? Со стружење? Дали е болно?
Со стружење најчесто, не е дека е болно, треба да се исече до забот, па се одлепуваат страните и паѓа. Одлепувањето може да биде болно ако е механичко, ако е со ултразвук, не е воопшто болно.
Имам за вадење само кoрен од 8ца. Не можам да соберам храброст...Дали е толку страшно како што замислувам?
Јас вадев корен од осмица долу, ништо не осетив од анестезијата. После дејството на анестезијата имав болка ама пиев анелгетик. Ден два имав болки, ама после беше полесно. Откако почна да се затвара местото осетив големо олеснување во тој дел од вилицата. Сфатив дека претходно цело време сум имала некоја болка во крајникот и вилицата од коренот (особено при џвакање), ама сум научила да ја игнорирам и трпам. Сум се мачела иако не сум морала. Стоматологот ми рече дека секогаш е подобро да се извади порано, отколку да се чека. Ако чекаш сраснува непцето, можно е коренот потешко да излегува при вадењето, а и заздравуањето на местото е побавно. Така да не чекај, среди го и само храбро.
Немам двојки и денес бев да прашам Ми дадоа предлог да ми направат мост од 6 заба Ми рекоа дека еден заб е 60евра,е сега прашањето ми е дали после можам се нормално како и предходно,мислам дали ке ги чувствувам како мои забите да не имам некој проблем подоцна,бидејки забите ми се здрави само проблемот ми е што не стои убаво тоа што немам двојки Секој совет ми е добредојден,дали да се одлучам,дали се познават подоцна дека не се природни заби
Ако финансиски можеш да си дозволиш направи порцелански со помалку метал или воопшто без метал, делуваат поприродно и се потенки. Секако ќе ти треба време да ги навикнеш и визуелно и во самата уста зошто си навикната на твоите
@wannaBeMomma порцелански како се стават,мислам дали се како импланти или пак како мост оди процедурата Колку е еден порцелански заб доколку знаеш? Мене ме плаши повеќе процедурата дали е многу болно Забите ми се здрави само една четворка ми се рони многу,а петката ми е извадена па ми дадоа предлог за мост од 3 заби значи да одат четворка да ми стават петка и шестка,но и ми рекоа ако сакам можеи напред мост право да ми се среди и тоа што немам двојки Одлуката е моја како ке одлучам само што ако правам назад се 3 заби а напред ми рекоа шест Ке прашам сега на следна контрола да видам што ке кажат
Мислам дека мост не треба да ставаш напред. Ако одиш на порцелан твоите заби ги зашилуваат и ставаат од горе. Како навлаки. Има и друга опција чим си со здрави заби врз твоите само порцелански капачиња. Цени искрено не знам. @Annath можеби знае и ординации за ова. Болно како што знам не е. Ако правиш распрашај се убави, млада си да личи убаво а не само колку да ставиш а после да не си се допаднеш зошто мост нема простор меѓу заби плус тие од 60е најмн се познаваат
@wannaBeMomma ти благодарам Не сум од Скопје иначе ке се распрашам секако,сакам да е убаво не само од ред да излезе Иначе немам двојки многу ми се ретки моите заби,и затоа дадоа таков предлог Уште еднаш ти благодарам на советите
Јас пред година време вадев заб, и ми беше погоден нерв. Осеќав трпки во јазикот скоро три месеци не пиев ништо си помина само од себе.
Деновиве треба да вадам заб. Стравот вкоски ми е влезен. Знам дека ќе биде со анестезија и дека откако ќе помине дејството на анестезијата сигурно ќе земам нешто против болка, ама ете имам трема, страв ми е многу. Мислам дека од толку што се стегам дека полошо ќе поминам. Не знам... Како си помогнавте со стравот?