Треба да ги вадам сите 8мици, собрав храброст ама ужасно ми е страв, имам многу мала вилица и немаат место кај да искочат, само ми ги буткаат другите и не можам да јадам бидејќи осеќам притисок на другите заби, ме болат сите, не знам како да кажам. Направив снимка бидејќи се жалев на болка а не знаев точно кој заби, здрави ми се сите други според снимката, а 8миците се поставени странично и буткаат бидејќи нема простор. Е сега мора да се вадат, не се ни излезени од непцата позади, само натечени непца и гребе ко на бебе ко заизлегуваат, не знам како да објаснам поинаку Колку процедурава е болна на такви не излезени заби, и дали ќе можам 2 да извадам во еден ден на едната страна, пример долу и горе на десната страна? Да ја истрпам болкава од еднаш ми е, не за друго @Annath ?
Може одеднаш, не дека не, ама дали ќе се нафатат. Може да имаш болки после вадење, може и не. Зависи како ќе тече зафатот.
здраво дали некој има случајно контакт од др Емилија Левеска Стефаноска од стоматолошка клиника мн е итно
Dali struganjeto na zabi se naplaka ili ne? Ako znae nekoj moze li da mi kaze ke mi znaci mnogu fala vi. Ubav den
@Annath ресекција на врвот на коренот (апикотомија) На забар ми рекоа ќе ми ја сечат горната коска на непцето горе за да се раздвоеле единиците, реков нема шанси и ми рекоа ништо не било тоа. Не знам дали е тоа истово што го пишав погоре тоа ми излезе на гугл. Дали би можела да ми кажеш нешто повеќе или да ми дадеш некој совет? Ич не сакам да ми сечат нешто…
Првпат слушам за сечење на коска за да се раздвојат заби. Апикотомија е процедура на оперативно решавање на процес/циста на корен на забот кога конзервативната терапија не била успешна. Се отвора местото во проекција на врвот на коренот, се сече врвот, се чисти процесот/цистата. Се полни каналот ако не е полн (а обично е веќе полнет), се дезинфицира и се затвора. Тоа е апикотомија.
@Annath Ми се скрши кецот на долната вилица. Вторпат во рок од две недели. Првиот пат многу ситно парче се скрши, сега е веќе поголемко. Ова е парадентоза или? Може ли да се пополни скршеното, треба ли да се извади па да се става вештачки заб? Не ми е ништо јасно, во паника сум, многу сум млада за да останам без заби.
Ако ти се скршил забот, не е парадентоза, кариес си имала што не си го поправила на време, или па си имала под пломбата (ако бил поправан). Тоа се решава со пломба, евентуално навлака. А ако ти паднало парче забен камен, тогаш може да се работи за парадентоза, мора чистење на каменот, и редовно следење на ситуацијата. Ама мораш на забар да одиш за да ти кажат што точно е скршеното и што ќе се прави.
Често одам на лекар, немав ниту кариес ниту забен камен (чистен пред 1 месец). Ќе одам утре, фала ти.
Да да мостови забораив да пишам. Ги стаив пред две недели негде 5ка и 6ка и на јадење топло/ ладно ме болат. На ладно се трпи на топло па и не баш
Кај повеќето ординации не се наплаќа, навлаката ја наплаќаат, мене до сега стругање не ми наплатиле и повеќето кои ги знам исто ми кажувале.
Не треба да те боли, трајно ли ти ги зациментираа? Можеби ќе треба снимка да се види процесот на забот.
Да, прво ми ги стави као пробно ги носев така две недели па ги зациментира. Ама некако ко да ми де вишак цело време ги осеќам и почињаат на нерва да ми идат.
Нормално е да ги осеќаш ко вишок јас така мислам,додека се навикнеш а две недели е мал период. Ма да,јас одма се навикнав на нив ко уопште да не сум ставала мостови. Мораш да одиш да видиш за тоа што те боли,ама најчесто и лошата изработка си го прави своето.
Не знам тројца блиски на истото место ставаа задоволни се ниту ги болело вака ни ништо. Само мене... Може нешто е до изработката не викам не, не знам
Дали на 32 годишна возраст можно е да излегува умник? Имам болка веќе три дена горе десно, што на моменти престанува , ама во главно трае цел ден. Болката не се трпи, не можам да јадам воопшто од таа страна. Ќе почекам уште утре ако не помине ќе одам на забар. Прво не знаев што точно ме боли , ама па што би можело да биде таму на крај... @Annath ќе ја тагнам , благодарам
@Noranora треба да налегнат убаво, ама штом си ги носела привремено, досега веќе требало да се навикнеш да ги чувствуваш како свои. Може некаде ти е повисоко, па доаѓа до предвремен контакт, нелагодност и болка. @koritsaki може, ама провери да не е некој друг заб во прашање.
Јас сега пред една недела ставав навлаки доколку мислиш на тие, прво ми штрчеше нешто, па д-р стругаше, после пак и така додека не ми беше удобно да затворам и отворам уста, првиот ден многу лошо ги чуствував мислев нема шанси да се навикнам на ова чудо, а вториот ден заборавив дека ги имам, така да мислам дека 2 недели е некако долг период, сепак не сум доктор, не знам мое искуство беше тоа.