Здраво, малку сум испаничена. Отеков, пијам Серапептазе на гладно, Вибрамицин и зедов Аналгин. Е сега, не ми помогна. Заболекарот ми рече Ефридол. Забораив да прашам, дали смеам. Еве веќе пола саат Аналгин откако се напив. Да не ги измешам Аналгинот и Ефридолот, да не ми се случи нешто
Мислење за ваква апаратура? https://www.waterpik.mk/product-details/wp-100/ Мака мачам со конец и интердентални четкички, ова ми изгледа како решение. Некој можеби да ги користел овие орални тушеви?
Јас имам, не овај баш истиот туку друга марка. Мене не ми заменува конец, ама за делот кај осумките ми е неопходен. Пред да го имам ми се правеа џебови, ама мене години осумките ми се израснати до пола. За другите заби сепак мислам зависи од растојанието помеѓу забите. Имам пробано да го користам без конец и после чистење сепак кај мене останува храна која морам да ја вадам со конец. Затоа прво користам конец па ова.
@Annath дали непцата/забите се заситуваат од долго користење на истата паста? Јас со години ја користам Парадонтакс (со курапрокс четка) и пак повремено знаат да ми се воспалат непцата на пар денови. И зошто често помеѓу истите 2 здрави заба (4ка и 5тка) кога јадам месо непцето ме боли и знае и да отече? Некогаш приморана сум да чистам со четкичка ДОДЕКА јадам за да можам да продолжам да јадам. Едит: естетски, има разлика меѓу метал-коронки и со циркониум? Забарот ме убедува дека нема разлика, и двата вида прецизно компјутерски ги изработувале, едино во иднина ако се повлече непцето ќе се гледа. Ги знаеш можда In Dent (горно лисиче) какви се со квалитет на изработка на коронки?
Нема заситување ако пастата ти одговара, тоа што крварат непцата повремено се случува и покрај тоа што одржуваш редовна хигиена. А џебовите кога ќе се формираат, нема назад, не се лечат трајно, не може да исчезнат, ќе си продолжиш со чистење како и досега. Меѓу 4 и 5 имаш џеб, се собира храна, затоа се воспалува. Во однос на металкерамика и безметална керамика, разликата е што на ув светлина безметалните коронки имаат поинаков отсјај, односно кај металкерамиката се наѕира металот, ама генерално нема разлика. Ако правиш мостови каде што надополнуваш изгубени заби, подобра опција е металкерамика, а безметалните може да пукнат на местата каде што недостигаат заби. За Индент немам искуство со каков квалитет им е протетиката.
Претесна ми е вилицата и со тек на време се влошува состојбата, ми се прават џебови. Интердентални четкички за тој тесен простор како дупче меѓу забите некако не ја бива, и пак не ноѓам доволно тенки четкички, доста пари фрлам на нив бидејќи просторот е тесен и многу полесно се виткаат и оштетуваат и плус ако прескокнам некое време, боли. Ова ми изгледа како поефикасно решение, и искрено побезболно.
Дали смее да се пие Ефридол секој ден против болка ради оток.? Еве скоро една недела се мачам. Инаку пијам Серапептазе и Вибрамицин, ама еве болките пак стојат а отокот се намали. Вчера бев кај заболекарот, ми ја отстрани пломбата и гнојот истече.
@Annath сабајлево бев на заболекар, бидејќи приметив забен камен на долните заби. Ми ги исчисти, ама некако како да не е до исчистен осеќам одвнатре. Ми рече со хидроген да плакнам, и некој гел за осетливи гингиви. Може повеќе да ми објасниш околу тоа?
Со хидроген навечер, 3%, после миење заби ќе исплакнеш уста со една голтка, плукаш и плакнеш со вода. Гелови има многу, генгигел е добар оти има хијалуронска киселина, помага кај осетливи непца. Ама ако не е дочистено, ќе ти пречи, и јазикот ќе ти оди цело време таму, ќе ти се надразни. Оди да ти го дочисти каменот што е останат меѓу забите.
Мислев, како она што направи со шриц и мала игла да плакнам. Но, штом велиш само така да исплакнам уста во ред.
Не, нема потреба со шприц. А со хидрогенот нема да ги испереш остатоците од каменот меѓу забите, тие мора да се исчистат. А хидрогенот само 3-4 дена е доволно да го користиш.
Добро, ти благодарам. Покрај Генгигел некој друг добар гел знаеш, оти скап е. И секоја вечер ли од него да ставам, бидејќи ми рече не те болат забите, гингивата те боли од што ти е осетлива.
Гингивал Ц колку што знам беше најефтин, ама одамна не сум купувала. Евентуално НБФ да пробаш, околу 400 денари беше, а мала количина се става, по потреба, не постојано. Чај од жалфија или кантарион е добар за непцата, свари си една шолја сабајле, неколку пати во денот исплакни ја устата. И конец, за да превенираш создавање на поголеми количини наслаги и камен меѓу забите. Забите може да бидат осетливи после чистење забен камен, ама и претходно, поради повлекувањето на непцата и соголувањето на коренот.
Ќе видам и во аптека. Инаку, од што се ствара забниот камен. Имав на предните долни заби, одеднаш го приметив. На што да пазам.. паста Лакалут секогаш користам, најмека четка, Лакалут раствор и конец..
Калцифицирани забни наслаги се тоа. Зошто се ствара - генетика, состав на плунка, состав на бактериска флора во уста, начин на одржување хигиена..многу фактори се, не е еден. Редовно чистење на 6 месеци, редовно четкање заби, користење конец би требало да помогне да се намали создавањето. Ама не може целосно да се елиминира.
3 месеци ок, ама секој месец не се чисти, оти не е доволно време да се создадат наслаги, а и толку често чистење не е пожелно за забите. Кога ќе се чисти, зависи и со која брзина се таложат наслагите, кај некои треба на 3 месеци, кај други на 6, кај трети на година. И пушењето исто има влијание, прехранбените навики. Џвакањето е фактор кој помага против таложењето наслаги, оти со џвакање, особено корки, овошје со лушпа и слично помага во механичко чистење на забите.
Devojki problem so zagnoen zab. Ispiv edno antibiotik i po 2 saati mi otece mestoto, bolkata ne se namaluva. Dali e normalno dali po nekoe vreme ke pocne da deluva antibiotikot ili pak da idam na zabar?