Имам чувствителност и болка во два заба кога јадам благо, меѓутоа кариес нема. Бев на заболекар, направивме панорама, сите заби се во ред, старите пломби ми рекоа дека се исто во ред, чистев забен каменец ајде од тоа да не е случајно... но еве не проаѓа. Дали некој се соочил некогаш со исто нешто? Од што може да биде и како да се реши? Значи ова се случува само со благо и немам друга чувствителност со ладно топло итн.
Некаде на инста наидов на реклама попуст 50% 3.000 ден. За белеење на заби во стоматолошка ординација што значи реално кошта 6.000, кај мојов доктор знам само за забен камен чистење и тоа кошта 900 ден... Сакам избелени заби коската ми е жолта. Да ми разјасни некој
Kako sto znam cena varira od 700 do 1200 zavisi od ordinacija, a so upat od maticen stomatolog vo poliklinika bit pazar e 150 denari pozz
Oral-B Smart 4 definitivno moj predlog najdobra, sega e vo zegin na akcija, vo gate mall imase gi vidov pozz
Совет како да мијам заби со ПРЕсензитивен гаг рефлекс? Секогаш ми било проблем задни заби и делот од кај јазикот да ги исчеткам убаво без да гагнам, башка што имам и голем под на јазикот ми отежнува, ставам ли четка, ќе исповратам Ама последно време како имам проблеми со желудников, (киселини, гадење) едвај можам да четкам таму убаво, одма ме тера на повраќање. Па гледам ми заостанува плак повремено. Електрична? Со помала глава?
@Annath Едно прашање до вас, пошто имате многу професионални одговори. Имам инфламирани непца, и особено непцето околу еден специфичен заб (соедниот заб ми е криво поставен и еднашка чистејки ги забите ја удрив гингивата и од таму почна целата инфекција) го прочистив тартарот, и дентистот ми даде Стоматидин, после 2 недели на контрола немаше подобрување на непцето, и ми даде Лакалут актив, паста и раствор, и ми вика после месец дена на контрола. Да не треба некој топикален антибиотик да се става(или нешто друго) пошто непцето е многу инфламирано, и некако не мислам дека само со лакалут ке се подобри ситуацијата.
Да се исчисти непцето убаво, да се обработи рачно местото, не само камен да се чисти, туку и гингивата. Витамин Ц од 1000мг да се пие барем две недели, 3-4 дена навечер после миење заби и чистење со конец да се исплакне со 3% хидроген, после со обична вода, и чај од жалфија за плакнење во текот на денот. Ама клучно е прво да се обработи џебот убаво, и да се стави дрен по можност со соодветен лек во вид на маст, што ретко ги има кај нас. Може и Генгигел да аплицираш, помага за воспаленија и рани поради хијалуронската киселина што ја содржи.
Фала ви многуу! Исто да ве прашам од Стоматидинот ми се имаат пигментирано малку забите, и прочитав дека тоа кај некои луѓе се изразува само, од продукти кои имаат состојка : chlorhexedine digluconate. Оваа ја има и во пастата лакалут актив. Доколку приметувам поголема пигментација, што би ми препорачиле продукт кој ја нема ова состојка, и дали тие дамки се перманентни?
Би требало со тек на време да исчезнат тие дамки, во пастите не е толку голема количината на хлорхексидин за да предизвика пигментација, па може слободно да продолжиш со Лакалут, и не би требало повеќе да се појавуваат дамки. За исчезнување на истите, можеби би помогнале пасти со ефект на избелување, ама за жал, еднаш штом ќе се направат такви дамки/флеки, тешко се отстрануваат.
Фала ви уште еднаш, тамам и со жајот од жалфија да исплакнам неколку пати, и забите тамам жолти хаха, ама тоа е нема друго чаре.
Отидов да купам Генгигел, и немало па ми даде Гингивал, ама не нбф туку само гингивал со бело и зелено пакување што е. Дали е до некаде добар како Генгигелот, или слабо?
Од чајот нема пребојување на забите, секако нема да го вриеш долго и да оставиш тревката да стои во водата. Гингивалот не е лош, ама генгигел е поефикасен (и поскап, за жал).
Денес извадив шеска и непцето ми е тврдо и отечено. Дали е нормално тоа и само по себе ќе помине или треба антибиотик?
Во понеделникот кога станав од спиење, ми беше отечено непцето на горната вилица лево позади 7та и 6та. Ми беше многу подуено и беше како топка. Се напив за болка и ми помина но утредента кога станав пак ме болеше. Неможев на забно да одам поради тоа што сум во Скопје а живеам во друг град и имам испити и неможам да си одам,дури во петок. Му пратив слики и снимки на заболекарот, тој ми рече дека можно е да станува збор за гингивитис и како превентива додека да си дојдам да пијам антибиотик клиндамицин и ибупрофен по потреба. Првиот ден кога го испив апчето имав многу многу јаки болки во непцето и страшен притисок од што беше подуено. Неможев ни да ја затворам убаво вилицата од топчето, неможев ни да јадам.Се напив ибупрофен ми помина после два саати. Следниот ден исто , само што забележав бела точка кај подуеното. Го стиснав многу малку и почна да тече гној. Толку многу ми олесна, кожинка ми висеше од што беше два дена толку подуено. Се плакнев со вода, неколку пати се миев со паста и ми помина ни болка чувствував ни ништо. Заболекарот ми кажа да продолжам со терапијата и да одам во петок на контрола. Заборавив да напоменам,јас немав претходно никакви болки во забите кај што ми се поду непцето и сега немам. Си купив бетадине и еднаш си ижбуркав заради гнојот што истече како светло жолта боја. Веќе два дена немам топче,многу мало е ама откако ке го испијам клинамицинот се појавува, и после некое време само ми пука топчето. Приметив дека имам како ситни топчиња или папули подигнати мали на јазикот ама кај делот пред грлото. Немам никаква болка само се загрижив. Дали е можно да е иритиран па тоа да се појави или нормално е?
Здраво сакам да прашам дали му се има на некој случено после пломба да осеќа нелагодност, ја го плпмбирав еден одвата ќеца напред осеќам дека меѓу двата ќеца има нешто како заглавено нешто што треба да се отстрани, и долу на крајот од забот осеќам како ме гребе нешто немазна површина од што може да е тоа така ви благодарам однапред
Дали на некој му се има случено после пломбиран заб да не одеќа дека му е многу мазен или да треба да се навикнува на тоа да ти оди све јазикот таму да мислиш дека нешто не е во ред