Деновиве треба да вадам заб. Стравот вкоски ми е влезен. Знам дека ќе биде со анестезија и дека откако ќе помине дејството на анестезијата сигурно ќе земам нешто против болка, ама ете имам трема, страв ми е многу. Мислам дека од толку што се стегам дека полошо ќе поминам. Не знам... Како си помогнавте со стравот?
Дали некој има правено ласерска гингивектомија и колку е цената отприлика? И дали има шанси да се вратат непцата пак како што биле пред тоа?
Дали за промена на матичен стоматолог, е потребно да се земе исписница (или како се вика) од кај истиот?
Дали некој има ставено фасети од нанокомпозитни пломби кај др. Александра Асенова да сподели искуство?
Знам и свесна сум поради сето тоа, но не знам што да кажам.. Стравот е тука, постои..колку и да го негирам тоа
Еднаш, до два пати годишно ми се јавува болка во непцата, обично ми се јавуваше во ПМС поради напнатост, не знам колку е поврзано ама секогаш пиев нешто за болка обично Налгезин и веднаш ја снемуваше болката. Се плашев да не ми се јави во бременост и како потсвесно некни помислив и денес ми се појави ама со плакнење на Листерин се намали сега и ја немам веќе. @Annath На почеток на бременост сум, дали смеам во случај на поголема болка да се намачкам од ова на непцето, некогаш го чувствувам како отечено. Ова е на син ми, а гледам има и за возрасни. Дали е безбедно за трудници? @Alishan30 Само парацетамол ли може да се пие за болка, јас се плашам и парацетамол, што е безбедно од апчиња за болка во бременост?
Дечки дали некој ставал Invisalign? Нека сподели искуство. Како дете, не сум носела протези, сеа личам на зајче, ме интересираше дали ова е подобро од класичната протеза.
Слободно мачкај, ако нема алкохол. Парацетамол ако имаш потреба, ама почести посети на стоматолог не се на одмет.
Здраво, имам приметено повеќе ноќи кога спијам како да ги стискам забите во сон како, до тој степен што се разбудив овој пат, дури ми се раскрварил забот претпоставувам од тоа, не сум имала до сега ваков проблем т.е. сум приметила и порано ваков проблем ама така ми поминал, зашто се јавува ваков проблем, решливо ли е ова?
Види прво јави се на матичен лекар, па потоа ќе ти каже што понатаму. искрено, првпат слушам за ова, но сигурно не си единствена. Со лекарот ќе најдете решение, а и ако знае некој од феминкиве може и ќе ти пише.
Магнезиум и б6 пред спиење, евентуално дијазепам да ги опушти мускулите. Ова додека трае стресниот период. Ако не помине, кај стоматологот ќе ти изработат штитници за забите по мерка со кои ќе спиеш.
PZU Dent thalia vo Cair kaj dr.Ivona Petrusevska ja kje se prefrlam kaj nea mnogu mi ja preporacaa pozz
Девојчиња ако може совет.. Од 2019 наваму имам проблем со правење џебови на долните умници. На почетокот не беше толку страшно, но оваа година веќе премногу често одам на заболекар за да ми направат место околу 8миците и да не ми се прави џеб. На десниот веќе и ми го отворија непцето со ласер, ама еве сега почна пак да ме боли од лево, а непцето беше убаво истргнато да не ми го покрива забот. Инаку и 2та умници се правилно пораснати, немам проблем со нив, освен мака што мачам на 2-3 месеци со џебови. Дали да ги вадам и 2та? Или да си продолжам вака да си одам на секои 2-3 месеци на заболекар?