Вадев заб во четвртокот, доле лево 6ка, е сеа немам болка никаква на местото каде што е ваден забот ама ме наболува 5ка до вадениот заб (а претходно не ме болеше) и ме боли десно вилицата и имам чувство ко да ме болат забите горе и доле ама на спротивната страна од десно можно да е од вадењето, еве веќе поминаа 4 дена?? Се чудам од што може да е
Не знам дали е за тука проблемов. Веќе неколку дена на јазикот имам црвени точки, дури на места се како ситни конци. Што и да јадам ми е кисело, ме пече. Исто и од внатрешната страна на устата на краевите како задебелено ми е ткивото, а од надвор ми е разранета цела уста и ептен пече. Буквално рани, линии линии, и крв тече на моменти. Мачкам кантарионово масло ама засега нема ефект. @Annath
Изиритиран ти е од нешто, ама не би знаела што е причината точно. Плакни со чај од жалфија, ладен. Гаргара со Бетадине за орална употреба повремено, витамин Ц и витамин Д обавезно да внесуваш. Ако не помине, консултирај специјалист за болести на уста.
Здраво, имам мала дијастема помеѓу предните заби на горната вилица. Матичниот стоматолог ми препорачува да оставам како што си е, но јас сакам барем уште малку ако може да се затвори просторот. Дали би можело да се реши со носење на мобилна протеза извесен период?
Zdravo devojki ako na nekoja i trebat rezervni delovi cetki za elektricna cetka Oral B neka mi pise vo lp, pozz Spoiler
Дали некој може да ми каже, денес ми стави стоматологот дрен, ми рече минимум два часа да ги носам а ако можам и до вечер. Дали е нормално откако ќе ги извадиш да тече крв?
Мене сега прв пат ми ставија два и од двата течеше крв. Инаку имав јас проблем со воспалено непце и ми рече забите се супер ама непцето е проб и затоа ова го ставам ми рече нема што да се прави забот. Ама мислам дрен дека е рече....
Јас имам проблем со гингивата. Секогаш кога ми ги чистат забите после тоа ми ставаат и дренчиња. Може да се случи кога ќе го извадиш дренчето да потече малку крв, затоа што непцето е воспалено, но за кратко престанува. Ако е така нема проблем.
Пред една недела ми извадија долен умник и ден денес не го осеќам јазикот, како здрвен ми е и немам осет, исто така имам и болки кога го мрдам. Гарант нервот ми го има оштетено хирургот. Некој со слични искуства?
Со мобилна тешко зависи од случајот али потешко е со мобилна, би можело со фисна, али реално ќе си ги уништиш забите, подобро е да оставиш како што е
Јас би ти препорачала доколку се решиш да ставаш фиксна протеза поради дијастема, тоа да го направиш кај стоматолози што навистина си ја знаат работата, како на клиника, со сите процедури, со снимање, па да ти кажат дали е можно таа дијастема да се затвори или не, дали ќе има потреба од хируршка интервенција, никако кај матични стоматолози. Јас имам дијастема, поради тоа ставив фиксни протези во средно, но и забите ми беа малку криви. Ја носев 3 години сигурно и на двете вилици горна и долна. После вадењето на протезите ми се јави крварење на непцата па парадонтоза, сакајќи да ги средам забите ми ги уништија, поради нестручност. Друга работа е тоа што дијастемата не се затвори и покрај три години носење протези, дури со текот на времето и пак малку се подрашири просторот меѓу забите забите.
Sto da se pie za bolka vo zab da se izdrzi vikendot? Bolkata pocna naednas od snosti posle jadenje sladoled