Добро изработени мостови со добар квалитет може да траат доживотно, прашање е твоите заби колку ќе траат.
Така е, до сега 6 години и уште ги носам. Само многу е невкусно од твоја страна што ги спомнуваш моите заби.
Никој од нас не знае што го чека во животот и какво ќе биде здравјето на забите. Јас не кажав ништо лошо, ниту погрешно. Колку ќе траат мостовите, најчесто зависи од забите на пациентот.
Моите заби се моја лична ствар и не се тема на муабет. Членката праша и одговорив, во глобала секој стоматолог различно кажува.
Девојки, предложете ординација во Скопје за фиксна протеза. На колку време се контролите ? Како оди процедурата на ставање , дали е болно? И колку се движат цените од прилика ?Фала
Ве молам ако некој може да ми помогне. Имам на ќош на уста, нешто што прво беше надувано како жолтеникаво балонче ама и потврдо и ме болеше, сега ми е целото бело. Ќе ставам слика во спојлер. На сликата ми е разрането пошто како отварам уста превише го истегнав и се разрани, иначе само по себе не е рана туку плик, не знам ни јас. Никогаш, никогаш не сум имала херпес. Тоа ли е или нешто друго? Многу ми е фуј.. Spoiler
Не е херпес, личи на хеилитис, може да биде габично, од бактерија, од сонце.... Може да мачкаш комбинација од канестен и гарамицин, евентуално ако имаш хидроциклин. Ако не помогне после неколку дена мачкање, пробај со Солкосерил или НБФ гингивал гел. Син ми често има вакви во зима, со Солкосерил и НБФ многу брзо епителизира раната и заздравува местото.
Здраво Дали некој имал искуство со алајнери ако може да сподели искуство, која е процедурата, дали има ефект и цената во просек пошто знам дека зависи од индивидуа до индивидуа. Ви благодарам.
Имам 3 прашања до стоматолозите: 1. Каква анестезија е "површно токсично" - така ја нарече. Колку е штетна? 2. Пред правење мост каде еден заб е умртвен а друг здрав, дали треба рентген снимка? 3. Дали е нормално недела дена и повеќе да боли непцето/забите после стружење (непцето го сецнаа бидејќи имало потреба)? Ви благодарам
На 13ти јули го извадив едниот умник, потоа немав никакви болки се и до ден денес. дали смеам да јадам од таа страна и нормално да ги мијам забите? @Annath
здраво,дали некој има правено операција на заб,поточно вадење на врвот ма коренот на забот или апикотомија и како поминал низ сето тоа,инаку јас имам пулсирачка тапа болка во тој ден на тројката горен заб и горе високо кога ќе го допрам над коренот со прст ме боли ,а исто и главата ме боли од таа страна
Јас имам правено два пати на ист заб. Не е ништо страшно, не боли воопшто, со анестезија нормално. Околу 20тина мин траеше целиот процес. Вториот пат имав оток после тоа, ама не беше ништо страшно, за ден два помина. Не се плаши само, ти посакувам лесно и безболно да поминеш
Здраво, утрово бев на забар, ми ставија пломба на забот, меѓутоа од тогаш ме боли целиот заб, не можам да џвакам, ме боли понекогаш и само со затворање на устата. Прашањето ми е дали е ова нормално, затоа што никогаш претходно вака не ми било по правење на заб, или пак има некој проблем?
Ми се скрши забот од пуканки Почна да ми се рони и тој дел од забот што ми остана, е сега утре ќе се јавам за термин кај заболекар, што да очекувам? Минатиот пат додека се селеше докторот од една во друга ординација исто бев со скршен заб и околу 3 недели си беше отворен, па антибиотик па вадење на нерв,истото ли ме чека и сега?