Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со устата и забите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од kristii, 22 април 2010.

  1. Tasija21

    Tasija21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2019
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Здраво пред да одам на заболекар, пред една година ставив мост имам 2 носачи бидејќи ми фалат 2 заба, во последно време не го осеќам добро, дали може носачот да се расипе и ако е можно што потоа? Млада сум и ова ми представува голем проблем.
     
  2. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Ми се случувало и порано и едноставно чекам да помине, ама овојпат си реков да прашам некој да не има некој предлог за да си олеснам: чувствувам потекување/болка при касање/особено при миење заби на непцето зад предните заби (кецовите) горе (како на сликата). Дали можам некако да си олеснам да ми помине побрзо или само чекање е решението?
    upload_2023-2-25_23-17-36.png
     
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.892
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со чистачите за заби со вода? Water flosser ги викаат, не знам како поубаво да преведам. Дали вреди да дадам толку пари?
    Исто така препорачајте ми ако сте користеле.
    Веќе некое време се мислев да нарачам и почнаа реклами да ми излегуваат на инстаграм од овој чистач ама некако се двоумам пошто најевтиниот е 9000.
    Screenshot_20230227_220213_Instagram.jpg
     
  4. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    14.448
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20230227_223059_Chrome.jpg
     
  5. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    @Annath Те молам за консултација.
    Ставав 12 коронки од цирконија, уште на почетокот докторката направи грешка со тоа што не ми направи рендген снимка. Секој втор ден чувствувам јака главоболка која како да доаѓа од болка од различни заби.
    Иако ги мијам забите секое сабајле имаат чуден мирис, а и кај што ми фалеше забче кога ќе допрам со јазикот чувствувам како да ме грепка и дека местото се полни со плунка, ако притиснам на тоа место излегуваат меурчиња.
    Би ми значело ако ми пишеш твое мислење што да правам, посебно за главоболката која е прејака, од неа ми се јавува и гадење.
    Исто имам и проблеми со изговор на некои букви Ц,С што дополнително ме нервира..
    Коронките ми се ставени пред месец дена.
    Ти благодарам однапред.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.592
    Допаѓања:
    201.856
    Пол:
    Женски
    Ако ти се појавиле главоболките после ставањето на коронките, може да се од нив, ако вршат притисок на забите, т.е ако не се добро упасувани.
    Чудно е да не се направи снимка пред да се почне со било каква посложена процедура, ама биднало, нема назад.
    Дали се привремено или трајно цементирани?
    Направи снимка, да видиш да не има некој проблем со забите.
    Оди кај што си ги ставала, да направат реоклузија, односно да се види да не има некои места кои порано доаѓаат во контакт со спротивните заби, да се тргнат тие места/точки, да се олабави загризот. Најверојатно е тоа проблем, ќе попуштат и болките во забите. Па потоа ќе се види како е, дали има некој друг проблем. За изговорот на гласовите причина може да е големината и формата на забите. Тука не може многу да се смени во оваа фаза.
     
  7. bile454

    bile454 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    33
    Вака, имам мостови и горе и доле, и обично на 4-5 месеци идам да ми ги чистат и пескарат со ултразвук зашто се собира храна со тек на време и покрај тоа што јас стално ги четкам со Курапрокс ултра софт четка, Лакалут паста, плакнам со хидроген и Листерин и на крај Генгигел.

    Е сега при чистењето со ултразвук знаат непцата понекогаш малку да прокрварат али само тогаш и толку.
    А завчера кога бев, забарот ми рече малку биле воспалени и почнав да пијам Ровамицин, и вчера кога се пробудив сабајлето почнав да плукам парчиња засирена крв и уште ми течеше, кога дојдов кај забарот ми престана он ми рече да не сум паничела да го пијам антибиотикот и толку. Вчера си јадев најнормално цел ден без никаков проблем, и пред спиење ги исчеткав нежно пред да си легнам, исплакнав, ставив гел, никому ништо.
    Денеска, станав, седнав да јадам да не го пијам антибиотикот на гладно, и самошто почнав да жвакам почна пак да ми тече многу крв, едвај една кришка со паштета изедов пошто лебот све со крв ми се праеше како што јадев, не знам вака олку никогаш не ми крвареле, му се јавив на забарот ми рече пак да не сум паничела да си го пијам антибиотикот и толку ќе сме се слушнеле од понеделник кога ќе сум го испила...не знам што да правам....а да, завчера ме болеше и глава се напив еден Аналгин не знам дали и тоа има некаква врска
     
  8. Babygirl1234

    Babygirl1234 Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, во горниот дел на горната усна до непцето имам нешто слично на афта но сигурна сум дека не е афта. Ептен ме болеше неколку дена не можев уста да отворам сеа болката се намали ама жолтеникаво ми е од страна и на местото е бело ептен. Глава почна да ме боли и грлото од иста страна. Прскам проафтол помага малце но ми е страв да не се прошири, пошто до сега не беше вака денес забаележав дека црвенилото и жолтеникавово до забиве ми стигна? Чаре или ќе помине само од себе?
     
  9. GirlWithACat

    GirlWithACat Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Здраво, да прашам ако некој е имал ваков проблем и како го е решил, немам проблеми со забите здрави се ретко се расипуваат немам вадено ни заб до сега и ретко поправано, проблемот ми е непцето црвено е крвари и почна да се одлепува од забите примав антибиотици и чистев забен камен но траеше 6 месеци и пак истата песна, може ли да се залепат некако, што може да се направи?
     
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    13.600
    Пол:
    Женски
    Професионално чистење се препорачува да се прави на 6мес до една година. Најверојатно создаваш многу забен камен и кога ќе се насобере ти го воспалува непцето, чим ти било подобро после чистењето. Ако е само непцето воспалено, се ќе помине после чистење и со добра хигиена. Ако коската е оштетена, нема корекција на тоа, само да се одржува да не се оштетува повеќе зошто доведува до парадентоза.
     
    На GirlWithACat му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ginluvr

    ginluvr Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    16
    Едно прашање така малце глупичко ама многу ги премислувам работите. Ваѓав умник сега брзо и сега имам конци меѓутоа бев (државно) кај орален хирург во Охрид, но ќе мора да се враќам Скопје побрзо од тоа што мислев, па дали мора конците да се вадат во истата ординација каде што сум била претходно или може на друго место (државно нормално како Козле) да се извадат?
     
  12. FedoraFedora

    FedoraFedora Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Znam deka e star postot, kako go resi problemot so zglobovite na vikicata I mene mnogu me bolat I kako izmesten da e edniot koga jadam mi pravi problemi
     
    На АндрејМ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Имам отворен заб, скршен, веќе подолг период страв ми е многу од вадење, имам некоја фобија. Колку е ризично што до сега подолг период го држам отворен? Ке закажам секако неделава и на лекар.
     
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Правев заби пред цели месец дена, малку ми беа покварени кец, тројка и четворка, ништо страшно. Но, еве веќе после толку време се уште ми се осетливи забите, ме боли кога вдишувам воздух, пијам вода и на момент кога гризнувам. Не е некоја остра болка, но дефинитивно смета. Пред да ги правам воопшто не болеа. Ми утнал нешто заболекарот?
     
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Мене почна вака да ми е после секое поправање на заб. Сменив заболекар пошто ме маваше на психа дека нешто не е направено како што треба, и еве пак истото ми се случува, осеќам болка при џвакање нешто потврдо со месеци. Кога го поправав последниот заб (подлабок кариес), забарката ми рече да го замислам како рана, траума на забот и можеби ќе му треба некое време за да престанам да чувствувам така. На претходниот заб со подлабок кариес му требаше над 1 година за да прекине да ме боли.. Ме мава пак на психа, особено кога читам на интернет дека не би требало долго време да те боли забот после поправка, ама се трудам to trust the process :?:.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.892
    Пол:
    Женски
    @Srckata28 истото ми се има случено, ми правеше пломба заболекар и јас месеци после тоа чувстував како да ми дише пломбата, како да не е убаво залепена и како да струи воздух. Не знам на друг начин како да опишам. Болка после пломба сум немала ама ете членката над мене остави убаво мислење конкретно за болка, за тоа не би можела да дадам совет.
    Е сега, ти знаеш како ќе постапиш, разговарај до заболекарот или отиди уште одма кај друг бидејќи на мене на крај ми пукна пломбата што ја осеќав како да дише, како да крцка, и тоа пукна само после 4 месеци, така нешто. Рачунај имам стари пломби што освен малце што се обоени ниту ме болеле ниту пак се случило досега да ми пукне. На истиот заб имав стара пломба која што мораше да се смени заради операција на циста така да дефинитивно не е до забот или до позицијата (преден заб) туку не ми ја направи убаво пломбата и имав неубаво чувство со месеци.
    Така да, ако се сомневаш во заболекарот, отиди си еднаш кај друг за да видиш разлика, не мораш да се водиш по мојот пример само сакав да ти кажам дека понекогаш се дешава да згрешат и тоа е, треба да смениш. Новиот забар ми ја пломбираше пукнатата пломба и ми се среди, значи можело да се залепи поубаво и да не дише воопшто.
    Исто така, ако користиш електрична четка земи си некоја со меки влакна периодов за да можеш да контролираш со колкав притисок ќе ги четкаш забите.
     
    На pdb123 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.592
    Допаѓања:
    201.856
    Пол:
    Женски
    Има некои точки на пломбите кои доаѓаат во предвремен контакт со спротивните заби кога јадеш или ноќе, или па општо при некои движења на вилиците. Ти може не ги осеќаш кога мируваш, ама ги има. Оди кај што ги правеше да ти корегираат загриз.
    Нема врска со рана на забот или дека со тек на време ќе престане да боли. Можеби ќе престане, ама забот ќе трпи траума и ќе изреагира на таа траума порано или подоцна.
     
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Јас носам протези и моментално ластици за загриз. Можно е како ми се менува загризот од ластиците постепено да ми засметува и пломбата?

    Јас тоа навистина не го осеќам, но еве пред малку јадев и како загризав на правен заб баш ме здоболе, како да ми е внатре во забот, но може и грешам.

    Фала на одговорот инаку.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.592
    Допаѓања:
    201.856
    Пол:
    Женски
    Можно е. Затоа треба корекција на загризот, особено ако има пломби на тие места каде што осеќаш болка, треба да се коригира. И здрави заби може да пројават такви точки на предвремен контакт од различни причини, и здрави заби сум стругала/нивелирала за да коригирам оклузија.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. АндрејМ

    АндрејМ Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Се надевам дека темава е добро место за луѓе коишто можеби бараат решение доколку имаат проблем со виличните зглобови.

    Чувствувам дека ми е морална одговорност да ги предупредам сите коишто имаат ваков проблем НИКАКО да не одат во ДентаЕС во Кисела Вода кај др. Елена Василевска Ѓеоргиева. Да го раскажам моето искуство.

    Во ДентаЕс дојдов поради проблем со десниот виличен зглоб. При отварање зглобот "прескокнуваше" и пукаше при нагло отварање. Имав огромни главоболки, болки во ушите и позади носот и трнење во рацете. Дојдов кај д-р. Елена и ми дијагностицираше дисфункција со редукција на дискот во зглобот. Почнав третман со вежби со пластични стапчиња и воден сплинт Аквалајзер после коишто движењето на зглобот значително се подобри. После тоа ми зема отпечатоци од новата позиција на вилицата (со прилично произволно мрдање на вилицата од нејзина страна) и по неколку дена ми беше даден тврд сплинт и со него ми беше направено мерење на џвакалните мускули и движењето на вилицата (електромиографија и кондилографија). После првата ноќ на носење на сплинтот, утредента се разбудив првпат после неколку месеци без главоболки. Но тоа траеше само 4-5 дена. Следните 4 месеци следеше хорор и агонија. Во следните 4 месеци и после неколку последователни состружувања на сплинтот, состојбата не само што не се подобри, туку и се влоши. Имав огромни главоболки, болки во слепоочниците, болки во образите, болка во носот, болки при џвакање храна, болка во двата вилични зглоба што ја немаше претходно и неколку пати неделно ненадејно зуење во ушите, коешто беше застрашувачко. Исто така станав чувствителен на пискави, високофреквентни звуци. Секој ден се будев со огромни болки, квалитетот на живот ми се сведе на нула, станав зомби. Почнав да пијам диазепами и хелекси за барем малку да си ја смирам болката. Очигледно нешто не беше во ред со сплинтот.

    За тие 4 месеци докторката Елена ниту еднаш не ја видов, ниту најде за сходно лично да ме прегледа, секогаш ме препушташе на помладите доктори. На еден преглед беше присутна во ординацијата на само 3 метри од мене во другата соба, но реши да го користи помладиот доктор како курир и преку него да ми даде инструкции да правам пак вежби со стапчиња, што немаше никаков смисол. После 4 месеци конечно ја видов пак, за да заклучи дека умниците почнале да ми излегуваат и тие го направиле целиот проблем и уште неколку други работи. Можеби доколку ме прегледуваше регуларно, ќе го забележеше проблемот навреме и ќе ја спречеше болката. Исто така во третманот за којшто платив влегуваше контролна електромиографија и кондилографија, коишто не ми ги направија иако им побарав. Никогаш повеќе не се вратив таму!

    Краен резултат: кликањето, прескокнувањето престанаа, вилицата сега се движи глатко, болката во ушите престана, но останав со болка во слепоочниците, образите и позади носот веќе цела година, секој ден. Дури после една година успеав малку да ја смирам состојбата со користење ласер и со носење функционален апарат од друг ортодонт.

    Докторката во мојот случај покажа тотална негрижа за мене како пациент и ми создаде дополнителни проблеми коишто бев принуден да ги решавам на друго место. Хроничната болка со месеци драстично ми го намали квалитетот на живот и ме доведе во состојба на тешка депресија. Уште еднаш, ИЗБЕГНУВАЈТЕ ја оваа докторка. Одете си на клиника, ги имаат сите методологии да се справат со овој проблем.