Смени ги, консултирај се и со стоматолог секако. Татко ми имаше такви и сите ги измени по препорака на повеќе стоматолози.
Ако се добри и неоштетени не ги чепкај. Јас не менувам здрави и цврсти пломби само од естетска причина. Содржат жива, да, ама не се ослободува во организмот како што се тврди, бидејќи целото количество жива е врзано во пломбата и нема како да се ослободи. Денешните метални пломби не содржат жива иначе, и не се толку квалитетни како порано. Ако сакаш, смени ги, ама гледај да се некои посолидни бели пломби, најдобро нанокомпозити.
Јас поправив заб двојка лево горе ама не беше да речам многу расипан сосема малку црна бледа точка имаше како внатрешно да беше. Пред три недели го поправив, после два дена почна да ме боли ама кога ќе пијам ладна вода, сок и др. И еве денеска појдов ми стави лек, а претходно му се јавував дека ме наболува ама ми рече нека постој, пломбиран ми беше да видиме дали ќе преболи и сега ми рече докторот утре да појдам пак да видиме дали ќе се смири. Што мислите и покрај поправањето од што може да боли на ладно пиење? Ви се има случено и вас?
Дали постои доктор за јазик ? Или во тоа спаѓаат заболекари и отоларинголози ? Ќе го ставам и тука постот и во друга група за уво нос и грло. Имам проблем со јазикот веќе година и пол. Лани бев изложена на антибиотици на база на пеницилин бидеќи доев еднаш дневно, плус имав постопородилна депресија еден период и згора над се имав огромен стрес. Неможев ни да спијам ни да јадам. Антибиотиците ги земав затоа што имав проблем со грлово и имав зацртано дека имам рак дека 6 месеци ме болеше. На брисови излезе стрептокока. После негативни ми беа ама сеуште ме болеше. Во истиот тој период почнав проблем со јазикот да имам. Како наслага и како кругови ми се прават кои од време на време ме пржат. Од малечко кругче стануваат големи. Пробав со нистатин и дактарин,жалфија,сода бикарбона подолго време ама резултат нема. Брисеви направив можеби 5 пати во различни лабаратории за кандида ама е негативна. Во систина бев докторот ми рече дека вакви лезии давала и хеликобактери која јас ја имам позитовна ама нрможам да земам терапија. Докторите исто така ми велат дека тешко излегува брис на кандида од јазик. Исто така 1 месец направив диета не јадев ниакви млечни производи, никакви јаглехидрати, никакви шеќери ни од овошје и освем што ослабев 10 кила ништо друго не се деси. Терапија за кандида не земав во тоа време преку апчиња поради тоа што се обидувавме за второ бебе. Еве сега имам 5 месечно бебенце и дојам повторно. Да напоменам дека крвна слика правев секој месец ,буквално сите испитувања ми беа топ. Какво е вашето мислење и што би ме советувале ? И дали некаде мк има добар доктор што би ми помогнал ? Заболекарката ми рече дека и личи на географски јазик,едни доктори врлат кандида други велат не е тоа. Ќе ставам и слика . Ми е страв да не е нешто страшно како рак на јазик.
Ти треба специјалист по болести на уста. Скопје на клиника има, по другиве градови не знам. Иначе мене ми личи на географски јазик по симптомиве и сликата. Ако била кандида, ќе се повлечела од антимикотиците. Иначе географски јазик е состојба за која не се знае точната причина, се смета дека е последица на склоп од фактори, некогаш е и генетски. Затоа и нема конкретно решение. Специјалистот би те упатил што и како понатаму.
Летоска поправав горна осмица со полнење на каналите. Во последно време имам болка при џвакање и при допир на самиот заб. Што би значело тоа?
Во последно многу ми се прават афти во устава. Порано се правеше една на неколку месеци, сега скоро секоја недела нова ми се прави. Јес да поминува со проафтол, но зошто е ова вака?
Намален имунитет или стрес. Земај некои витамини за имунитет, за афтите мед помага. На гладно секое утро по 2,3 лажички мед земај.
Како што пишав, пред неколку месеци поправав горна 8ка. Најпрво носев лек 3 недели, потоа матичниот ми ги пополни каналите и ми стави пломба. Во последно време забот почна да ме боли при допир и при џвакање и вчера бев кај матичниот. При прегледот матичниот рече дека пломбата направила џеб и ми падна пломбата заедно со едно портокалово тенко како игличка (извинете ама не се разбирам не знам како се вика ама мислам дека се става при полнење на каналите и потоа еден дел од него се кине и вади). Матичниот повторно ми стави такво заедно со пломба претпоставувам (претходно колку што сфатив стави некоја течност, киселина рече..) ама повторно паднаа сосе игличката. И на крај после сето мачење ми стави само пломба. Е сега прашањето ми е дали е можно да има некој проблем бидејќи директно е ставена пломбата, затоа што и денес чувствувам мала болка при допир. @Annath
Не би требало да е проблем само пломбата, ама ако паднала гутаперката од канал, забот треба пак да се исчисти и наполни, па после да се пломбира. На снимка може најубаво да се види од каде потекнува болката.
Јадев лимун. После тоа не конзумирав ништо. После добри 2 саати земав леб да јадам и почнаа сите заби да ме болат. Зошто така?
Се сеќавам и јас пред 3 - 4 години кога правев еден челенџ од Јутјуб да јадам лимон, и кога почнаа да ме болат забите 2 дена не престанаа. Киселините ги оштетуваат забите, затоа болат после јадење лимон или други цитрусни овошја.
Од киселината. Ја нагризува глеѓта и забите стануваат осетливи. Истото се случува и со другите цитрусни овошја и јагодите, општо со сите кисели овошки. Слично делува и содата, затоа има ефект на избелување и чистење на забите. Неутрализација со вода со сода бикарбона би требало да заврши работа, уште подобро, паста за заби да се намачка на забите да постои така после јадење вакви овошки, особено паста со назнака сензитив. Значи да не се мијат, туку само да се намачкаат.
Нели лимонот е многу кисел и ако го јадеме така тој по некое време може да предизвика ерозија на забната глеѓ. Реков само дека ги оштетува да не навлегувам во детали.
Како оди процедурата за процелански заб ако знае да ми каже некој ? Дали е болно кога ќе го ставаат забот?