@Annath си имам мака, терминот ми е дур во понеделник, морав да закажам. Носам веќе 9 месеци навлаки, редовно ги четкам, и ги мијам со Листерин. Меѓутоа утрово имав силна болка, не се трпеше па пиев кафетин. Болката е на непцето, а се забележува и оток, устата едвај ја отварам и едвај јадам. Дали има шанси да e гнојна кеса? Збунета сум, сите заби ги поправив пред да ги ставам навлаките, а некои дури и вадев. Здивот дури почна и да ми мириса. Каква е постапката ако е гнојна кеса? Има шанси да ги извадат навлаките? Ништо не ми е јасно.
Може џеб да е, а може и од заб да се случува ова. Со преглед и снимка ќе се утврди точно што е проблемот. Ако е до забите, проблематичниот заб може да се отвори преку навлаката и да се лекува, ако веќе не е лекуван. Ако е лекуван има други опции, ама зависи и за кој заб се работи. Ако има потреба и ќе се извадат навлаките, ама пак ќе кажам, без детален преглед и снимка не може да се каже што точно ќе се прави.
Добро вечер... Ми предложија навлака на заб, бидејќи по некоја процена би можел лесно да се скрши, сакам да прашам, дали мислеле само на тој заб навлака или за жал ќе мора и соседни заби да се зафатат, забите ми се здрави соседни и овој ми е, но ми предложија со следно отварање навлака?
Zdravo sakam da prasam nesto dali znae nekoj dali moze na nekolku zdravi zabi i plombirani da se isilat i da se stavi vilica vestacka znae li nekoj kolku pari kosta isiluvanjeto za site zabi dali e skapo ili ne?
Дали имплантите се удобни како навлака за заб или? Некој да каже од искуство, тетка ми сака да става импланти на горната вилица, ама и е страв да не се многу неудобни или тоа зависи од човек до човек?
Дали е нормално после поправање на заб да боли? Утринава поправав два, прееска јадејќи се заборавив гризнав на таа страна ме пресече во моментот болка, се мислам да не не ми го направиле ко што треба
Нормално е, мене така ми беше првата недела, др ми рече од длабок кариес било тоа, така да не се секирај сосема нормална реакција, ако не трае многу долго
Колку време е нормално да трае отрпнатост на јазик од локална анестезија? Вчера правев заб и мораше два пати да ме боцка оти премногу болеше, денес отрпнат ми е само јазикот уште и слабо осеќам вкус. Значи поминати се 28 саати откако ме боцна.
Обично пушта 2-3 часа после боцкањето, евентуално да држи до вечерта. Земи пиј Неуробион или Неуровит (истото е, само различни имиња) неколку дена пи едно на ден, би требало да пушти.
Здраво на ситее! Сакам да правам корекција на гингива. Ме интересира дали некој има информација за цените и за колку време заздравува? Ви благодараам
@Annath како да разликуваме пигмент и кариес? Има ли по нешто што може да се види дали е кариес или пигмент, од страна кај забот имам како нешто црно, забарката ми рече пигмент било, ама не е баш малце... Ме збуни искрена да бидам, направив и снимка ми рече нема ништо?
Стоматологот најточно ќе ти каже, со преглед и снимка. Ако ти рекла дека е пигментација, најверојатно тоа е. Ако не пропаѓа сондата при преглед, односно сондирање, тогаш е пигментација. Бар најчесто.
@Annath Дали длабок загриз (каков што имам), може да биде причина за кршење на циркониум коронки.Планирам да ставам на горни 1 и 2,ама ме мачи ова со загризот. Страв ми е многу, бидејќи се предни заби. Еден доктор вели ќе треба да носам од тие пластиките за спиење,не знам како се викаат,друг вели некоја гума да ставам на коронките за спиење,трет вели нема врска,не треба ништо.Што кажува твоето искуство? Фала ти
Длабок загриз сам по себе не, ама стискање на забите ноќно време, т.е бруксизам, може да доведе до пукање на било какви коронки. Бруксизмот може да биде причина за продлабочување на загризот, ама не знам кај тебе каква е ситуацијата.
Благодарам Да стискам т.е не знам што правам ноќе.Во последно време забележав рани на внатрешната страна на образот...Имаш некој совет што би помогнало?
Да се изработи штитник (гума) што ќе се носи за спиење, ама и преку ден по потреба. Така ќе се заштитат забите, ќе се спречи пукање на коронки и појава на рани на образите. Во повеќето ординации изработуваат силиконски штитници по мерка. Навечер пред спиење магнезиум со б6 во комбинација за смирување.
Дали лентите за белеење заби може да се користат без консултација со заболекар? Моментално имам ваков комплет за белеење заби без пероксид Spoiler Да напоменам дека јас ги избелив забите со сличен метод како овој погоре кај стоматолог, ова е за мм @Annath ?