@Noranora треба да налегнат убаво, ама штом си ги носела привремено, досега веќе требало да се навикнеш да ги чувствуваш како свои. Може некаде ти е повисоко, па доаѓа до предвремен контакт, нелагодност и болка. @koritsaki може, ама провери да не е некој друг заб во прашање.
Јас сега пред една недела ставав навлаки доколку мислиш на тие, прво ми штрчеше нешто, па д-р стругаше, после пак и така додека не ми беше удобно да затворам и отворам уста, првиот ден многу лошо ги чуствував мислев нема шанси да се навикнам на ова чудо, а вториот ден заборавив дека ги имам, така да мислам дека 2 недели е некако долг период, сепак не сум доктор, не знам мое искуство беше тоа.
Не се работи за болка нон стоп, само кога јадам/пијам топло,ладно или кога пробувам нешто по тврдо да гризам. И мастика кога џцакам на почетокот не е ок. А ги осеќам како вишак у устава да ми се нон стоп, не знам да објаснам, ко да има нешто што треба да се извади одма Не не за мостови зборам јас. Не за навлаки
Ти зафаќа некаде, високо ти е. Мора да одиш да проверат контактни точки меѓу забите, на загриз, оти ова што го осеќаш е типично за проблеми со висината. Како пломба кога ти е висока и стругаат да се среди. Исто и мостот така. А тоа што ги осеќаш како вишок е поради јазикот, кога се навикнал на празен простор (ако надоместуваш изгубени заби) и би требало да трае неколку дена, не недели. Види со висината прво, после мислам дека ќе биде добро.
Ме боли осмица доле десно непцето отечено го осеќам, од тоа што ме боли мислам и уво почна да ме боли што да праам? Ставив мраз од внетре поминува додека не се стопи мразот што да праам?
@Spidy Да не имаш ти слушнато за сечење на коската или засек правење нешто така на таа коска на средина горе на непцето што е?
Бев на забар , ми излегол умник ама крив е и ме удира во внатрешноста кај образот и ми направил рана. Имам и од десната и од левата страна сега. Наредната недела ќе ги вадам и двата само треба панорамска слика да направам
Имам едно прашање. Ми се скрши пломбата на забот, и бидејќи не сум во можност одма да одам на стоматолог ми треба совет. Непцето каде што ми се скрши пломбата од едната страна од црвено премина во виолетова боја додека на другата страна каде што ми е останат другиот дел од пломбата непцето ми е во ред и немам болка. самиот заб не ме боли, но непцето при допир особено. Еве слика како за пример, не знам дали гнои или дали треба да се сече. И да напоменам дека се двои непцето. Доколку може некаков совет или мислење.
Имаш хематом како при удар од кршењето на забот. Непцето ќе заздрави, но ако го оставиш така забот, ќе се иритира постојано на тоа место, ќе биде воспалено и ќе крвари. Кога ќе имаш шанса, оди на забар, да се види што ќе се прави со забот, кога ќе се среди тоа, ќе се среди и проблемот со непцето.
Се прави во ортодонција кај возрасни пациенти со вкрстен загриз бочно што треба да носат hyrax (апатат за ширење на горна вилица), ако е тоа што мислам. Јас работам во ортодонтска ординација, не сум видела да пратат некој тоа да го прави, не знам ни дали се прави во Македонија, ама теоретски како интервенција го знам. Кај деца непцето на среде не е окостено и кога го носат тој апарат се шири вилицата, па во среде се создава нова коска. Кај возрасни двете половини се споени, па хируршки се сече за да може апаратот да делува.
Едит: гледам Анат ти пишала за френулектомија, многу поверојатно е дека за тоа се работи, ама тоа е ресичка од слузокожа, не е коска што се сече. Сигурна си дека ти рекле коска да се сече?
Е да спомна некое апаратче и спомна ширење на горна вилица. Како да пишам на гугл за прочитам повеќе? Инаку да ова е 100% што го пиша.
Пробај surgical maxillary expansion. Апаратот се вика hyrax што кај мене на работа се користи кај деца, не знам дали постои и друг тип на апарат за таа намена кај возрасни во комбинација со операција.