Annath, дали ова се вика сијалолитијаза? На каков доктор се оди за ова чудо? На заболекар ли? Јас бев на ехо ми кажаа дека имам камења во плунковата жлезда, чаре никакво- само течности да сум пиела. Баш ме нервира оти осеќам како да ме тегне некој за врат, дури и увото ме боли. Одамна лицето веќе не си го осеќам како свое, туку како потечена да сум нон-стоп.
Не, сијалолитијаза е формирање на камен во плунковната жлезда при што може да има оток, болка, воспаление на жлездата. И обично се случува во големите плунковни жлезди. А ова што го спомнав погоре е минливо затворање на отворчето на изводните канали на малите плунковни жлезди, на непцето изгледаат како мали бисерчиња, бели ситни зрнца. Поминува само од себе. Ако имаш камења во жлездата, ако се големи, се вадат оперативно, мали камчиња може да се исфрлат со лачење плунка па затоа се препорачува храна што го стимулира тоа, лимони, бонбони и слично.
@Annath двете единици горе ми се порцелански некогаш осеќам како да ми се клатат бидејќи нонстоп ги допирам со долните заби, додека јадам т.е гризам со нив не осеќам ништо но често пати осеќам како непцето да ми е вжештено btw извадени ми се нервите на двата заба и лекувани ми се… Пред некој ден бев на забар ми ги виде рече дека е се океј. Што мислиш ти? Некој совет нешто да ми кажеш
Може треба чистење и киретажа на непцата околу коронките ако се воспалени. Ако се клатеа коронките, барем едната ќе паднеше (секако, ако се соло коронки). Ако се поврзани, може едната е одлепена, ама ќе видеше стоматологот веројатно.
@Annath зболекарот ми кажа дека имам парадентоза.Како опција ми понуди да ми ги извади забите и да ставам импланти.Ме интересира дали ако се стават навлаки на сите заби би имала пак проблем со забите ???и во меѓувреме што да правам бидејќи ме болат непцата и ми се формираат како гнојни ќеси и ми се отечени непцата.Ти благодарам.
Ќе земеш помека четка и Лакалут паста ( 5 во 1) што е. Инаку, импланти не е баш лесна процедура ама да вадиш здрави заби за вештачки не би се согласила, освен тоа дали и твоето тело ќе го прифати страното тело е знак прашалник.
Прашај го која е гаранцијата дека нема да ги изгубиш забите ако ставиш импланти. Оти реално, на пародонтопатична коска има голем ризик да се стават импланти, бидејќи е прашање дали има доволно коска и дали таа коска ќе ги издржи и ќе ги носи имплантите. Кај парадентоза големи се шансите имплантите, дури и ако се стави вештачка коска за да ги држи, после некое време да се расклатат исто како природните заби поради губитокот на коска. Непцата треба редовно да ги чистиш, забен камен, наслаги, сѐ што има. Ако имаш здрави, нерасклатени заби во добра состојба, не би требало да е тоа проблем за да ставиш класични навлаки, така можеби и подолго би ги задржала забите во уста. За зацврстување на забите и за средување на проблемот со непцата јас давам антибиотик Ровамицин, прво една доза, после некое време уште една доза, во најголем број случаи се успорува парадентозата. Ама мора чистење, џабе ти е да го пиеш антибиотикот ако не ги чистиш забите и непцата. Мека четка, со вертикални движења, плакнење со чај од жалфија во текот на денот, навечер пред спиење со 3% хидроген да плакниш, па со вода (ова со хидрогенот неколку дена, не постојано), може да помогне.
Кога ги ставив порцеланските заби (11 заби се на се) имав невидена болка, не сум спиел колку ми беше тешко и тоа константна болка, искрено да ти кажам имам пиено по 2-3 ефридола секој ден и тоа траеше скоро недела дена... Еве сега веќе скоро пола година од како ги ставив порцеланските заби никаков проблем со нив, јадам и се без проблем. Ама НЕ ПРЕПОРАЧУВАМ воопшто ефридол а не па како јас што го конзумирав, само немав избор тогаш пошто беше неиздржливо и спремен бев на не знам што само да намалам болка.
Поврзани се. И сега ако едната е одлепена како може да се залепи како тоа иде затоа што наскоро заминувам од тука па страв ми е да не имам проблеми а нема да можам да отидам кај мојот забар
Треба двете да излезат за да може да се залепат повторно. Во спротивно никако нема да можеш да ги извадиш, освен со сечење, а тогаш ќе мора нови.
Може, ама може и да стои. Јас искрено не верувам дека се одлепени, оти сигурно ќе приметеше стоматологот, се гледа тоа.
Некој да сподели искуство со вадење на никнати осмици? Ќе ставам протеза па морам да ги вадам осмиците затоа што немам простор. Докторката ми кажа дека ќе биде едноставна процедура затоа што се целосно никнати и не треба операција. Но сепак премногу ми е страв и не можам да се наканам да закажам. Боли многу откако ќе помине дејството од анестезијата? Голем ли ќе биде отокот и отприлика за колку време би се повлекол? @Annath
@Annath во четвртокот амбулантски е извадена горна осмица, но сè уште има константна болка која се смирува само со апче, додека трае дејството е ок но после пак почнува да боли. Нормална ли е болка на петтиот ден?
Не би требало да боли, ниту да има оток ако е едноставна процедурата на вадење. Нема да имаш проблеми ако се ок поставени и целосно излезени, барем генерално искуството е такво. Не би требало, оди да те видат.
Се жалев пред еден месец дека имам бела точка на непцето, ме пушти да правам панорама. Испадна дека имам заб со процес. Од тогаш ми го лечи, еднаш неделно одам. Денес праев пак снимка, уште има процес. Ми рече дека е хронично, дека нема решение само ќе го исполни по два месеци. Чудно ми е да нема решение, не знам како можи заб со процес да остани така, шо е причината и како да се спречи? Ќе барав и второ мислење ама тој почна да го работи, или да менвам матичен? Имам болка на допир, без оток.
Јас вадев, полуникната ми беше осмицата. Вадењето траеше дали една минута, баш се изненадив. Го расклата, го заврти еднаш и толку. Јас, од ко ми помина дејството, воопшто не чувствував болка, ниту имав некаков оток. Не пиев никаково лекарство.
Јас пред 2 години 10 недели лечев заб со процес, 1-2 пати неделно, па после го затвори. Среќа, немам никаков проблем, освен што забот потемни, ама го средивме и тоа пред некој месец. Јас би ти рекол да си побараш второ мислење, кај мене процесот почна поради грешка на друг стоматолог. Болката на допир постоеше и откако го затворивме забот, иако со текот на лечењето постепено се намалуваше, за да конечно пополека и исчезне.