Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Gaabbii

    Gaabbii Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    И мене ми се има случено ова затоа и ти кажувам само што на мене лекарот ми го направи тоа со она алатчено негово како игличе напред ми го расчепка лекот колку воздух да влегува и така малце ми помина . Инаку умирав од болки.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    вадев заб преска, и сега ме боли местото многуу! што да праам да престане? ужансо многу боли.!
     
  3. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    напиј се аналгин или кафетин.Трпение ке помине болката :!:
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.553
    Допаѓања:
    201.687
    Пол:
    Женски
    Ме немаше долго време на темава, оправдано. Ама сега сум тука.

    Трендафилка и Боа, го имате скоро истиот проблем - процес на коренот, кој навистина долготрајно и тешко се лекува. Трендафилке, што се однесува до тоа каде да ја брцнеш иглата за да го извадиш лекот, тоа треба во дупчето од коренскиот канал, ама тоа е тешко изводливо сам да го направиш.
    Е сега, едно решение може да биде - да направиш апикотомија, да се исчисти убаво процесот, да се наполни коренот и притоа да се стави колче на забот, и на тоа колче да се стави навлака. Со апикотомијата најдобро се лекуваат такви долготрајни процеси, а вака убаво ќе се наполни и затвори коренот и со тоа ќе се минимизира секоја шанса да се врати процесот.

    Боа, навистина постои шанса цистата да се повтори, без разлика дали ќе правиш или нема да правиш апикотомија. А мораш да ја правиш за да ја отстраниш цистата. За класичен мост е потребно стружење на два заба, евентуално еден (ако некој се' уште ги прави оние крилни мостови - се стружи само еден заб). Случајот може да се реши и со вадење на забот и ставање на имплант, ама тоа ем што е малку поскапо за наши услови, ем не е 100% сигурно дека ќе биде прифатено како што треба (иако денес се користат биокомпатибилни материјали за изработка на импланти). Исто можеш и ти да направиш како што напишав претходно, апикотомија, плус заб на колче и навлака, ама кога се работи за циста, нема 100% гаранција дека нема да се повтори.
     
    На Trendafilka и BoaVista им се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Анатх претпоставувам дека си стоматолог ама јас ќе те прашам нешто околу орална хирургија ако можеш да ми одговориш.
    Мм има правено мост пред 4 год. е сега се јавува проблем што забот на кој е ставен мост почнува да го боли (еднаш му беше загноен и пиеше антибиотик и хеморал форте и се повлече и од тогаш е ок, ама сега почнува пак да реагира. Примети дека кога направи пауза со Лакалут паста одма му се јави реакција). Се консултираше со стоматолог и му рече дека му е страв да го вади целиот мост затоа што е многу добро залепен и може и забот да се издвади со него. Го сликаше и не покажа ништо и остана да го прати забот, ама еве сега пак почнува да реагира.
    Има солуција да се буши мостот и да се лекува забот и потоа да се бломбира. Чим е бушено и бломбирано со тек на време ќе влезе воздух нели и мостот самиот ќе испадне.
    Колку е паметно да го прави тоа и што да прави? Препорака за некој добар лекар на орална хирургија?
    Ќе го слика забот и каде да се обрати некаде по Ск.?
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Ана ти благодарам, дефинитивно така ќе направам.
    Јсс веќе читав нешто околу процесот, се потсекува фактички над забот (во мојот случај двојката), се чисти од гној, т.е. гангрена, и се затвара со конци.
    Се вадат по 10-тина дена, па потоа оди колчето и навлаката.
    Толку разбрав, во меѓувреме, не смее да се јаде премногу жешко или тврдо, внимателно да се мие тој заб, и можен е оток, кој ќе спласне за неколку денови.

    Јас сум веќе со трет лек на забот, со тоа што не е целосно затворен, немаше шанси да се издржи така, обичен лек на памукче, но не и зацементиран целосно однадвор.
    И да се излечи целосно, тој заб има пломба која често паѓа, па и менува боја, раат не сум и кога е целосно здрав коренот, така што навлака е најдобро решение.
    Само да се молам да испадне лична, зашто е апла напред... :|
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.553
    Допаѓања:
    201.687
    Пол:
    Женски
    Ако е конкретно за забот носач, велиш дека снимката ништо не покажала, но забот не може да гнои и да боли, без да има некој процес. Ако доаѓате на орална хирургија во Скопје, ќе ти пишам ЛП за препорака, а инаку, можеби постои можност да се спаси и забот и мостот - да се направи апикотомија - ова под претпоставка дека постои ограничен процес на коренот кој може да се отстрани и да се спаси забот. И орален хирург нека ја види снимката. Но мостовите обично прават проблеми на забите носачи поради поголемиот товар што го трпат, па најчесто тие заби мора да се вадат. Не знам до кој стадиум е дојдено, ама тоа најдобро може да процени веројатно орален хирург во консултација со протетичар.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Здраво девојки.
    Вака, пред околу 2 недели бев на заболекар ми го умртвија живецот на не знам шестката ваљда горе од лево :?: и еве понекогаш кога јадам или грицкам нешто на таа страна како да ме штрекнува, моментално како струја да ме фаќа, а инаку енмам болка, понекогаш само кога пијам ладно или топло, а докторот ми го умртви живецот и пред некој ден му се јавив да го прашам зошто имам понекогаш пак болка ми рече дека треба време додека се смири болката......колку време е тоа дали некој знае да ми каже? :(
     
  9. new

    new Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Здраво
    Незнам дали е прашањево поставено во вистинска тема но слична тема не најдов.
    Јас сум од друг град на студии во Скопје, и имам заб кој го лечам долго време, но бидејќи не можам да си одам дома на 2-3 дена, проблемот ми се одолговлекува многу долго време.
    Ќе ве замолам да ми препорачате добар заболекар во Скопје(доколу на страната не е дозволено може и во пп.) со кој сте имале позитивно искуство, само ве молам да не бидат заболекарите од Ендомак бидејќи имам негативно искуство со нив. Најважно ми е кај заболекарот да биде чисто и стерилно бидејќи се плашам од инфекции, и тоа е главната причина поради која не сакам да одам кај непроверен заболекар.
    Поздрав
     
  10. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030

    Ема Лазарова, супер е.
    Приватен стоматолог е, ординацијата и е на Водно. Работи со закажување ( of course ) ако сакаш број- кажи ми во лп.
    Адресата е - Димитар Пандилов бр.1
     
  11. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Повторно за единицата. Од време на време ако загризувам повеќе со единицата (барем јас така мислам, а се обидувам да избегнувам бидејќи ми е страв да не го скршам) над забот на непцето ми се појавува мало гнојно ќесе, и често знам да го истиснам бидејќи е површински. Освен тоа, во пределот под носот да стегнам со прст ме боли и од внатрашна страна на местото каде што се спојува непцето со горниот слој од устата ми е потечено (не многу, но чувствувам како да имам од оние памбучињата цилиндрични што се ставаат за време на правење заб) и истото да го притиснам ме боли. Дали има некој дополнителен проблем за да преземам нешто или не.
    Поздрав
     
  12. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    NE SE KOGAS LOSIOT ZDIV IDE OD ZABITE I KRAJNICITE MOZE DA IMAS PROBLEM SO ZELUDNIKOT,ZOSTO NE POJDIS I NE GO ISPITAS ZELUDNIKOT? NA MAZ MI KOGA GO BOLI ZELUDNIKOT NA SABAJLE IMA LOS ZDIV.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.553
    Допаѓања:
    201.687
    Пол:
    Женски

    Имаш процес на коренот на забот дефинитивно, штом чувствуваш притисок кај коренот на носот. Мора да одиш на стоматолог да ти го отворат забот, да се исчисти каналот и да се лекува процесот. Друго решение е апикотомија, зафат со кој се сецнува врвот на коренот и се чисти местото. Најверојатно ќе треба да се прави апикотомија, ама тоа најдобро ќе си види твојот стоматолог.
     
  14. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Неколку пати така ми има потечено, и само првиот пат бев на заболекар и ми рече нешто како инфекција и толку само ќе си поминело. И навистина ми поминува тоа што чувствувам како потечено за недела дена (отприлика), но болката кога ќе притиснам кај коренот од носот е уште откако имав најпрво проблеми со забот. Сепак ме интересира, ако не се направи чистењето на каналот и сл., дали е можно да се направи по време некој дополнителен проблем бидејќи знам забите се тесно поврзани со срцето и општо со здравствената состојба.
     
  15. love-222k

    love-222k Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    31
    ох..помогнете.. мојата 7-ка горе десно
    пред година ипол забот го скршив со мастика :(
    веке неколку дена ме боли и прееска извадив од него месо од забот беше модро(скапано) и имаше лош мирис -.-
    oд време на време ме клука како сат .. утре матичниот не работи бидејќи водици е.
    а до другиден кој ке ги трпи овие болки :/
    пробав со ракија да жуберкам некако да го смирам но тоа помага на 20-30 минути потоа пак истото :(
    некој да ми кажеше спас за болкава?!
     
  16. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    Јас имам ставено порцелански заб(навлака), бидејќи двојката ми се скрши.Ми го умртвија живецот, ми ставија колче и еве веќе 2 години се е во ред, но во последно време забележувам дека тој заб ми е пожолт од другите, а редовно ги мијам забите.Некое решение за ова? :)
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.553
    Допаѓања:
    201.687
    Пол:
    Женски

    Не би требало да има никакви проблеми со здравствената состојба, ни сега, ниту после апикотомијата. Мој совет ти е што побрзо да се направи апикотомија и да се исчисти каналот, за да се среди забот и да не отекува местото повеќе. При тој зафат, задолжително ќе пиеш антибиотици за да не се прошири инфекцијата, бидејќи секој процес е фактички инфекција.

    Забот мора да се лекува, но штом велиш дека ти е скршен подолго време, убаво е да се направи една снимка и да се види состојбата на коренот. Можеби и ќе треба да се вади (се надевам дека не е до таму дојдена работава). За болката единствено може да ти помогне аналгин или кафетин, ама да не ставаш ништо во забот. Ракијата може само накратко да ги смири болките. Што побрзо оди на стоматолог.

    Не би требало да пожолтува ако е добро изработен (глазиран) порцеланот. Ако не е глазиран, можеби прима пигменти од храната па затоа е обоен. А можеби и не е порцелан?!
     
    На Angelceto му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    Не е пожолтен од кога го ставив.Кога го ставив тој заб ми одговараше бојата со другите заби, но со текот на времето другите заби ми побелеа за некоја нијанса,а тој си остана ист како што беше ставен пред 2 години. Дали постои можност да се избели овој заб и да има иста боја како другите?
     
  19. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    1.111
    Пол:
    Женски
    дај помагајте луѓе..пред 5 години имам ставено пломба на двојката лево..и никогаш не сум имала проблеми,но во последно време од надвор се забележува некако пломбата..и вчера одеднаш почувствував голема болка од левата страна горе..али не можев ни да знам од кој заб е болката,оти целата страна ме здоболе,не спиев цела ноќ..и еве денеска не можам ни да јадам,ни со прст да го допрам забот..едвај ги миев,толку што ме боли двојката..иако се плашам многу,мора да одам оти не се издржува..ама не знам ни кај да одам,не сум баш задоволна од претходниот доктор..а башка за двојката не можам да одам кај секого,оти не работат сите исто,а баш напред ми е.. уште утре имам испит,само ова ми требаше.. Ми ја пофалија Ема Лазарова,али многу ми е далеку.. ауу ,ако знаете кажете што да правам,како да ми помине барем за кратко ? :( поздрав
     
  20. moniquee

    moniquee Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Предиот заб одозгоре почнува некако да ми станува жолт,нешто како некоја дамка.Забот не ми е расипан,ни сум пушач на цигари.
    Редовно ги мијам,но нема подобрување ... Имам пробано и со паста за избелување,но без ефект,доколку знаете нешто друго,добродојден е секаков совет.