Убаво одговориле понапред членките, јас имам навлаки и ако не идам 1 годишно, (мене ми е многу 2 пати годишно бидејќи водам хигиена и грижа за забите и немам некои посериозни проблеми) ако не ми ги исчистат двете навлаки со тоа тогаш не знам, како другше би одржувала хигиена под навлаките, така да тоа не е ништо страшно, само после чистење се осеќаат чудно забите ама дека се исчистени од храна, после пак со тек на јадење исто ќе ги осеќаш.
Здраво вчера вадев заб долу шестка, беше лекуван ама јас не појдов од пусти страв д се дозаврши забот и дојде до вадење ко се извади забот имаше циста,докторот ми даде да пијам антибиотик клиндамицин од 300 ама јас денес отеков и се плашам дали е тоа нормално после вадење заб? Ве молам за мислење
Најдобро сама да си пресметаш. Зависи за кои заби се работи, ако мостот опфаќа и катници, за нив препорачуваат обична метал-керамика. Сепак, сѐ е твој избор.
Не е ништо страшно, забен камен се чисти 2 пати во годината, предизвикува парадонтопатија затоа треба да се отстрани
@Annath дали Лакалут актив ќе ми помогне околу воспалените непца , ми ја препорача стоматологот и curaprox четка , рече дека ќе се среди и по еден месец на контрола. Доста ми беа воспалени непцата а најмногу на предните три заба доле , мајка ми примети јас мислев нормално е бидејќи ништо не ме болеше , а цело време ми викаше дека имам лош здив и тоа одма по измиени заби. Не знам од кога ми е било ова , но потоа веднаш бев на стоматолог, т.е вчера , и ми ги исчисти непцата , додека чистеше малку ме пецкаше, и течеше доста крв, не премногу, ама ме беше ни минимално. Стоматологот рече дека биле доста воспалени, со оглед на тоа што навистина крв исплукав , незнам колку беше ок тоа. Потоа исплакна со една течност , и на крај ги премачка со нешто , имаше сино зелена боја . Дали има место за паника? А со пастата го земав и растворот за уста од Лакалут актив. Сега ептен нежно ги четкам забите и непцата, колку што можам пробувам да биде под агол од 45 степени , и ми рече блага масажа на непцата , а може и кружни движења при четкање. Дали ќе се среди?
Секако дека ќе помогне, и четката е добра. Земи плус витамин Ц од 1000мг да пиеш некое време, плакни со чај од жалфија (свари поголема количина, чувај го во фрижидер или на собна температура) неколку пати во денот, а убаво е неколку дена навечер пред спиење после миење заби да исплакнеш уста со 3% хидроген, па со вода. Ќе помогне за крварењето. И редовно користење конец, заби миење со вертикални или кружни движења, и секако, редовно чистење на забар, на 6 месеци, па и почесто ако е потребно.
Земи го антибиотикот не се играј,ќе ти помогне за отокот. Нормално е да отечеш си имала циста. Да, ти гарантирам. Јас имав воспалени непца и благодарение на лакалут брзо се среди. Четката треба да е мека,да не е груба. Има во дм малку се скапички ама вреди.
Мислиш детално чистење на забите двапати годишно ,така ? 2-3 месеци доволно ли е да пијам витамин Ц, со забен конец секојдневно така? И со хидроген ок ли е една недела секој ден , или треба повеќе време и да е преку ден , мада немав некои проблем со крварење, само имав доста црвенило а не чувствував скоро ништо , некогаш само имав ептен малку крварење при четкање,мислам дека четката ми беше многу тврда.. но добро што мајка ми примети иначе доколку не се интервенира состојбата се повеќе се влошува нели? П.с со забен конец треба нежно да ги чистам за да не дојде до крварење.
Да , ја земав таа со најмногу влакна , ultrasoft, иако стоматологот ми рече дека сите биле добри и со меки влакна, само што некој имаат помалку некои повеќе влакна.
Да, детално чистење, оти воспалението на непцата најчесто е предизвикано од таложење на забен камен. Забен конец се користи внимателно, да не се оди предлабоко меѓу забите, а витамин Ц не мора 2-3 месеци, може три недели. Хидроген доволно е до 5 вечери да плакнеш, не мора подолго и не е потребно преку ден, само пред спиење. И задолжително да ја измиеш устата после плакнењето. Со чајот од жалфија може преку ден да се плакне. Ќе помине, ќе се смират непцата. И секогаш мека четка да се користи, оние на кои пишува medium или hard, не се пожелни воопшто.
Фала ти многу , а колку чини деталното чистење од прилика , досега никогаш не сум правела , имам 19 години , дали треба веќе да почнам ?
Каков е тој хидроген за заби? Пред 12 години носев фиксна протеза 4 години, значи 8 години како не носам и забите ми се искривија ама поинаку од првиот пат, не се вратија на старо туку поинаку се искривија. Ок е пак да носам фиксна протеза? Да не ми испопаѓаат сите заби? Дали ако извадам еден заб има можност да се исправат? Не знам колку здрави заби до сега имам извадено бидејќи нема место вилицата. Ми фалат уште две осмици, ако излезат и тие тоа ќе значи ново кривење на забите. Дали така природно испаднало да немам место за сите заби или има некоја причина?
800 денари кај матичен, од 1200-1500-2000 на приватно. Нема врска која возраст си, битно е да се чисти за да се пречи влошување на состојбата и губење на забите.
Не носеше ретејнер или мобилна протеза по вадењето на фиксната? Обично се носи, тоа спречува искривување и изместување на забите. Пак да носиш фиксна можеш, ама колку е исплатливо не знам, постои ризик за развој на пародонтопатија. Вадење заби, освен осмици ако немаат место и прават проблем не би препорачала. Тие осмици што ти фалат може и да ги немаш, за тоа да се види треба снимка. Најубаво ортодонт ќе ти каже што да правиш. Хидроген за заби е 3% обичен хидроген од аптека.
Но чистењето се прави 2 пати годишно и доколку немаш никаков проблем со забите и непцата нели ?, сеуште имам малку црвенило нормално ли е, два дена само поминаа од кога ми ги чистеа непцата . Стоматологот ништо не ми спомна за чистење дека треба да се прави на 6 месеци само ми рече за еден месец на контрола , најдобро е да си прашам нели , можеби не кажуваат од причина што не е морално.