Фала ммогу мислев да не е нешто утка у мерката, само да се навикнав во скоро оти ептен саклет и нервозо ми е.
Ќе се навикнеш. Јазикот бил слободен во празниот простор и сега треба да се врати назад. Ќе пројде и ова, за кратко ко свои заби ќе ги осеќаш.
Оф да, цело време ми е таму и ми допира на забите, ич не ми е комотно можеби оти е на задните заби, и имам проблем со храна не можам да си јадам нормално
Не би требало да боли. Може да има реакција од тоа што се работело, или да боли местото каде што се боцкало, ама болка во забот не треба да има.
Еве цел ден веќе ме боли. А немаше многу за стругање, беше делумно скршен и му стави пломба да го пополни.
Ај види утре како ќе е. Ако боли, пак оди, или снимка нека направи, или лек нека стави. Затоа преферирам без анестезија да работам во некои случаи.
Боли така Ано. Пробав еднаш и не можев да издржам. Знам и мојата истото ми го збореше, без анестезија за пломбирање.
Знам дека боли. Па ставам и јас анестезија, не дека не. Ама во такви случаи кога е длабоко, не пломбирам одма, туку ставам лек. Следен пат без анестезија пломбирам. Така бар знам дали ќе боли или не.
Мене минатата недела кога ми пломбираа два заба, малку ме болеше, само не знам дали забот или непцето, после пломбирањето, ама ми помина. Исто со анестезија.
Ја си имам трауми од бившата заболекарка. Не беше воопшто трпелива, не правеше паузи додека стругаше, не ми дозволуваше анестезија, ми се дереше затоа што ме боли, плачев, добив напади на паника на столче, си набив стравови и затоа решив веќе да не поправам заби без анестезија...
Во ред тоа, кажав дека и јас ставам ако не се издржува, ама ставам лек, а не пломба, особено ако е длабоко и пломбирам следен пат, најчесто без анестезија, оти не боли толку. Дали ќе пломбирам или не ми зависи секогаш од длабочината на кариесот, а претпазлива сум, оти не сакам без потреба да умртвувам заби. Искуството ме научи така.
Дали ако расте 8ка и се уште не е излезена се осеќа болка само во непцето или и во соседниот заб? При џвакање па и при допир со јазикот осеќам јака болка на местото кај што треба да искочи осумката ама и на седумката од таа страна, значи не на цела 7ка туку на пола заб од страната накај осумката. @Annath
Не знам зошто ама имам осеќај како по скроз малку да ми се клати порцеланскиот мост (на 5ка и 8ца е значи 4 заби) не знам дали ми е од тоа што уште го немам навикнато и јазикот ми е цело време таму , го имам само 6 дена и уште не јадам на таа страна , ептен сум параноична и анксиозноста одма ми се покачува, што ако не е добро.
На Тианде со бамбусова сол. Со години ја користам истата, совршено ги негува непцата. Имам пробано и други поради цената заради тоа што е малку поскапа ама не оваа дефинитивно ми е најдобра.