Здраво. Ме интересира дали може да се спречи развој на кариес? Во смисла да се reverse-ни/исчисти сам од себе пред да има потреба од пломба?
Панорамска слика без упат прават во амбулантата во Железара ? И колку би било цената , или во било која друга клиника само да не е Дилевски
Дали знаете колкава е цената за хируршка екстракција на заб во приватна ординација која соработува со фондот ?
Здраво. Ме интересира дали порцелански заби мењаат боја? Т.е дали потемнуваат бидејќи имам извадени нерви на забите( во прашање се предни заби)
Природниот заб потемнува после вадење нерв, порцелански нема како да потемнат. Тие се навлаки одозгора на природните заби и не менуваат боја, освен ако буквално баталиш одржување на хигиена.
Здраво сакам да прашам за другарка од што може да има ваква бела точка на забите, дали е тоа опасно, и дали може да се очисти? Ако знае некој нека ми каже.Фала многу
Најчесто генетски е ова, настанало уште додека се формирале забите во коската, некој дефект во минерализацијата на глеѓта. Дали наследно, дали поради надворешни фактори никој не може точно да каже. Да се исчисти не може, за жал. Опасно не е, само естетски не изгледа баш убаво. Да се проба со премачкување со флуор некое време, ама само ако вишокот флуор не е причина за ваква состојба.
Пред некој ден се разбудив со главоболка, а и забележав дека всушност болката ми доаѓа од вилицата. Претпоставувам дека многу сум ја притискала вилицата во спиење. Некогаш и преку ден имам забележано дека несвесно притискам (обично кога работам или кога ќе се сконцентрирам на нешто). Се напив Б комплекс, ја масирав вилицата, правев некои вежби, па ми олесни малку и болката ми се намали. Често имам и мигрена, па претпоставувам дека ова е една од причините. Дали имате било каков совет кој би можел да ми помогне? Некакви вежби?
Бкомплекс и магнезиум во комбинација навечер пред спиење. Некогаш ако си посебно под стрес може и дијазепам да се опушти мускулатурата. И секако, изработка на силиконски штитник по мерка, за да се заштитат и забите и зглобот.
Мала помош... денес вадев заб. Ми стави некој лек како "желе" на местото кај што беше забот, ама не ми кажа дали да го извадам сама лекот или да одам да ми го извади докторот. Некој со вакво нешто имал искуство зошто прв пат ми ставаат лек на ваден заб а да не е дрен...
Исто и мене ми се случува. Пред некој ден се разбудив и забележав дека не само што сум ја притискала вилицата туку и чкрипам со забите. Претпоставувам дека поради ова имам и чести главоболки. Ги "обвинувам" стресот и анксиозноста.
Да стварно воопшто не изгледа убаво, барам лек со кој што ке може да се реши овој проблем, не знам дали стоматологот ке може некако да го среди овој проблем, ипак да се консултирам со неа и да се види што како. Мислиш дека премачкувањето на флуор ке помогне, колку кошта знаеш ли? Фала ти многу