Проблем со забот...а сега и оток Лекот е да одиш на стоматолог, да те прегледа, да ти го симне отокот, да ти препише антибиотици. Не седи така, отокот не е шала.
Проблем со забот...а сега и оток бев на стоматолог... ми препиша некои лекови...сеуште ништо нашколо сум 2 смена...си мислам да одам ..да не одам
Проблем со забот...а сега и оток Да не одиш. Инаку на другарка моја така уште ехее пред едно 10 години и се направи оток, и после тоа кога и се повлече и остана лузна. И до ден денес си ја има.
Испадна дека треба да одам да ми го вадат умникот едниот зошто ми растел криво Стоматологот кога ми кажа на хирургија пребледев Му ваделе на некој да ми кажете како е што е?
Не е страшно, тоа е рутинска операција.ова ти го кажувам од искуство, зашто и мене ме извадија од памет со операција на двојката поради појава на циста, па по консултација со многу луѓе кои се стручни во таа област, меѓу кои и Анатх, увидов дека не е ништо страшно и наредната недела ќе одам да си закажам термин. Инаку поконкретно за твојот случај еве ти линкови и прочитај, ќе видиш дека нема место за паника http://www.kotevdental.com.mk/impakt.html http://roditeliideca.bbgraf.com/t2846-topic zdravstveni-problemi/operacija-na-umnici-t7687/ http://www.zazdravje.com.mk/upload/cont ... 0%B0%D1%80
девојчина да ве прашам,постојано сум на забар и сите ми се здрави забите правам редовно контроли,сега само една седмица ми е расипана малце и ке одам да ја поправам,но постојано имам болки кај 4ката горе поправен ми е ми падна пломбата ,поточно ми се изрони,ми ја поправи пак и пак сега ме боли на благо,ладно и топло,и плус имам многу проблематични непца покрај хигиената што редовно си ја извшувам,и забен конец зедов и жлебините ги чистев и пак ми крварат и се воспалуваат,а тоа дава непријатно чувство, кажете помош за оваа работа како да спречам воспаление на непца и зошто постојано ме боли 4ката а е поправен
За непцата земи си Гингивал Ц, или Генгигел, некоја од медицинските пасти на Лакалут против крварење, би требало да помогне. А за забот што те боли, да се направи снимка, да се види дали има процес на коренот, ако има, да се лекува соодветно.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори луѓее незнаев кај да пишам ,се разбудив со болка кај жлибината одма до умникот ,подуено ми е и ме боли ,незнам дали е загноено ама многуу боли неможам ни да голтам ве молам за некој совет
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Oтиди на лекар, веднаш ќе ти го средат. А ако не ти се оде, тогаш домашен лек мед+сода бикарбона намачкај на местото што те боли.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори не ми се оди бидејќи сум од струмица тука студирам и немам ни книшка во мене ништо и сега незнам на приватно колку пари ќе треба да платам ,затоа полесно ми е така сама да го средам барем да пробам ако не помине ќе мора да одам нема бегање а медот и содата да ги рамешам преходно или ? фала ти
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори На прстот намачкај мед (бркни во теглата со врвот на прстот и колку ти се налепи толку) и одозгора пороси малку сода бикарбона и така намачкај на жлабината. Пробај да не го голтнеш медот за брзо време. И повеќе пати го направи ова во денот.
Не е баш проблем, ама е прашање.. Имам скоро 23 години, а сеуште ниеден умник не ми е излезен и изгледа дека немаат абер да ми пораснат... Излегуваат ли на постари години, или никогаш нема да ги имам? Не дека ќе ми биде криво ако не се опаметам (Сите околу мене веќе ги извадија сите умници, само јас немам ниеден пораснат)
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Не знаев јас за лекот со сода и мед, ама додека мене ме мачеа умниците ме советуваше заболекарот да ја плакнам устата со раствор од млака вода и сол. Умникот целиот е излезен или го покрива дел од жлебината? Мене ми беше така па од заглавена храна инфекции колку сакаш, додека не се налутив и ги извадив. Ако видиш дека не ти поминува може ќе треба и доза антибиотик.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Лош здив? Од што може да биде предизвикан и како се лечи? (за други прашувам да не мислите сум хипохондрик )
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори ^^Проблеми со забите, со крајници па дури и од желудник. Личноста прво нека одi на забар, па потоа нека провери и другово. Привремен лек-често миење заби и џвакање мастики.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори незнаев и јас за тој лек ,ама не ми помогна ,еве целата сум подуена ,е боли ептен незнам што да правам,ако не се смири малце до утре ќе морам да одам на заболекар :/ инаку умникот како на пола да е излезен веќе 4 год ми е така ,жлибината покрива дел од него ...исто како на тебе
Може и воопшто да немаш умници, не сите ги имаме. Може и подоцна да ти излезат, индивидуално е кај секого. Има и случаи кога воопшто не никнуваат и си стојат во коската, затоа што не добиле стимул за растење. Можеш со една панорамска снимка да провериш дали имаш или немаш умници, чисто да знаеш на што си. И не се секирај ако ги немаш, тоа е сосема нормално
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Ada21, имаш џеб под непцето што го покрива умникот. Таму ти се собира храна и се распаѓа, па се јавува воспаление. Привремено решение е да се исчисти и смири воспалението, а трајно или да се направи циркумцизија (да се сецне делот од непцето, евентуално и делче од коската што го покрива забот) или да се вади.
А можеби и умникот да ти е расипан штом толку боли. Јас имав такви болки и во бременоста го вадев умникот. Не боли ИЧ. Ама штом не ти поминало од медот и содата, мораш на лекар, значи имаш поголемо воспаление.
^ Ако има воспаление нема да го извадат умникот додека не помине воспалението. Можеби и самиот заб е расипан, ама штом толку боли и е отечено, тогаш мораш на заболекар. Душичка, ега ти помине побрзо. Во меѓувреме додека најдеш заболекар, за болката можеби да прашаш во аптека за некоја водичка или ѓел со анестетик во него ако имаат за такви работи, или пак со стар општопознат лек, лута ракија држи, нема да ти помине ама барем да отрпне малку.