До пола измиј го тогај и купи листерин треба убаво да те испече. Кога неможам да го мијам јазикот, со листерин и оставам неколку минутки убаво да ме испече, потоа престанува.
Нормално е да крвари по малку. Како сукрвица, не јако крварење. Листерин и слични течности не се користат постојано, само по потреба. Не претерувајте со нивна употреба.
Дали може од импактиран умник да боли грлото? И крајниците ми се зголемени малку на страната од умникот, и увото ме боли од истата страна. Матичниот стоматолог ми препиша само Индометацин.
Може. Болката се шири на целата страна каде што е умникот. Ако е лошо поставен, треба да се вади. Индометацинот само моментално ќе смири ситуација, ама што побрзо се реагира, тоа подобро.
Да не ти треба антибиотик случајно? Ти и да отидеш за вадење оперативно, не може да одиш со воспаление во уста. Не знам кој би се нафатил. Инаку од импактиран умник може цела страна да те боли, не само грло.
Да, сум вадела претходно и прво пиев антибиотик неколку дена, мислам дека и во овој случај би требало но не сакам да земам на своја рака. Индометацин треба да пијам 5 дена, па да одам на контрола
Бубаче здраво, сакав да те прашам нешто за забите во врска си стоматологот, но не можам да ти пишам имаш ограничување на профилот. Може ли да ми пишеш во порака? Ти благодарам
.здраво. Бремена сум 7ми семи месец. дали имате искуство со др Русе Пецановски? Добар доктор е? Ви кажав ме болеше заб. Бев кај него. Ама ми рече дека не е забот туку просторот мегу забите, се направил џеб. Вика да не те трујам со антибиотик сега,чисти само со Бетадине па ке видиме . Ептен било воспалено. И сега незнам што да правам фали да одам на второ мислење.
Какво искуство имате со чистење забен камен? Мој близок од кога го исчисти сите заби му се изместија, разнишаа (расклатија ) катастрофа... Треба да го чистам но ми е страв за одпосле
Му се расклатиле, оти каменот му ги држел забите, сигурно со години го собирал. Таложењето на каменот предизвикува прво повлекување на непцето, потоа повлекување на коската и соголување на корените, па затоа забите се расклатуваат. Од чистење забен камен не се расклатуваат заби, тоа е мит, се расклатуваат од нередовно одење на забар и собирање на камени колекции во уста.
Него забите му биле расклатени пред години, ама дури сега без каменот приметил дека се нишаат. Затоа редовно треба да се чисти, минимум еднаш годишно. Баш заради него може да се развие инфекција која ќе ја разјаде коската околу забите и да предизвика тие да се расклатат. Тоа не се случува преку ноќ, вообичаено е последица на долги години негрижа за забите. Секако има и генетски фактор, ама лоша хигиена и забен камен врз забите ја влошуваат ситуацијата значително. Така да иди исчисти си и од сега натаму редовно да го чистиш. Едит: во иста секунда со Анат истото ти го кажавме
Даа веќе имам и закажано само ептен ми беше мисла. Само на два заба го имам така да се надевам дека нема да е страшно или па болно ...