По потреба, ама да, два пати годишно е пожелно, може и почесто ако има потреба. Со редовните контроли ќе се утврди потребата од чистење, односно дали треба да се прави почесто или поретко. Тоа треба да го следи матичниот стоматолог. И не морално, туку задолжително. Морално друго означува.
Благодарам многу ми помогна, но многу од стоматолозите не го напоменуваат тоа , едноставно ако сам не прашаш не ти кажуваат тоа треба или сл освен само прегледот и евентуално ако има нешто за правење. А дали под деталното чистење се подразбира чистење и на забите и на непцата ?
Се чистат и забите и непцата од наслагите, во двете вилици, после тоа се полираат, некаде прават и пескарење.
Да, но мене сеуште не ми поминува црвенилото , ги четкам нежно и плакнам два пати со растворот , на горната вилица е ок бледо розева боја се непцата , а долу црвени , нормално ли е и после три дена да е вака од тоа што се биле многу воспалени и што се чистени пред три дена ?
Здраво. Дали може да ми препорачате нешто за оток, некои капсули, таблети. Бев до аптека ми препорачаа цпс-серрапептасе(вака се напишани на фискалната) таблети. Малце погуглав во врска со нив Али не најдов дали ќе ми бидат од корист. Па дали може некој да ми појасни и да ми каже како да спласне отокот. Бтв. Утре ќе одам на забар
Pocni piij gi od utre nautro na gladno 1h pred jedenje predobri se gi imav pieno mnogu mi pomogna serrapeptase, a antibiotikot od denes možeš da pocnes da go pies posle jedenje pozz
@Annath што мислиш за амоксиклав при процес? Вчера сабајле ги почнав зашто само такви имав дома (се слушавме телефонски со стоматологот) и синоќа му отидов зашто болката не се трпеше. Се работи за заб со коронка или како и да се вика. Успеа да ми го избуши порцеланот и да го отвори забот покрај колчето. Ми стави само влошки и рече ако уште ме боли многу да одам денес да ги извади и нив. Мене апче за болки ми помага саат два и сега ептен сум потечена (горе 2ка е) баш до око ми е отокот. Вчера спомна ако не делува овој да смениме со клиндамицин ама да видиме со овој прво. Ме плаши што место да се смири отокот се зголеми
Слаб е амоксиклав за таков оток, земи клиндамицин, и химорал форте или серапептаза. Клиндамицинот на 8 часа после јадење, химорал ако земеш 3х2 на гладно ќе пиеш, а ако земеш серапептаза, едно на гладно, евентуално уште едно ќе земеш навечер, да спадне отокот.
Фала, бев сега ми го остави отворен и ми препиша клиндамицин и дексазон. Кажувај само што е најдобра варијанта за смирување болка. Последно почнав Вентор да зимам ама нема шанси да чекам 12 саати, го зимам на 8. Може ли нешто друго пример бруфен измеѓу да додадам? И знаеш ли што може да предизвикува процеси? Уште лечам заб со процес кој го открив лани овој период, сега овој. Во меѓувреме имам и еден што и после неколку пломбирања уште реагира на благо и ладно и требаше него да го снимам, ама овој го зема трофејот сега
Може да комбинираш со бруфен, ама што знам колку би помогнало. Штом е отворен, би требало да почне да се смирува и болката. Процесите се резултат на инфекција на забот. Лошо чистење канали, т.е недочистување поради криви и тенки канали, недоволна дезинфекција и слабо полнење, половично завршена работа. Потоа може да бидат резултат на трауматска оклузија, односно лошо затворање или преголемо оптоварување на одредени заби. Забот што го лекуваш уште од лани требало да биде веќе завршен, наполнет. Година е премногу долг период за да лечиш процес. Кога ќе се исчисти и дезинфицира забот, се полни и се остава на коската и имунитетот да ја завршат останатата работа.
На горната вилица му фали катен заб, јадејки завчера ми се скрши се скрши забот што доаѓа пред катниот заб, на долната вилица ми фали уште еден катен заб. Утре ќе идам на лекар за да го вадат скршениот заб. Што е подобро да се стави како замена на скршените заби да се имам комплет заби
Ако се расипе нормално излезена 8ца, дали претежно се гледа да се поправи или може како побрза и поевтина варијанта да побарам да ја извадат со клешта? Гледам на 8цава што ми е излезена има кариес, ако е длабок, дали постои опција вадење директ?
Не треба тоа да се случи, ама можно е. Ако само се одлепиле, треба да се цементираат пак. Ако се расклатил твојот заб одоздола, тогаш голема е веројатноста дека ќе треба да се извади, ама мора да одиш на преглед и да се направи снимка. 8ци се поправаат ако има услови и ако самиот заб е во функција (има добра положба и контакт со спротивниот заб). Ако е расипан до тој степен да треба да се лекува (да се вади нервот), најчесто не се поправа, туку се вади. Ако ги имаш сите други заби, поедноставно е да го извадиш.
Хмм добро Али мојот заб претходно ми се искрши и ставивме колче на тој заб па порцелански заб. Дали колчето може да се расклати?
Можно е и тоа да се случило, иако поретко се случува. Секако мораш на стоматолог, сама не би можела да знаеш зошто се клати.
Истиот заб ми прави проблем од јануари навака. Имав кариес, во јануари ми го средија, го пломбираа и од тогаш почна драмата. Болки скоро секој втор ден при јадење, пиење, дишење ладен воздух итн. Пак бев на заболекар. Ми вика немаш проблем со забот туку со непцето, ништо не можам да направам, само го исчепка просторот меѓу двата заба и ми препорача интердентални четки и да го чистам детално. Болката продолжи. Истата болка константно. При скоро секое четкање/чистење болка, и крв. Го чувствувам како раничка да има, од истото место се раскрварува и на истото место е болката. Пак отидов, ми го пресече забот (т.е пломбата), за да има простор меѓу двата заба, за кога ќе отекува непцето да не им смета на забите, така ја разбрав. Ништо не се смени. Да побарам второ мислење? Да побарам некој гел, маст за непца?
Одамна имав проблеми со еден заб, многу често ме болеше непцето, имав лоша миризба а матичниот ми го "лечеше" со дренче и лакалут паста. Откако го сменив матичниот испадна дека сум имала полип во забот па претпоставував дека ми го исчистија затоа што течеше крв и ми го пломбираа, а оттогаш ја снема и миризбата. Ама еве пак почнува да ме боли непцето околу забот, од што би можело да биде? Со лакалут и со конец се смирува ама привремено. @Annath може совет