Го купив во ДМ околу 20 евра... уште не сум го прочитала упатството точно,ама отприлика се става од гелот на навлаките и се чуваат на забите околу 15 мин... 7 дена....
Здраво ве молам за совет, не знам што ми се случува со забот... 3 дена имав неподнослива болка на заб со здрава пломба без никакво дупче на забот или знаци на кариес. Отидов веднаш кај дежурен заболекар и надворешно се ми беше во ред со забот а имав преголема болка на допир... Ми го отвори забот и ме праша дали пломбата ми е нова, што не ми е, ми кажа дека на забот ми е изваден живецот дека забот е лекуван, каналите полнети но изгледа неправилно или нецелосно наполнети.. Ми рече дека морам да го сликам зсбот за да се види што е (морам да чекам понеделник) а за болката ми додоа амоксиклав и налгесин... Денеска ете и ми отече но не е загноен... Инаку заболекарката напишала претпоставка дека се работи за Хроничен Акутен Парадонтис а јас поима немам што значи тоа и некако страв ми е што се случува...
Имам уште еден ѕид од заб којшто треба да ми го извадат. Е сега, баш сега ми се разниша и ме боли. Готов е да падне. Ко ќе јадам ме боли. Не сакам да чепкам. Што да превземам?
@Annath дали може да ми објасниш за тоа погоре што прашав... Ситуацијата од петокот ми е мн влошена, ми отече забот(6ка) и мислам дека ми се формирало како кеса на долниот дел од устата ...Јас требаше утре да идам да ми го сликаат забот ама не знам дали ќе можат бидејќи јас доста тешко можам да ја отворам устата... И дали да одам на зобoлeкар додека ми е отечен дали можат нешто да направат за отокот и гнојот....?
@Annath дали може да ми објасниш за тоа погоре што прашав... Ситуацијата од петокот ми е мн влошена, ми отече забот(6ка) и мислам дека ми се формирало како кеса на долниот дел од устата ...Јас требаше утре да идам да ми го сликаат забот ама не знам дали ќе можат бидејќи јас доста тешко можам да ја отворам устата... И дали да одам на зобрлакар додека ми е отечен дали можат нешто да направат за отокот и гнојот....?
Не сум стоматолог ама мислам дека ако ти е отечен треба прво да пиеш антибиотик за да ти спадне отокот зошто со оток не можат да ти работат. Види утре оди и нека ти пишат антибиотик има и едни апчиња не знам точно како се викаа се пијат неколку дена по ред по едно на ден, исто за оток и може во комбинација со антибиотикот.
Луѓе, одите на дежурен за вакви итни работи. Не може да чекате одговор на форум. Не можам да ја отворам устата, ама ќе чекам рандом форумџија да ми каже што да правам. Страшно.
Да, не можат да ти работат во уста, ако ти е отечено местото. Јас Сабалјево се напив СЕРАПЕПТАЗЕ, на гладно се пијат против оток. Морав пошто отекувам.
Серапептазе и клиндамицин по шема, првото по едно наутро на гладно пола саат пред јадење, второто три пати дневно по едно (на 8 часа) после јадење. Кога ќе спадне отокот, снимка и да се види дали ќе се вади или ќе се прави ревизија на полнењето и лекување. Поверојатно ќе се вади. @GirlLove ќе треба коренот да го вадиш, не само парчето што ти смета.
Ти благодарам Дали ќе е доволно Серапептазево, еднаш што го испив сабалје на гладно? Гледам отечено ми е непцето. Утре имам закажано. Само не знам колку после вадење ќе бидам способна за работа, работам во кол центар. Страв ме фаќа и паника
Женски како може да се провери кандида во уста?Дали треба матичен лекар да земе брис или забар,или некој да даде упат? Како всушност изгледа проверувањето?
Фала @Annath за објаснувањето. А @СуперДевојка секако дека бев кај дежурни заболекари и во петокот и денеска но ете и двајцата беа со став дека мора да се чека ренгенот од забот па потоа.. Друга работа мене ми препишаа само антибиотик Амоксиклав и апчиња за болка Налгесин. За оток ништо ама баш ништо не ми препишаа. Јас се наоѓам во Словенија и искрено не ни знам дали овде како лекови ги има серапептазе и клиндамицин и дали може без рецепт да де добијат. Друго мене заболекарите ми се нови и не сакаат мн да објаснуваат како кога имав заболекар во Мк. И јас повеќе бев загрижена за понатамошното лекување на забот со оглед на какви се работи прочитав на интернет. Ете денеска ме охрабрија дека има време да се спаси забот но од друга страна стравот ми е сеуште присутен бидејќи читав дека инфекцијата е лоша а и дека може лошо да влијае на бремени жени(што ете мене тестот ми покажа дека најверојатно сум). Оттука стравот... Сепак фала ви за секоја информација...
Па исто е и амоксиклавот, антибиотик, да ти го смири воспалението, а со тоа ќе се намали и отокот. Нема магично апче за оток. Во секој случај, подобра опција е да те прегледа доктор и да ја увиди состојбата отколку некој на форум иако истиот е доктор. Едноставно, не те гледа и не може точно да ти каже.
Некој трик да не те боли заб кога треба да ти го направат? Ни инјекција, ни спрејот за здрвување. Џабе се. Ама до кога ќе се влечкам, не знам. Пијам апчиња колку што ќе издржам само за да не отидам. Се надевам дека без него нема да останам ако продолжам вака
Плачев последниот пат. Забарот сирот немаше што да прави и само лек и пломба ми направи. Така си остана. Ама еве пак почнаа болките.
И јас имав сличен проблем скоро Три пати ме боцна, цело лице мислам ми се удрви ама забот пак болеше. И веројатно ќе треба да ми го умртвува. Реално нема некое чаре. А чекај...како што знам, привремено се затвора со лек. Пломба е веќе финиш, кога е исчистен, направен забот.
Да привремено е со пломба. Требаше да отидам пак ама не отидов. Така си остана како што кажав. Еве сега барам некое чаре. Не знам до кога ќе терам вака. Од апче поминува да али не е решиние тоа го знам.