Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    мене ми се јавува повеќе пати до сега таква болка и кога ќе се воспали не се издржува лудница е и глава боли,и очите па дири и носов ме боли .Можам да кажам дека од август ме мачи тоа ,до сега имам одено нон стоп на стоматолог кога ќе ме фати да ме боли.Кога ме фати таква болка првиот пат значи ми се воспали од лево и долната и горната вилица,првиот пат кога бев на стоматолог ми кажа дека имам каменец треба да се исчисти и чекав да ми се повлече неколку дена болката и отиднав исчистив,после некое време при јадење кога стиснав од левата страна залче леб значи и мртвите ги видов од болка не издржлива пак отиднав на стоматолог и ми кажа дека меѓу забите не се чистела убаво храната и се стварало инфекција ајде тоа пак ми ги исчисти убаво и ми препиша антибиотик едни грчки апчиња ги испив се убаво,и после не помина некое време бевме излезени и јадевме леле дури јадев ај ништо ама после тоа кој ме фати да ме боли невидено и пак отиднав на стоматолог барав да ми се снимаат забите да не ми гное некој внатрешно а надворешно здрави се ,ги снимав и стоматологот вика како што гледам ништо нема не знам што е што предизвикува болка пробај со гингивал масте и паста медицинска ПАРОДОНТАХ и ги купив ги користам некое време болката ми се повлече и потеченоста ,пастата е стварно дорба значи за непца е, околку 200 денари.Сега не знам дали ми поминало конечно или пак ќе се појави бидејќи не јадам од левата страна од СТРАВ се од десна јадам .И последно е стоматологот што ми кажа дека ако ми се воспали пак со болка крајно е во Скопје ,имало некаде лекување на непца ти ги чистеле ласерски жлеб по жлеб.Пробај со пастава може ќе ти помогне поздрав.
     
    На ada21 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    девојки фала ви многу на советите ! јас не сум била на заболекар сеуште ,земав од аптека ми кажаа бетадин раствор за уста за гаргара и чај од жалфија ,ете веќе 2 дена ставам но не се повлекува незнам дали да почекам до утре да видам дали ќе се повлече и се јавив и на заболекарот шо ми е у ср ми кажа и да одам сега нема да може да го чепка ,мора да се повлече прво воспалението ,сигурно ми е од некаква храна заглавена внатре :( леле колку боли ,па и дека е на крај блиску до крајниците неможам ни да голтам едвај ..за пастата викаш помага ,мене па ми рекоа лакалут сензитив била ефикасна ,незнам стварно ,а забите ги мијам ефективно по 5 мин сабајле и вечер ,со лакалут актив никогаш со друга :(
    а забен камен немам бев на заболекар пред 3 недели и ми кажа дека немам....неможам веќе да ја поднесам болката ,како тапа болка е и нервира многу :( ми останува уште со пастата да пробам ...
    а mackice какво е тоа ласерско чистење прв пат слушам и каде го прават тоа ?
    поздрав до сите
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Колку пари се овие апчињата налгесин? Или некој друг лек да ми кажете за забоболка? Ве молам итно е не се издржува :@
     
  4. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    461
    Би требало да се околу 100 денари,јави се во зегин прашај :)
    Или пак напиј се аналгин,вентор стави лед на образ јас со тоа ја смирував болката
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eci.sk

    eci.sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки и момци :) ке ве замолам ако може некој да ми даде одговор , односно да ми помогне...Вака мајка ми има проблем со јазикот...Јазикот и е постојано обложен 3 месеци посетува стоматолог , беше на орл. ставаше нистатин капки ,метиленско сино сода бикарбона и пиеше дифлазон ... И рекле дека е кандида, меѓутоа брисот е негативен. Стоматологот се откажал од нејзиниот проблем,дала се што знаела :) Па ако знаете нешто што би и помогнало,илиимате такво искуство пишете. Позз
     
  6. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Па да ти кажам и јас прв пат слушнав кога ми кажа стоматологот дека крајно решение тоа ќе биде,па дека ти ги чистеле жлеб по жлеб значи меѓу забите ласерски чистат,а не знам кај се наоѓа не прашав.Не знам жива мака е со забиве сега од страв не јадам од лево се од десно ќе ми се искриви вилицава ,ми е срав да не ме фати пак.поздрав. :(
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.553
    Допаѓања:
    201.687
    Пол:
    Женски
    Нека оди кај специјалист пародонтолог, да видат брисот на што е позитивен (не мора да биде само кандидијаза), може по потреба да се направи и биопсија.
     
  8. eci.sk

    eci.sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски

    Annath фала ти многу...Ке и пренесам на мајка ми ;) Позз
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    :(
    Во неделата почна буквално да ми пулсира забот, предната двојка значи, тоа е истиот мртов заб, не реагира на струја и го пломбирам на секоја година дена, зашто лесно се оштетува пломбата и паѓа.
    И почна да ме чешка запчево, онака нервозно, па да пулсира, ајде си викам од ладното е, или сум јадела нешто, ама после 4 дена болката стана неиздржлива, денес бев на забар - му направија дупче, му ставија прво еден лек, како бела паста, ич ниту да чуе, мислам дека уште толку ќе збудалев, после направија пак шуплина и ми ставија некакво жолто лекче и конечно се смири.

    Го сликавме и утре треба да се јавам да видиме што понатаму.

    Прашањето ми е - нормално ли е да боли кога го притискам забот многу силно со јазикот,врз лекот, инаку онака не боли воопшто, се смири болката во забот и целата десна страна.
    Како е можно да се расипува мртов заб, без нерв? И дали се поправа?
    И колку време од прилика ќе стои лекот, устата ми мириса одвратно, на амбуланта, и дали ќе се пломбира најнормално, или?
    :(
     
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем го имав и јас пред неколку години со левата двојка исто мртов заб :(

    И на мене така ми почна болката со пулсирање, за да на крај почне да ме боли целата лева страна. Отидов на забар и пошто незнаев кој заб точно ме боли ме снимаа. На снимката стоматологот виде некаков процес во коренот на забот. Ми стави лек и си отидов дома. Ама болката уште не ми поминуваше. Видов дека нема шанса да ми се смири болката и истиот ден пак отидов на забар. Стоматологот ми го извади лекот, забот ми остана отворен и ми препиша некакви апчиња. Ги пиев две недели и после тоа немав никаков проблем, бев на стоматолог, ми го лечеше забот некаде околу 3 месеци(преку глава ми дојде, одев на секој 2-3 дена) ама ми го излечи и ми го пломбираше.

    Тоа беше пред неколку години. Е сега пред некој месец отидов во да се распрашам за порцелани, сакав да ја сменам левата двојка со порцелан и на снимките ми открија дека на двојката имам циста и морам да правам операција :( . Е тој процес пред неколку години или не бил добро залечен или рецидивирал и ми се створила циста.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Боа, моето и твоето запче први братучеди, зашто го имаме истиот проблем. :(
    Денес ми се јавија и ми кажаа дека снимката покажала дека има гној во забот.
    Останува да се ставам на антибиотик и да се менува лек на забот неколку недели, за да видиме дали ќе се повлече гнојот.
    Ако не, "ќе делуваме оперативно."
    Претпоставувам тоа значи дека ќе треба да си ставам навлака на забот.
    :(
     
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Трендафилка не мора да се става порцеанска навлака, јас сакав да ставам зошто малку ми е потемнет тој заб зошто е девитализиран, т.е мртов заб, а ако не ти е потемнет нема потреба од навлака. Нека се обидат да ти го лечат забот, па откако ќе ти биде пломбиран направи си пак снимка за да видиш дали навистина процесот е смирен. Јас кога го правев згрешив што не направив снимка пак за да видам дали е излечен, па еве сега после неколку години ми прави проблеми и сега цистата не може да се лечи никако освен да се извади со операција или пак да се извади забот :( Инаку мене забот сега не ме боли, ниту пак осеќам дека има циста, не се осеќа ни на допир, ама мора да го решам, не чини да стои во организмот :(

    Туку сакав Ана да ја прашам што би ми препорачала, дали да правам апикотомија или да го извадам забот, зошто и така сакам да ставам порцелан, па да го направам со мост. Јас бев кај неколку стоматолози и различно ми кажуваа. Едниот ми вика никако да не го вадам, демек со операција ќе се решело, друг ми вика дека штом сакам да ставам навлака на тој заб да го вадам за да не се малтретирам со операции и заради тоа што голема била веројатноста цистата да се повтори, па сега се двоумам :(
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    Секако многу подобро е да се направи апикотомија па потоа на тој заб да се стави корронка од порцелан или надоградба.Така се струже само еден заб и финансиски е поисплатливо.Кога би се правел мост треба со коронка да се покријат (по правило) два заба.
    На прашањето- како може да боли мртов заб? одговорот е дека проблемот е околу коренот на забот и таму постои воспаление па затоа ти го оставиле забот отворен за да се издренира и да ти се намали болката. Свој заб секогаш е подобар од нешто што е вештачко.Кога ке се направи мост или коронка не значи дека проблемите никогаш ке ги нема. Тогаш треба да се пази многу на хигиената бидејки може храна да навлегува меѓу членовите на мостот. :!: Се надевам дека помогнав малку. :hai:
     
    На Trendafilka и BoaVista им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Од вчера пијам антибиотик за забот, 3 пати на ден, на секои 8 часа.
    Инаку, кога ќе го притиснам забот со јазикот во делот каде што стои лекот ужасно боли.
    Онака се смири болката, како во забот, така на целата десна страна.
    Јас размислував откако ќе се залечи, да си ставам навлака.
    Постоечката пломба ми опфаќа 1/4 од забот и ја обновувам на секои 6-12 месеци, а и менува боја и ме нервира.

    А што би се случило со забот доколку гнојот не се повлече?
    Можно ли е тоа? И чаре?
    :(

    И плус, мирисот од лекот е ужасен и не исчезнува.
    Со ништо.
    Миење заби по 5 пати на ден, најлутите бонбони, мастики, зелен чај, чај од жалфија... ништо.
    Јас не знам како ќе издржам недели со леков.
     
  15. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    Од антибиотикот и лекот кој е ставен во забот кога- тогаш ке прекине гноењето.Кога има процес околу коренот боли на притисок и тоа е нормално.Идејата со навлака т.е коронка ти е одлична.Во зависност како ке се одвива лекувањето стоматологот ке ти каже дали ке треба апикотомија.А за миризбата јас ја обожавам и не ми смета.Сврти го вниманието на друга страна и така нема да те иритира.Ке ти стават пломба па ке ја снема и миризбата. :D
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Благодарам многу Касиопеја на твоите одговори, еве мал текст за процесот
    http://doktori.mk/element/view/4d8655cf ... s-za-zabot
    а миризбата, човек се навикнува некако на тој метален вкус во устата, ама не можам раат да си го бакнам дечко ми... :(
    Ама ајде, ќе помине.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Девојки, помош. :(
    Денес бев да сменам нов лек на забот, после една недела.
    Ми ставија од истиот жолт лек и докторот ми рече - во случај да почне да те боли, ама многу силно со загреана обична игла само направи си дупче.

    Јас не заслушав убаво, зашто искрено болката попушти сосем последниве денови, не ме болеше ни под притисок со јазикот и мислев дека и гнојот се повлекува.

    Еве ме сега, во ниедно време, беснеам низ дома, ме боли како првиот пат, тапа болка која ми пулсира во забот и не сфаќам каде да ја брцнам таа загреана игла?
    ;(
    Ќе ме мрдне овој заб!
    ;(
     
  18. Gaabbii

    Gaabbii Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Во делот од забот кај што ти е лекчето да може да влегува воздух. леле тие заби аман веќе.А да не јадеше на таа страна па храна да се насобрало?
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Нема храна дефинитивно, не јадев нешто посебно, а од тогаш и 2 пати измив заби.
    :(
    Не сфаќам што ми збореше човеков, каде да ја брцнам таа игла, колкаво дупче да направам, треба ли низ лекот да циркулира воздух, да не биде толку затворено и под притисок?
    :(
     
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    ^^ Најдобро ти е да си појдиш уште утре на заболекар и тој нека среди.
    Мене така ми се случи, бев на заболекар и ми среди тој. А болката се намалуваше кога ќе ги измиев забите, па приморана бев со четката да се шетам низ соба. :(

    EDIT: Ти пулсира од гнојот. :( Грда болка...
    Направи гргара со чај од жалфија...
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.